Голф 6

krembil0tina

Обзервер!
Член од
4 февруари 2008
Мислења
152
Поени од реакции
6
Официјални слики од новиот GOLF

Според наводите на неколку извори ова се првите службени фотографии на шестата генерација на еден од најпопуларните автомобили во историјата и која својот прв настап го очекува на парискиот авто салон. Веќе на прв поглед ќе дека забележите разликите на надворешниот изглед во однос на моменталниот модел од петта генерација се мали. Поточно се разликуваат само светлата, предните потсетуваат на она Ѕ од Scirocco претставен во Женева, а задните личат на оние од Touareg. Во внатрешноста без големи промени што се однесува до уредувањето на ентериерот, а и тука повторно се видливи некои влијанија од Scirocco посебно на средниот столб на предната арматура.
Моторизацијата на новиот Golf ќе биде прилично широка, кога станува збор и за бензинските и за дизел моторите. Да споменеме дека на купувачите ќе им биде достапен новиот 1,6 литарски TSI мотор со моќ од 200 КЅ, потоа 2,0 литарскиот мотор со турбо сила од 240 КЅ кој ќе ја придвижува GTI верзијата. VW исто така планира во својата понуда да ги воведе и 3 цилиндричните мотори со волумен од 1 и 1, 2 кои благодарение на турбо полначот би развивале моќ од 75 КЅ.
Познатите TDI турбодизели би можеле повторно да се покажат како најпопуларен избор меѓу љубителите на Golf, а на пазарот ќе биде понудена е BlueMotion изведба со оптимизиран менувач и гуми со мал отпор при тркалањето. Исто така, за неколку години можеме да ја очекуваме и пазарната изведба на дизелскиот хибрид на Golf, кој неодамна ја најави една концептна верзија.









 

Martin_GSM

бившиот torrent
Член од
13 април 2006
Мислења
2.076
Поени од реакции
68
убав е како и секој голф
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
761
Поени од реакции
293
Другите марки ова го нарекуваат редизајн а овие нов модел. А основната цена ке биди 16500 евра за 75кс ужас.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Другите марки ова го нарекуваат редизајн а овие нов модел. А основната цена ке биди 16500 евра за 75кс ужас.
Редизајн ти се нови фарови напред и позади....
според оваа логика секое порше е редизајн на оригиналното што го направил др.Фердинанд Порше....
Се што е добро скапо се плаќа...:helou:
 
N

n/a

Гостин
Оскуден на иновации и добра опрема...
како и секој еден од претходниците му.
Гола класика. :toe:
(која што јас никогаш не би ја купил).

Едноставно,на голфот му фали привлечност,посебност,шарм.
 

Torte Mobile

Модератор
Член од
29 ноември 2007
Мислења
7.098
Поени од реакции
1.885
сејм сејм сејм ... треба да сменат нешто на голфот освен фарови и штопови ... класика изглед ... ај донт лајк гољф :nenene:
 
Член од
2 јуни 2007
Мислења
5.704
Поени од реакции
3.266
Оскуден на иновации и добра опрема...
како и секој еден од претходниците му.
Гола класика. :toe:
(која што јас никогаш не би ја купил).

Едноставно,на голфот му фали привлечност,посебност,шарм.
Точно, а болдираното ептен! Наместо Гољф, има многу подобри опции! Па пре би зел Фиат Линеа него Гољф. И навистина мислам дека Линеата е подобар избор.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Едноставно,на голфот му фали привлечност,посебност,шарм.
Па може не е најубавото возило на сите времиња, ма да и тое е дискутабилна работа за вкусови не се збори....у принцип:helou:

Од друга страна вака онака...едно од најпродаваните и најсакани и најуспешни возила на сите времиња....
едноставно нема што да се менува, ако формулата за успешност добро функционира....:helou:
си ја знаат швабите работата....
 
Член од
30 декември 2007
Мислења
761
Поени од реакции
293
Па за уште 500 евра имаш Цивик седан со 1.8 мотор со 140 коња, како и дизајн и квалитет далеку пред голфот.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Па за уште 500 евра имаш Цивик седан со 1.8 мотор со 140 коња, како и дизајн и квалитет далеку пред голфот.
Е да....
особено во делот "механика".....
ма да хондите генерално повеќе ги сакаат помлади возачи....ради изгледот
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Точно, а болдираното ептен! Наместо Гољф, има многу подобри опции! Па пре би зел Фиат Линеа него Гољф. И навистина мислам дека Линеата е подобар избор.
Линеата не...тоа е Гранде Пунто со багажник назад...ама Бравото дефинитивно!
Голфот стана симбол на сељачење благодарение на гастарбајтерите (а богами и „домашните“) кои најчесто им прават „мотика стајлинг“, некој одвратен стајлинг, држат безобразно висока цена како половни, нереално висока цена, а башка...се е тоа иста монотонија од генерација во генерација...
И, дефинитивно, најчеста мета на кражба.
 

Елф

of Northern Mirkwood
Член од
31 јануари 2008
Мислења
1.373
Поени од реакции
147
Линеата не...тоа е Гранде Пунто со багажник назад...ама Бравото дефинитивно!
Голфот стана симбол на сељачење благодарение на гастарбајтерите (а богами и „домашните“) кои најчесто им прават „мотика стајлинг“, некој одвратен стајлинг, држат безобразно висока цена како половни, нереално висока цена, а башка...се е тоа иста монотонија од генерација во генерација...
И, дефинитивно, најчеста мета на кражба.
Кога идеш да купуваш возило гледаш да ти ги исполни сите работи што ги бараш од него и да се вклопи во буџетот што го имаш...тоа ти се вика интилигентен пазар...
а не да "пазиш" кое возило каков имиџ имало и која етничка заедница го преферирала, или социјална група....
цена држат сегде во западна европа....сигурно има зашто...:)
држи дека се мета на кражби...
и бравото е добар избор во секој случај....
 

Струмикс

Еден...не го знаеш!
Член од
9 декември 2005
Мислења
13.811
Поени од реакции
3.343
Кога идеш да купуваш возило гледаш да ти ги исполни сите работи што ги бараш од него и да се вклопи во буџетот што го имаш...тоа ти се вика интилигентен пазар...
а не да "пазиш" кое возило каков имиџ имало и која етничка заедница го преферирала, или социјална група....
цена држат сегде во западна европа....сигурно има зашто...:)
држи дека се мета на кражби...
и бравото е добар избор во секој случај....
Во кој буџет да се вклопи?
75 КС и минимално ниво на опрема за многу пари? (основна верзија)
А имиџот ми е баш битен, треба колата да има душа помалце, и сакам да изгледа убаво.
Освен кај нас на Балканот, никаде не држат цена. затоа што на Балканот останало она дека „германец тоа го направил“, не за друго, и најчесто му се припишуваат нереални квалитети. Голф од првата серија од 700 евра па нагоре? А ако е нафтена печка и 1000 евра????
Затоа и се крадат толку.
 
С

Спенсер

Гостин
гледам за цените на голфовите зборите, сега имам голф 5 (татко ми има де), а пред да го земеме имавме голф 3 1.9тди 1994год, и знаете која цена го продадовме пред 4 месеци?? 4200еур,

а за голф 6-кава, ич не ми прај мерак,(мојот е иста боја), ама баш ич не ми се свиѓа,
 

Kajgana Shop

На врв Bottom