Не знам како е во Словенија ама во Македонија се е расцветано и Аленчо се има да измрзни...
Славчо Попоски: Балканот пред зимскиот АЛЕН во мај – се очекуваат ниски температури, дожд, снег и бела покривка
Иако веќе влеговме во новиот месец мај сепак на зимата не и се гледа крајот иако зимата календарски заврши веќе одамна, кривец за оваа ситуација е зимскиот АЛЕН, циклон кој на Балканскиот Полуостов од овој викенд како и на почетокот на следната недела повторно ќе донесе зима и врнежи од снег на повисоките места и на план ините како и формирање на нова снежна покривка. Сепак овој пат снежната граница има услови да се спушти дури и на помала надморска височина со што услови за врнежи од снег ќе има и во некои од населените места низ регионот.
Локално пак се очекуваат и поинтензивни атмосферски процеси кој ќе бидат застапени во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења како и со појава на град.
Во Македонија пак истиот циклон АЛЕН исто така ќе не зафати овој викенд и ќе услови нови врнежи од дожд кој локално ќе бидат поинтензивни и проследени со појава на грмежи а ќе започне да дува и јужен ветер кој на почетокот од следната недела ќе го промени правецот во северен со што од север ќе започне да се спушта постуден воздух и токму поради падот на температурите на воздухот врнежите од дожд на планините ќе поминат во врнежи од снег со што се очекува да дојде до формирање и на снежна покривка. Исто така на почетокот од следната недела во голем дел од регионот наутро температурите се очекува да се спуштат и под нулата со што растат условите за појава на утрински мраз.
Локално исто така се очекува да наврне и позначително количество на воден талог кој ширум регионот може да услови и локални поплавувања.
Подготви: Славчо Попоски
https://1tv.mk/popularni/славчо-попоски-балканот-пред-зимскио/