Големи пожари низ светот

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Како што вели насловот, вести за големи пожари низ светот. Моментално актуелни се пожарите во Калифорнија, САД. Еве неколку видеа од пожарите, повеќето се видео документирани во прво лице.






 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
23.361
Поени од реакции
38.335
Треба да се отвори еден подфорум со наслов ХААРП, и во него да се префрлат темиве за земјотреси, пожари, поплави и слични природни катастрофи кои знаеме дека се предизвикани од Харпот.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.033
Поени од реакции
29.391
Tреба и да се банираат вообичаените какачи на форумов, ама ете тоа е тоа...
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.636
Поени од реакции
1.525
И во Галиција и во Португалија има пожари, за жал има и жртви. Мене лично ме погодува пошто тој е регионот каде поминав подолг период и имам доста пријатели таму :( .
 

Harald

King of Norway
Член од
12 јули 2009
Мислења
3.096
Поени од реакции
8.871
За Калифорнија не сум информиран, ама за редовните пожари низ Португалија, ситуацијата е како со Македонија Пат во Февруари - изненадени од снегот.
Голем дел од шумите на земјиште кое се води како приватно земјиште, и чистењето на шумите не е спроведено како што треба. Станува збор за подрачје кое е изложено на сонце низ целата година, а врнежите се минимални, земјата и дрвјата се суви-барут, и најмала искра предизвикува катастрофи. Години наназад експертите си го кажуваат истото, кучињата лаат, караванот врви.
А врвот им беше оваа година со 60+ жртви, каде единствениот пат кој беше за евакуација беше блокиран од полицијата. Најголем дел од загинатите беа во автомибилите кои беа заглавени.

Во сите овие пожари, е многу повеќе човечки фактор (неорганизираност, неспремност итн.) отколку природа.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom