ТУРНИРОТ ВО КОЛОРАДО
Од анонимен партнер на најдобрите светски голфери, Дин Вилсон стана шампион на еден ПГА турнир благодарение на погодокот од околу два метри во плеј-офот. Хаваецот, кој претходно играше во двојки со Аника Соренстам, ја освои првата титула, и тоа на турнирот во Касл Пајнс во Колорадо, победувајќи го во разигрувањето Том Леман, кој се обидуваше да стане првиот капитен на американскиот национален тим што ќе освои еден ПГА турнир, по Џек Никлаус во 1986 година.
"Дури сега се покажа дека играњето со Соренстам било многу позитивно за мене, но и големо искуство. Но, секогаш си велев дека морам да освојам некој турнир за луѓето да ме познаваат по моите успеси, а не по Аника", рече Вилсон, чиј претходен најдобар резултат беше третото место во 2004 година. За победата тој доби чек од 990 илјади долари и е првиот Хаваец што победил на турнир по Дејвид Иши во 1990 година.
За Леман ова беше трет пораз во плеј-оф во исто толку пати, но Американецот идната недела патува во Ирска, каде ќе се обиде да го освои пехарот, првпат по 1999 година.