- Член од
- 20 септември 2011
- Мислења
- 8.146
- Поени од реакции
- 8.544
Ужасна трагедија во Турција. Во експлозија за рудник за јаглен во Сома, во западниот дел од државата, загинаа најмалку 282 рудари , додека над сто лица засега се водат како исчезнати. Во последните часови спасени се шест рудари. Спасувачките служби очајнички се обидуваат да пронајдат преживеани лица, но проценките се дека нивната работа се повеќе наликува на операција за извлекување на телата на загинатите. Рударите се наоѓаат на длабочина од 2 километри под земја и цели 4 километри од влезот во рудникот.
Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган најави дека секој аспект на трагедијата ќе биде детално истражен.
-Сведоци бевме на еден од најтрагичните несреќни случаи на работно место во нашата историја. Според сегашните податоци, се збогувавме со 238 работници заради експлозија во рудник во приватна сопственост. Според истите информации, 80 повредени работници се спасени, рече премиерот.
Повеќе од 350 рудари биле спасени. На 80 од нив им биле санирани повредите, кои не било животно загрозувачки. Ердоган изјави дека последната инспекција за работните услови во рудникот била извршена во март 2010 година, кога било проценото дека ги исполнува сите услови за безбедно работење. Турскиот премиер прогласи и тридневна национална жалост за жртвите во рударската несреќа.
-Би сакал да кажам дека болката која ја чувствуваме не е само за нашите браќа кои ги загубија животите. Тоа е наша заедничка болка, болка на 77 милиони жители на Турција, рече Ердоган.
Турскиот министер за енергија, Танер Јилдиз, потврди дека 787 лица биле во рудникот кога електричен дефект ја предизвикал експлозијата. Заради силната детонација, престанале да работат и лифтовите во рудникот, по што голем број рудари не можеле никако да стигнат до површината. Спасувачите со пумпи континуирано внесуваа денеска кислород во рудникот, во обид да им помогнат на лицата кои останале заробени длабоко под земја. Сепак преживеан рудар за последен пат бил пронајден во раните утрински часови.
Според медиумските информации, најголем дел од загинатите, починале како последица на труење со јаглерод моноксид. Членовите на семејствата и роднините на рударите се собраа пред влезот во рудникот, каде со нетрпение очекуваа вести за судбината на своите сакани. За голем дел од нив надежта беше целосно заменета со очај и болка.
-Луѓето кои работеа со мене, едноставно ги снема, тоа ми го скрши срцето и ме растажи. Човечки животи кои толку бргу ги снема.
-Долу имам роднини, деца на мојот тетин и тетка.
-Дали слушнавте нешто за нив?
-За еден од нив. Тој е меѓу жртвите. Уште еден е исчезнат.
По страотната трагедија, јавноста во Турција го поставува прашањето дали катастрофата можела да биде избегната доколку биле преземени сите неопходни безбедносни мерки. Протести се одржале во Истанбул и Аанкара додека повеќе десетици лица своето незадоволство го изразија и пред седиштето на компанијата “Сома холдингс“, во чија сопственост е рудникот каде што се случи трагичниот несреќен случај. Дел од нив ги обоија своите лица со црна боја, во знак на солидарност со рударите, обвинувајќи ги сопствениците дека профитот го ставиле пред животите на своите работници.
Извести Телма
http://telma.com.mk/vesti/turcija-zaginaa-nad-200-rudari