Горанци, Торбеши = еден ист род

H

Hip.Hop_MKD

Гостин
Овој Горанец87 треба да се лечи, видете му коментарите овде:
http://www.youtube.com/watch?v=hVwPaMd1Uxg&lc=asX9J7Te-E1VEobyDFwyDgPRrmWIOfTgJAWaFFpS-aA&feature=inbox

http://www.youtube.com/watch?v=dxFWBhiW6SE

AMA AL HAMDULILAH FALLA ALLAHU

гОРАНЦИТЕ СЕ МАКЕДОНЦИ..си има редовни контакти и организации..

тоа што некој исламски фанатик од детиште сере кај стигне ..не менува ништо
Најдобро си го опишал.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
22.374
Поени од реакции
38.903
...Горанците живеат на територијата на областа Гора, која се наоѓа во денешните граници на Косово со 19 села, Албанија со 10 села и во Македонија со 2 села, според статистиките сега на Гора живеат 7.000 Горанци, додека во светски рамки нивниот број се движи до 60.000, а до 13.000 Горанци поседуваат македонско државјанство.

Во Албанија и Македонија, Гораните немаат право официјално да се попишуваат како Горани.

... Горанците кои ги делат од останатите македонски муслимански групи се нивното самонарекување Горанци и нивниот јазик кој го нарекуваат „нашински“, а кој е дел од македонскиот јазик, односно горански дијалект, друга главна одлика е силното влијание на старите христијански обичаи, кои и по неколку века на исламизација ги задржале и не ги заборавиле.

...целиот регион Гора е надостапен и ридско-планински, тука жителите имале тежок и сиромашен живот, па сиромаштија ги натерале на печалбарство, а отсуството на мажите било мета на арнаутските банди, особено на познатото племе Љумани, кое пустошело во регионот на Гора и Полог, па поради нивниот притисок, а и од Отоманците населението постепено почнало да се исламизира, со последна христијанка „Баба Божана“ која починала во 1856 година.

... во почетокот кога сѐ уште биле христијани, Србија ги сметала за Срби, кои зборувале на специфичен српски дијалект, со самата исламизација населението се присилувало да се изјавува како турско или албанско, а во денешно време на територијата на Косово, врз Горанците имало невиден притисок да се албанизира, но и притисок од страна на Бошњаците да се прикажат за Бошњаци.

ГОРАНЦИ.png

... во последните години присутна е и бугарската пропаганда која се труди да ги прикаже како „Бугари“ кои живеат на Косово, но кај Горанците е силен идентитетот и тие полека полека почнуваат да учат на својот мајчин јазик - македонски, кој владата на Косово го призна како јазик на кој ќе се школуваат горанските деца, а постојат и неколку македонски друштва и организации кои се трудат да го задржат населението на тие простори и да ја спречи асимилацијата и иселувањето.

ice_screenshot_20230806-152154.jpeg

... Горанците зборуваат на македонски јазик, односно на горански дијалект кој е сличен со северозападните македонски дијалекти од Долни Полог, поради исламизацијата и обидот да се асимилираат во нивниот јазик има голем број на турцизми.

Села во Гора (Косово) се:
Драгаш (претставува седиште на истоимената општина), Рестелица, Горна Рапча, Долна Рапча, Крушево, Брод, Диканце, Орќуше, Долни Крстец и Горни Крстец (Крстец), Млике, Глобочица, Бачка, Зли поток, , Лјубошта, Радеша, Лештане, Кукаљане, Враниште.

Села во Гора (Албанија) се:
Шиштавец (Шиштејец со остатоци од православни цркви, најдени биле фрески на ѕидови од куќи, а во темелите на куќите биле најдени и икони и посебен примерок на свето писмо- евангелие и тоа со метална ружана корица во облагороден рачно изгравиран метал), Борје, Орешек, Црнелево, Оргоста, Кошаришта, Запот, Пакишта,Ново Село и Очикле.

Села во западен Полог (Македонија) :
Урвич и Јеловјане.





ice_screenshot_20230806-150707.jpeg

... вкупен број на Горанци или нашинци околу 84.000.


...Горанците во Македонија и на Косово пишуавале со кирилично писмо, додека во Албанија на латиница, но Мифтар Аџеми, кој бил трговец од Призрен, а по потекло од селото Долно Љубине, Жупа, измислил своја азбука која ја нарекол „нашиница“ - азбука за „нашенскиот јазик“, со што самиот, како и некои други интелектуалци од Косово, пишувале проза и поезија на горанскиот говор со таа азбука.


...Горанците масовно се иселиле од своите вековни огништа, поради сиромаштијата и постојаниот притисок од Албанците да се асимилираат, а и во Македонија веќе се иселиле и тие две села со Горанци.


... најголем празник на Горанците бил Ѓурѓовден, кога жените од селото уште во раните утрински часови собирајќи гранки од дрвјата со кои после се китат дворовите, куќите и добитокот, а рано наутро се носеле децата на ладните извори замивајќи со ладната вода и триејќи го лицето со насобраните гранки, а прославата пет дена со македонски песни и ора.

... Горанците го славеле и Божиќ, така да готвеле пченка и потоа ја делеле на соседите, се замесувало Божиќен колач во кој се ставала метална паричка и дака се делело помеѓу домашните, па кој ќе ја најде паричката, се сметало дека ќе го следи цела година среќа, со што овој обичај е потполно идентичен со православниот македонски Божиќен обичај.


...накратко за Горанците што ете денес ми беше тема на разгледување како дел од македонскиот народ, што морам да признам многу работи не ми беа познати.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom