Горан Пандев основа Академија

TheGeneral

Арогантно копиле
Член од
17 јануари 2008
Мислења
1.212
Поени од реакции
583
Фудбалската ѕвезда Горан Пандев, основа Академија за млади фудбалери во Струмица. Школата за млади фудбалери со која ќе раководи неговиот тренер од “Беласица“ Илија Матеничаров, ќе го носи името Академија “Пандев“, а првата генерација 1997/98 се млади фудбалери со кои работи тренерот Ице Панов, и кои досега имат покажано одлични резултати на домашни и меѓународни натпревари. На вечерашната средба со родителите на првата генерација од 30 деца, што се одржа во хотелот “Сириус“ во Струмица, раководниот тим на Академијата “Пандев“ во состав: Горан Пандев - основач, Илија Матеничаров – директор на Академијата, Југослав Тренчевски – координатор, Томе Николов Лац – технички секретар, Ице Панов – тренер и Томе Пандев – тренер на голмани, го презентираа начинот на функционирање на школата за млади фудбалери. Горан Пандев со оваа Академија сака да воведе нова концепција, ново сфаќање на играта, да ја зголеми самодовербата кај младите талентирани деца кон спортот и фудбалот и заедно со својот поранешен тренер Илија Матеничаров и тренерот на првата генерација во Академијата, Ице Панов, да воведе препознатлива игра, да воспостави Европска фудбалска школа од која ќе излезат врвни фудбалери кои ќе го следат неговиот пат.
Финансиските трошоци на Академијата “Пандев“ целосно ќе ги покрива Горан Пандев, без било какво учество на децата и родителите.
По 15-ти јули Академијата “Пандев“ ќе започне и со упис на нови деца од генерацијата 1999, 2000, 2001, 2002, 2003 и 2004 година.

tumblr_kvq51h5v4o1qz7il6o1_400.jpg

Со оглед на тоа дека фудбалот во Македонија е на многу ниско ниво, редно беше некој професионалец да започне таква работа, барем за најмладите. Искрено, би сакал во наредните години да гледам како Пандев им помага на младите фудбалер да одат на проби во странски клубови (на пр. некаде во Италија) со цел да се докажат и да почнат да градат кариера. Тоа е тоа што му треба на македонскиот фудбал. Попрецизно, тоа е тоа што му треба на струмичкиот фудбал! Секоја чест на Гочето, нека му се развива Академијата и од таму да излегуваат големи фудбалери. Јас сум многу среќен заради тоа! :)
 
Член од
2 јуни 2010
Мислења
42
Поени од реакции
8
Секоја чест за оваа одлука на Пандев :aplauz:и да се надеваме дека ке излезат добри фудбалери репрезентативци од оваа академија
 

_The Great_

Il Genio
Член од
18 јуни 2008
Мислења
5.955
Поени од реакции
3.318
И на крај ќе се појават некои дегени ко во темата што е за Горан Пандев и ќе викаат како ептен му правеле чест во Македонија, како тој бил повеќе привилегиран од останатите фудбалери, како тоа Пандев не постигнал нешто многу значајно. Епа еве што го издвојува Горан Пандев од останатите репрезентативци, од целата мафијашка фудбалска федерација на Македонија, секоја чест за него.
Браво Il Macedone :)
 
Член од
30 мај 2010
Мислења
131
Поени од реакции
3
не сум баш по фудбалот ама браво шо сепак пандев мисли и на македонија и инвестира во младите
 

Kostic

Sadio smokve oko Tadz Mahala
Член од
31 јули 2009
Мислења
9.856
Поени од реакции
5.610
Браво Пандев,само од тебе можевме да очекуваме нешто вакво.Да се надеваме дека од таа академија ќе израснат големи фудбалери и би ја однеле Македонија на големо натпреварување...
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Браво шампиону браво !!
Секоја чест за ова на големиот Горан Пандев.
Кај е сеа боби џерманецот да каже како Пандев е мрсул и не направил ништо за нашава земја,а сите го величиме....

Браво Кунг фу Пандев !!
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Секоја чест за Пандев......браво.....
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Одличен потег на Пандев!
Со овој потег , максимално се накачува почитта моја кон овој човек првично , а секако го ценам делумно како играч само кога глуми како цела италијанска репрезентација ме иритира!
На овој потег треба да се огледаат сите други македонци и да пробаат сите да сторат нешто повеќе за фудбалот!
 

Кралот Марко

Не прилепчанецот, ами Јас
Член од
6 ноември 2008
Мислења
3.969
Поени од реакции
278
Браво за Пандев! Обврска плус на задолжените во таа академија да го работат она за што е и формирана академијата и да откриваат таленти, а не по некое време да почнат да прават математики и да ја уништат оваа добра идеја на Пандев.
 
F

FilipMacedon

Гостин
Тоа што требаше одамна да го направи Панчев,го направи Пандев,браво
 

DracevoTheCity

Чиста Македонија !
Член од
7 ноември 2008
Мислења
8.650
Поени од реакции
9.855
Уште еднаш се покажува кој е Пандев и што значи за Македонија.....
БРАВО за него !
 

Ивица ЈМК

Forza Juve Per Sempre!!!!
Член од
28 март 2010
Мислења
1.399
Поени од реакции
270
Не ми го споредујте пандев со панчев.панчев џабе има златна копачка коа на малиот прст не може да му се фати на пандев.Само да не дозволи пандев некои кретени подоцна во академијата да гледаат профит само од тоа.Браво за потегов.:smir:
 

^Exotic^

Wanderstruck
Член од
25 ноември 2007
Мислења
5.969
Поени од реакции
1.059
Секоја чест на Пандев за овој потег зашто одамна и требаше на Македонија вакво нешто. Смачено ми е од фудбалски школи кои само пробуваат да профитираат од децата, да ги искористат максимално и нив и родителите и на крај да ги остават на цедило зашто детето на маалскиот доктор иако нема поим како се игра фудбал станува професионалец. Му посакувам среќа на Пандев со академијата и единствено нешто што треба да направи е да држи се под конец, да не остави никој од менаџерскиот штаб да прави далавери и да уништува таленти заради свој личен профит.
 
Член од
27 април 2009
Мислења
2.482
Поени од реакции
1.669
И на крај ќе се појават некои дегени ко во темата што е за Горан Пандев и ќе викаат како ептен му правеле чест во Македонија, како тој бил повеќе привилегиран од останатите фудбалери, како тоа Пандев не постигнал нешто многу значајно. Епа еве што го издвојува Горан Пандев од останатите репрезентативци, од целата мафијашка фудбалска федерација на Македонија, секоја чест за него.
Браво Il Macedone :)
Незнам дали ти текнува ко еден шо викаше овде, на форумов, дека тој за Македонија појќе придонесува од Горан Пандев... Абе урнебес! :pos:

Браво за Горан...
 

spaso

Discover the ultimate in relaxed romance with the
Член од
5 септември 2008
Мислења
2.746
Поени од реакции
779
Prekrasno nesto e ova sto go citam ovdeka samo daj boze da uspee 100 % proektov.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom