Годишно обраќање на претседателот Црвенковски во македонското Собрание

Tutkar

Богомил
Член од
6 декември 2005
Мислења
1.967
Поени од реакции
34
Претседателот на Република Македонија Бранко Црвенковски во своето годишно обраќање пред пратениците во македонското Собрание оцени дека 2007 била година во која не се исполнети очекувањата да бидат оставерени клучните стратешки определби - добивање датум за пристапни преговори со ЕУ и исполнување на критериумите и стандардите за добивање покана за членство во Алијансата, за што одговорноста ја лоцира и во власта и во опозицијата.

- Денес, пред самиот крај на годината, мора да констатираме - зацртаните цели не се остварени. На планот на клучните стратешки определби - евро и евро-атлантските интеграции, 2007-ма беше неуспешна година. Она што мене посебно ме загрижува е што причините за ваквите состојби и од страна на Брисел и од страна на земјите членки се посочуваат во сферата каде што со години наназад бевме најсилни и врз основа на што се темелеше позитивната слика за Македонија. Тоа се таканаречените „политички критериуми“, рече претседателот Црвенковски притоа потсетувајќи на, како што рече успехот постигнат по завршувањето на конфликтот во 2001 година, што резултирало со добивање на стаусот земја кандидат.

Тој смета дека поради ваквите политички случувања од меѓународниот фактор се добиваат оценки за „непостоење на континуиран и продуктивен политички дијалог“, „ниско ниво на политичка култура“, или „перманентни политички тензии“.

Решението за надминување на проблемите и надоместување на испуштеното тој го гледа во извршувањето значајни корекции во политиката и во однесувањето, а за тоа во кои насоки да се менуваат, би требало реално, без партиски субјективности и со ладни глави да се согледаат грешките.

Тие, рече Црвенковски, се јавуваат уште во формирањето на Владата со невлегувањето на ДУИ во неа, што предизвикало отпор и неподдржување на владините проекти од страна на оваа партија, како и во погрешно одбраните приоритети на владината политика.

-Ако сите се согласуваме дека овој период е клучниот за остварување на нашите стратешки определби - добивање на поканата за членство во НАТО и добивање на датум за преговори со ЕУ, тогаш тоа мораше соодветно да се преслика и во агендата за работа на Владата и овој Парламент. Ако целите ни се толку значајни и ако времето ни е јасно определено и дефинирано, тогаш требаше целосно да се фокусираме на нивното остварување. Ако како индикатор се земе работата на ова Собрание, каде како највисок законодавен дом завршуваат сите предложени закони, ќе заклучиме дека најмногу време и енергија се потроши околу проекти кои немаат никаква допирна точка ниту со ЕУ и НАТО процесите ниту со економијата. Во исто време, расправата по нив предизвика најмногу тензии и конфронтации и во Собранието, но и пошироко во јавноста, истакна Црвенковски.

Како причина за незадоволителните резултати македонскиот претседател го наведува и како што вели огромниот расчекор меѓу декларативните заложби за важноста на ЕУ и НАТО процесите од една и практичното дејствување и однесување од друга страна.

- Факт е дека клучните политички партии и од власта и од опозицијата, без исклучок, не беа на висина на задачата. Не демонстрираа ниту доволно политичка волја, ниту соодветно ниво на одговорност какви што налагаше важноста на моментот и значајот на проектираните резултати. Сите беа повеќе оптоварени со дневниот рејтинг отколку со исполнувањето на крајната цел. Сите беа повеќе фокусирани кому во јавноста ќе му ја префрлат одговорноста за неуспешната средба или непостигнатиот договор отколку како да се дојде до решението. Долгите и неуспешни преговори и, што е уште полошо, неспроведувањето на она што веќе се договорило, гледано од перспективата на Брисел ја наруши сликата за Македонија и создаде перцепција за недоволен демократски потенцијал и институционален капацитет, истакна во редовното годишно обраќање претседателот Црвенковски.

Тој оцени дека меѓусебни обвинувања на релација власт-опозиција кој е повеќе одговорен за ваквите состојби, често пати прераснува во меѓусебни навреди и дискредитации. - Во парламентарната демократија секој има свој дел од одговорноста. И власта и опозицијата. И за ваквите резултати никој не може да биде амнестиран. Но одговорноста секогаш оди заедно и пропроционално со моќта на одлучувањето. Кој има поголемо влијание при донесувањето на одлуките има и поголема одговорност, рече македонскиот претседател.

Поуките од сите досегашни случувања, како што посочи, може да се сумира во една реченица: подготвеност за компромиси, јасни приоритети и искрена посветеност на процесот. Како позитивен пример го посочи напредокот постигнат на двете последни лидерски средби.

Претседателот Црвенковски во годишното обраќање се осврна и на спорот со Грција за името.

Toj рече дека зо последниве неколку месеци прашањето за разликите околу името се врати во фокусот на вниманието, што според него, се должи на одлуката на грчката влада решавањето на овој повеќегодишен спор да го издигне на ниво на еден од највисоките приоритети на својата надворешна политика.

Република Македонија се наоѓа пред добивање на покана за членство во НАТО, што Грција како членка на Алијансата сака да го искористи за зајакнување на својата преговарачка позиција и постигнување на поповолно решение во спорот за името. Оваа политичка логика, како што напомена Црвенковски, може да ја разбере, но не и да се согласи.

- Не се согласувам затоа што се прави обид еден билатерален проблем да се издигне на ниво на критериум за членство во НАТО, затоа што е во директна спротивност со Времената спогодба од 1995-та година со која Република Грција презеде обврска да не го попречува интегрирањето на Република Македонија во меѓународните организации доколку се користи референцата од ОН и затоа што е во спротивност со принципите на кои што отпочнаа и се водат разговорите во Њујорк - а тоа е без наметнување на решение и без наметнување на рокови, посочи македонскиот претседател.

Македонија, рече Црвенковски, го поздравува зголемениот интерес на Грција да се најде решение за овој проблем бидејќи никој повеќе не би сакал ова прашање да се симне од дневен ред и да се исфрли од употреба анахроната кованица - Поранешна Југословенска Република Македонија.

- Тоа е и причината зошто сме подготвени со позитивна енергија и на конструктивен начин да го интензивираме нашето учество во разговорите со посредништво на Метју Нимиц. Ние не полагаме право на никаков ексклузивитет на поимот Македонија, ниту во историска, ниту во географска смисла, немаме никакви територијални претензии спрема било кој од нашите соседи, ниту имаме, ниту поддржуваме било какви сепаратистички или иредентистички тенденции. Заинтересирани сме да градиме искрени и пријателски односи со Грција. Она на што ние ќе инсистираме и од што не можеме да отстапиме е зачувување на нашето уставно име и за внатрешна и за меѓународна употреба. Тоа е прашање на зачувување на нашиот национален и културен идентитет. Без тој идентитет ниту нам нешто ќе ни значи членството во некоја меѓународна организација, ниту ние како членка ќе и значиме нешто на таа организација, рече шефот на државата.

Тој, како што додаде, не знае и не може да предвиди што ќе направи Грција во април следната година, но знае што треба да направи Македонија.

- Треба да ги исполниме сите услови и критериуми за прием во НАТО, и тоа во најкус можен рок, и на тој начин да го стесниме маневарскиот простор за користење на било какви дополнителни аргументи против нашето членство, рече претседателот Црвенковски.

Во однос на косовското прашање Црвенковски истакна дека Република Македонија го поддржа планот на Марти Ахтисари за идното уредување на Косово во кој беа содржани и одредби со кои се предвидени механизми и рокови за демаркација на северната граница, во делот со Косово.

- Најпосакуваната опција е идниот статус на Косово да биде дефиниран со резолуција на Советот за безбедност на ОН. Доколку не дојде до надминување на сериозните разлики меѓу постојаните членки на Советот за безбедност, оваа варијанта станува невозможна. Република Македонија како земја кандидат за членство во ЕУ и НАТО има обврска да ја следи заеднички зацртаната политика на овие структури, рече Црвенковски, нагласувајќи оти Македонија ниту може, ниту сака да бидеме арбитар околу иднината на Косово.

Тој укажа дека Македонија треба подготвено да се соочи со евентуалните безбедосни ризици во однос на решавањето на косовското прашање.

На крајот од годишното обраќање пред пратениците претседателот Бранко Црвенковски изрази очекување дека со политичко и општествено единство Македонија ќе ги оствари своите стратегиски определби.

- Доколку ги заборавиме меѓусебните кавги и расправии, доколку ги здружиме силите околу главните стратешки определби, околу основните национални и државни интереси, доколку ја поттикнеме и во вистински правец насочиме целокупната општествена енергија, бидете убедени, Македонија ќе стане и посилна и помоќна и во очите на сите други многу поголема. Тогаш и предизвиците многу полесно ќе ги совладаме, а целите многу поуспешно ќе ги реализираме. Не очекува огромна работа. Убеден сум дека како држава имаме и волја и капацитет успешно да ја завршиме, заклучи претседателот Бранко Црвенковски во годишното обраќање.

Во Собранието на Македонија, покрај пратениците, присуствуваа и премиерот Никола Груевски, шефот на дипломатијата Антонио Милошоски, министерот за одбрана Лазар Еленовски, претставници на повеќе државни институции, на дипломатскиот кор и на верските заедници.

извор
 

Мишелинка

расол
Член од
19 мај 2006
Мислења
3.449
Поени од реакции
385
потсетувајќи на, како што рече успехот постигнат по завршувањето на конфликтот во 2001 година, што резултирало со добивање на стаусот земја кандидат.
Јеа рајт, како испушти да спомне кај беше он тогаш и што има со сценариото?

Ние не полагаме право на никаков ексклузивитет на поимот Македонија, ниту во историска, ниту во географска смисла, немаме никакви територијални претензии спрема било кој од нашите соседи, ниту имаме, ниту поддржуваме било какви сепаратистички или иредентистички тенденции. Заинтересирани сме да градиме искрени и пријателски односи со Грција. Она на што ние ќе инсистираме и од што не можеме да отстапиме е зачувување на нашето уставно име и за внатрешна и за меѓународна употреба. Тоа е прашање на зачувување на нашиот национален и културен идентитет. Без тој идентитет ниту нам нешто ќе ни значи членството во некоја меѓународна организација, ниту ние како членка ќе и значиме нешто на таа организација, рече шефот на државата.
Ова доаѓа од човекот кој нема никакво чувство на припадност или бар не кон државава. Го смени знамето, а што се однесува до него и името не би било проблем да се смени, го сјеба фактот што многу земји веќе не признаа па нема да може поради нив да не „прекрсти“ по темелно лижење на некој мрсен грчки (или друг, сеедно) газ и по две добиени шишиња виски, како компензација.

Треба да ги исполниме сите услови и критериуми за прием во НАТО, и тоа во најкус можен рок, и на тој начин да го стесниме маневарскиот простор за користење на било какви дополнителни аргументи против нашето членство, рече претседателот Црвенковски.
Еурека, Претседателе. Ова е едно од помудрите искази годинава. Личен фаворит ми е, впрочем.
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Добро рекоа....портпарол на опозицијата.:toe:
 

Solid

Зона на самракот
Член од
26 август 2007
Мислења
7.172
Поени од реакции
4.132
И цела тема му отворивте бе цццц:nesvest:
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Говорот на претседателот Црвенковски предизвика жестоки критики од владејачките партии. Опозициските го оценија како коректен.

„Ставот на ВМРО-ДПМНЕ во однос на неговиот спорен легитимитет е непроменет, а во однос на пораките и содржината од неговиот говор, сметаме дека народот е доволно зрел за да оцени што тој сакаше да и порача на сопствената земја“, изјави Антонио Милошоски, министер за надворешни работи.

За коалиционите владини партнери НСДП, ДОМ и ДС, говорот на Претседателот бил непримерен за институцијата што тој ја претставувал.

„Не успеа малку да излезе од сопственото клише кое го практикува со години наназад, многу повеќе да кажува кој, што треба да работи, а не слушнав ниту еден збор јас погрешив“, рече Тито Петковски, НСДП.
„Тоа не беше говор на сплотување, туку говор на разделување, говор на опозициски лидер на предизборен митинг“, рече Лилјана Поповска, ДОМ.

„Тој настапи со еден говор којшто апсолутно не е во интерес на нашите стратешки определби и цели. Тој така настапува и кога разговара во Брисел“, рече Павле Трајанов, ДС.

За опозициските СДСМ и ДУИ, во говорот шефот на државата ги посочил вистинските причини за резултатите во 2007 година и приоритетите во 2008-ма.

„Во сите четири обиди што СДСМ ги понуди на ВМРО-ДПМНЕ за излез од кризата, враќање на колосек европскиот договор, првата наша реченица беше дека, свесни сме дека и ние сме дел од одговорноста, тоа сме го кажале неколку пати, но најголемата одговорност во оваа држава ја носи владата на Македонија“, изјави Јани Макрадули, СДСМ.
„И позиција и опозиција може да се најде себе си во оваа експозе и сите треба да го извлечеме тоа што е во интерес на граѓаните на Република Македонија“, изјави Рафиз Алити, ДУИ.

Само мал број на министри, пратеници на ВМРО-ДПМНЕ ги слушнаа пораките на Црвенковски. Партијата на Тачи го бојкотираше.

извор
 

ABC

“градител“
Член од
24 февруари 2005
Мислења
15.696
Поени од реакции
192
A тетка Џилиен си седнала во ложана горе и си гледа сеир велеќи си дека не е можно Соломон Паси на владава да им е советник за НАТО интеграции,мора да е некој друг Бугарин.:)
 
Член од
28 август 2007
Мислења
308
Поени од реакции
8
Б.Ц. нашиот безгрешен ЛУЦИФЕР во Македонија....
 

Serpico

Сковинистратор / I'm Batman
Член од
25 јануари 2007
Мислења
11.166
Поени од реакции
691
Ова како неделно обраќање од Ватикан му доаѓа. На миса кај татица синчиња палавки :pipi:
 
Член од
22 мај 2007
Мислења
558
Поени од реакции
4
Можда имаше говор кој на многу не им се допадна, исто и на мене, зашто критички не се осврна на сопствената работа, али мислам дека не излажа ништи, може тоа што го кажа го боли некого, ама вистината секогаш боли.
 
Член од
9 март 2007
Мислења
323
Поени од реакции
21
lugje, ne treba pretsedatelot da mu kazi na premierot deka ne e sposoben kako i site negovi puleni da ja vodat ovaa drzava, tuku ovoj narod koj se uste im veruva i pokraj toa sto jade kloci postojano!
 

badluckguy

Оган под ѕвездите
Член од
8 октомври 2007
Мислења
2.925
Поени од реакции
131
Оооооооо од трите погорни поста се гледа дека штабовите на СДСМ работат прекувремено:pos2:
Фрчат комплименти за Зен мајсторот.:vozbud::pos2::baeh:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom