Голготата на dragonsky

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Оваа тема ќе биде потапа од досегашните стории на менаџерите.Барем овој прв пост ќе биде потапа.
Немам намера на долго и широко да опишувам што чуда ми се дешаваа во мојата кариера до сега.Кој ме читал до сега ме читал кој не ништо
На кратко до сега бев менаџер на Челзи и Сити. За тие 5 години со тие 2 екипи вкупно освоив ЛШ,ЕПЛ,Карлинг,Клупско СП.
Претходната сезона завршив 4то место со Тотенхем и по втор пат станав ЕПЛ менаџер на годината (прв пат кога освоив ЕПЛ со Челзи). Иако завршив 4то место Челзи ми се одмазади и освои ЛШ така да оваа сезона настапував во ЛЕ.
Иако бев купен од нов сопственик и имав 90 милиони за трошење оваа сезона беше ептен ептен лоша така да ќе гледам да завшам побрзо. Почнав топло ладно во ЕПЛ.
Во квал. за ЛЕ играв со Шкендија. Групата во ЛЕ лесно ја поминав.
Во карлинг купот стигнав до финалето. Во ЕПЛ варирав меѓу 4то и 7мо место. После згустнат распоред и лоши резултати се оддалечив од 4тотот место.
Крај на годината и почеток на вториот дел од сезоната.
Повторно топло ладно. Во финалето на Лига Купот играв против Јунајтед. Изгубив на пенали иако последниот пенал и победата беше во мои раце. После овој пораз дојде тежок распоред против појаки противници. Поради ова бев отпуштен ненајавено од Тотенхем :(.

Сепак сезоната не беше готова за мене. Покрај тоа што менаџирам клубови неколку години сум и менаџер на Белгија (кој ме читал до сега знае). Се квалификував за СП.
Пред да почне СП гледав да најдам екипа надвор од Англија. Каен ми се изнасмеа. По која логика незнам ....
Аплицирав за менаџер на Бока Јуниорс во Аргентина и ме примија. Новиот предизвик ќе ми биде интересен.

Почнува СП.

Групна Фаза:






Почнува нокаут фаза.

1/8 финале со Словенија. Се сметам за фаворит и одам на победа. Арно ама кога гледам во 1/4 финале ќе играм со победникот од Аргентина/Уругвај. А Аргентина е главен фаворит. Според коеф. за мене огромен успех би требало да се смета и 1/4 финале. Штета а баш сакав да стигнам по далеку на првенствово. Ај барем нема да ме отпуштат како Белгиски менаџер. Ем се квалификував и пројдов групи на СП ем на следното ЕУРО Белгија е домаќин така да сигурен сум за некое време :). Ај сега да продолжиме со 1/8 финале:



1/4 финале против.Главниот фаворит.
Добро се држам. Меси тешко е да се запре ама сепак некако извадивме 0-0 со добра игра.Продолженија:



:vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud: :vozbud:

1/2 финале против актуелниот Европски првак Франција и мојот најголем немезис.
Backstory: На последното ЕУРО што се играше во Франција бев во група со Франција.Водев 1-0. Ми направија пресврт 1-2. Во последни 15 мин се вадев и извадив 2-2. Нерешено со домаќинот.
Во 1/8 финале изгубив од Португалија. На крај кога заврши првенството видов....ФРАНЦИЈА-ЕВРОПСКИ ПРВАК. Истата Франција од која што не изгубив. Штета што изгубив во 1/8 финале. Да не сум изгубил ќе сум стигнал подалеку. Време е за одмазда-одма им барам пријателска.
Во пријателската водам 1-0. Во 92 мин. ми израмнуваат. ОК само пријателска е.
После некое време им барам уште една пријателска. Победувам 2-0. :vozbud:
Имајќи го ова во предвид значи сум подобар од нив и може да играм во финале !
Во 1/4 го поминав главниот фаворит. Мојата нова "татковина" (пошто ќе бидам менаџер на Бока) Аргентина. Франција би требало да биде лесен залак така ? Или сепак...
Почнува мечот. 0-0 на полувреме со моја доминација. Ајде само вака да продолжиме сигурно даваме гол....и ГОООООООЛ 1-0 за нас (Белгија) :vozbud: :vozbud:




РЕЈЏАЊЕ МАСКИМАЛНО.


Време е за мечот за 3то место со Англија.
Водам 1-0.



fliptable.jpg



ЕДИТ: Франција го освои и СП. Двоен шампион станаа.....


И пошто нели тренерот направил многу добра работа заслужува награда:
 
Член од
30 јануари 2011
Мислења
1.264
Поени од реакции
1.079
Фан на Челзи игра со Белгија и Еден Хазард му го промашува последниот пенал за трето место.... која иронија човече :D
:pos:

Затоа па Лукаку му орал секоја утакмица :love:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Баравте под-форум па сега никој не пишува на него.
Ај јас да ви ја раскажам оваа сезона од мојата голгота.
Значи сезоната ја почнувам со Бока Ј. во Аргентинска лига.

Кога гледам лигава им е шпанско село. 2 дела има лигата. Open stage и Closed stage. Појма немам што е разликата ама очигледно само Closed stage се рачуна како титула.Или нешто така.Во секој случај комплицирано.
Најпрвин изиграв неколку пријателски направив некои трансфери и ја почнав сезоната.
За трансферите:Тешка работа.Само Аргентинци и африканци сакаат да дојдат другиве никако.

Кога почна сезонава што да видам.Тоа што ме мачеше во ЕПЛ истото ме среќава и во аргентинсакава лига и тоа во уште полоша форма.
Во ЕПЛ само за боксинг деј имам по 2-3 меча секои 3 дена.
Овдека бувално 2 месеца имав меч на секој 3 дена. Ај во ЕПЛ барем имаа кондиција играчиве.Овдека кондиција тапа така да морав да мењам играчи секој меч.

И така некако после многу мачење заврши првиот дел од сезоната.Завршив втор


Ама ова очигледно нема никаква врска пошто никаде не прочитав дека сум завршил втор и дека Институто станале прваци. Само дознав дека благодарение на друга табела (ете колку е комплицирано) сум се квалификувал за Копа Либертадорес.
Таа табела е годишна табела.Значи за 365 дена сум бил меѓу најдобрите 4 екипи (мислам 3то место) и така се кфаливикував.

Добро ајде нема проблем продолжуваме понатаму.

Следна година почнува Closing stage.
Ептен лошо почнав.
Па башка како распоредот да не ми беше тежок уште и Копа Либертадорес ми дојде како капак.
После неколку топло-ладно мечеви бев околу 5 бода зад првиот ама имаше и екипи што беа 2,3,4 бода зад првиот така да јас бев околу 10то место т.е. нешто под 10то околу 8мо.

Во Копата си газев ама на мејл цело време ми стигаа шпекулации демек пред отпуштање сум бил...

Заврши групната фаза во Копата:

5-0-1 и тоа само 1 пораз во последно коло.

Во 1/8 финале лесно поминав ама сум заборавил да направам скриншот.
Во 1/4 финале ми се падна Сантос и како аутсајдер отпаднав.


На крај во лигата се беше каша попара.
ВО последните 2 кола имав некаква шанса за титула ама потфрлив со нерешено и пораз и така завршив 6то место.
Тоа ми донесе квалификација во Копа Судамерикана (по која табела незнам и не ме интересира)


На крај на сезона решив да си дадам отказ. Премногу ми е комплицирана лигата и башка завржува на 31 Јуни а јас баш следната година имам во тој период ЕП во Белгија и не планирам да се шетам од Белгија во Аргентина :ROFLMAO: на дневна база.
Видов дека Бенфика и Спортинг Лисабон имале отпуштен тренер.
Видов дека Спортинг освоил лига последната сезона и аплицирав.Ми се изнасмеаа (пази ми се изнасмеаа на мене тренер што во кариера има освоено Светско клупско и ЛШ и со Белгија завршив 4ти на СП). Во меѓу време некој го потполнил местото во Бенфика и така ќе чекам др. прилика.
Инаку заборавив да кажам дека во Аргентинскиот куп изгубив во мојот прв настап против Институто кои што тогаш беа незапирливи со 1-0.

Со Белгија изиграв неколку пријателски.
Да ги издвојам мечевите со Аргентина и Англија.
Против Аргентина победив 3-2 а од Англија изгубив 2-0 ама играв со втор тим против нив.

Така да тоа е тоа.

Еве што трансфери имав со Бока.


Лавеци ми беше најдобар стрелец со 22 мислам гола на 39 настапи.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
После неколку месеци не играње на играва поради заебан сејв фајл продолжив каде што застанав.

Ја напуштив Бока за да станам менаџер на Бирмингем каде што завршив 5ти и во Плеј-офот загубив од ЊуКасл (Чемпионшип)
Со Белгија на ЕП во Белгија изгубив во екстра тајм од Германија во 1/4 финале (овој пораз лежи на моја душа како менаџер признавам)

Ако не ме зафркне фајлот ќе гледам да ја апдејтирам темава почесто (доколку има некој што би се интересирал)
--- надополнето: 29 април 2013 во 15:01 ---
Морам да направам апдејт на последново.
ЕП го освои Велс после победата на Турција во финалето. 3-3 па на пенали победиле.
Само во ФМ.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Го интересира некој апдејт?
На почеток на март сум второ место. Купив еден италијанец (не е реген) Џакопо Фери за 2.5милиони што е нешто повеќе од пола од трансфер буџетот што го имав ама и те како се исплатеше до сега 22 гола има дадено во лигата.
Во Лига купот отпаднав после 2 меча исто како и во ФА купот каде што водев 1-0 против Арсенал, напаѓав повеќе ама изгубив 1-2 со 2 гола на некој дебитант кај нив.
Со Белгија во ква. за СП сеуште немам пораз и само 1 нерешено со Швицарска која што има 3 бода и меч помалку.

Ако некого го интересира на крај на сезона пак ќе пишам нешто за сезоната :)
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
И покрај сите повреди, црвени картони на бековите секој втор меч, и покрај лошата економска состојба, и покрај тоа што на крај паднав на трето место и играв плеј-оф успеав да обезбедам промоција во ПЛ.

Подетално подоцна. :vozbud: :vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud::vozbud:
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Значи после сезона која што не започна многу сјајно (првите пар месеца ептен нерешени има и дури првите 6-7 гола бев на 20то место) и после ептен повреди и суспензии кои што и те како се зачестија на крај на сезона успеав преку плеј-офот да се квалификувам за ЕПЛ. Сега ми даде управата 17м. за трансфери па ќе видам што ќе правам,а некои играчи можеби и ќе ги продадам.
Еве и неколку слики:

Истечени договори за 2ца играчи значи дека и ќе се одделам со едни од подобрите играчи во тимот:



(не сакаа да го продолжат договорот)

Конечна табела. Чарлтон го освоија Лига Купот и ќе играат ЛЕ догодина.

Оваа година во финалето на ЛЕ имаше 2 англиски екипи:


А во ЛШ Французите се максимално ојачани и претходните години вака освојуваа титули:


Ако го интересира некој еве им ги тимовите:


А сред сезона ми се појави и ова што појма немам дали е добро или не пошто после ова ми се зголеми буџетот..:cautious:




Иначе многу екипи што не се квалификуваа за ЕПЛ си ги отпуштија тренерите па ова резултираше до отпуштање на Алан Ширер во Њукасл и доаѓање на нов менаџер во Фулам:

Во ПЛ до последна секунда ништо не се знаело:


Инаку претходно што спомнав за Фери. Видов дека уствари сум го зел за 2.7 милиони а буџетот ми беше 4.7 милиони.Затоа пак постигна 28 гола цела сезона.

Ќе видиме што ќе бидне во ЕПЛ, примарна цел ми е опстанок што тешко дека ќе ја исполнам.
 

RickyLFC9

Модератор
Член од
28 март 2012
Мислења
19.565
Поени од реакции
41.147
Еј па добро се држат топ 6 екипиве до 2021. Кај мене тоа време доминираа Фулам, Вест Хем, Сити и Мидлзборо :D
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.893
Поени од реакции
84.261
Еј па добро се држат топ 6 екипиве до 2021. Кај мене тоа време доминираа Фулам, Вест Хем, Сити и Мидлзборо :D
Па како и да не бидат кога на 3 од екипите им бев менаџер :D

Него го купив Заха па деновиве кога ќе ја почнувам сезонава ќе видиме дали ќе обезбедам опстанок :)
 

Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.489
dragonsky тоа што ги продал клубот значи добри финансии за тебе. Но, а дојдеш до повеќе пари направи риквести да клубот изгради нови објекти, така подобро ќе ти се развиваат играчите и младите играчи од школата.
И еден мал хинт, глеј неделната плата да им ја правиш што помала, а премиите за голови, тим на годината, асистенции и што не зголеми ги а ова намали за да се согласат. Помалку финансии ќе идат така.
 

ElNinho

Мадридиста!
Член од
17 јули 2009
Мислења
20.959
Поени од реакции
57.695
^ и тренинг фасилитис се исто битни. Со лоши фасилитис може лесно да ти се повредуваат играчите на тренинг.

п.с. ќе ја искористам темава...

Шо е со Французиве после 2015 на играва човече? Нема сезона а француски тим да не е во финале на ЛШ. :eek:
 
Член од
12 декември 2010
Мислења
9.892
Поени од реакции
10.517
може играва од негде да се симне?
 

Kajgana Shop

На врв Bottom