Јагма меѓу Горанците за бугарски пасоши
Во Косово е основана бугарска национална заедница, која е регистрирана кај УНМИК, а нејзини припадници се граѓани од Средачка Жупа и од Гора на Шар Планина, пренесе МИА.
Општинскиот координатор во Драгаш, Зеќир Зарупи, изјави дека пред два месеца граѓаните на Гора почнале да поднесуваат барања за добивање бугарско државјанство. Според сознанијата на Зарупи, бугарски пасоши побарале околу 200 Горанци.
Зарупи изјави дека основен мотив на Горанците за оваа постапка е непречено движење во земјите од Западна Европа. Тој вели дека луѓето што се заинтересирани за добивање бугарско државјанство земаат уверение од граѓанската иницијатива „Гора“ и со потврдата дека се Горанци одат во Софија, каде што поднесуваат барање за издавање бугарски пасоши.
Шефот на бугарската канцеларија во Приштина Николај Колев изјави за косовските медиуми дека повеќе пати разговарал со претставниците на граѓанската иницијатива „Гора“, но никогаш за нивното добивање бугарско државјанство.
Зарупи, пак, изјави дека Горанците не се единствени што бараат бугарско државјанство.
„Голем број муслимани од Средачка Жупа, исто така, поднеле барање и формирале таканаречено Културно-просветно здружение на исламизирани Бугари на Косово“, изјавил Зарупи.
Шефот на бугарската канцеларија во Приштина потврди дека во Средачка Жупа е формирано културно-просветно здружение „Бугари-Мухамедани“.
Колев додаде дека Бугарија не учествувала во тоа.
Весник Време
Toa e по темата, Сердарот, не бриши Jaсно е дека мегу Горанците има и такви кои се изjaснуват како Бугари