Говорете македонски!

мкд владе

arch-enemy
Член од
21 ноември 2009
Мислења
17.765
Поени од реакции
21.161
Исто и јас, на телефон имам само горни наводници на оваа тастатура која сега ја користам. И немам е и и со надреден знак. Ај за нив се снаоѓам некако преку латиничната тастатура, ама наводниците...
Grneralno ne se ni zamaram okolu toa :toe:
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
На тастатура како што рече Злате. Сакам да прашам дали имате проблем со наводниците на Андроид телефон. Јас инсталирав кирилична тастатура и се е нормално освен наводниците (има само горни). Чисто да знам дали кај сите е така или до телефонот е.
Исто е и кај мене, на кириличната има само горни и колку што гледам нема „е“ и „и“ со надреден знак.
Исто и јас, на телефон имам само горни наводници на оваа тастатура која сега ја користам. И немам е и и со надреден знак. Ај за нив се снаоѓам некако преку латиничната тастатура, ама наводниците...
Јас имам инсталирано од плејстор некој плаг-ин за тастатура (или како и да се вика), со него ги има и долните наводници. А за надреден знак само задржуваш на е или и.
Screenshot_2020-03-28-11-18-39.jpg
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.320
Поени од реакции
57.791
Исто е и кај мене, на кириличната има само горни и колку што гледам нема „е“ и „и“ со надреден знак.
Да, ги нема и тие. За „е“ го лажам со латичното.
Автоматски споено мислење:

@INFERNO` најди име на плагинот ако можеш.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.360
Едното работи ама не знам кое :D
За AnySoft плагинот да работи, мора да ја имаш инсталирано AnySoft тастатурата. Ја имав јас порано, ама многу ми е кич, ем со боите ем со тоа што скокаат типките ко ќе ги притиснеш. Другиот ќе го пробам веднаш.
 
Член од
10 октомври 2009
Мислења
2.954
Поени од реакции
1.349
За AnySoft плагинот да работи, мора да ја имаш инсталирано AnySoft тастатурата. Ја имав јас порано, ама многу ми е кич, ем со боите ем со тоа што скокаат типките ко ќе ги притиснеш. Другиот ќе го пробам веднаш.
Го избришав AnySoft, вториот плаг-ин е тоа што ни треба.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Shift + 2 и Shift + 3 на македонска поддршка.
Заборавив да се заблагодарам за помошта - ти благодарам! :) За „ѝ“ скоро научив дека со македонска поддршка преку компјутер се чука на бранчево (tilde), најгоре лево на тастатурата. За „è“ сега прочитав - alt + 0232 од нумеричкиот дел на тастатурата. (Треба да се внесе и нокт од првородено машко исечен на млада месечина).
 
Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.715
Поени од реакции
33.360
Заборавив да се заблагодарам за помошта - ти благодарам! :) За „ѝ“ скоро научив дека со македонска поддршка преку компјутер се чука на бранчево (tilde), најгоре лево на тастатурата. За „è“ сега прочитав - alt + 0232 од нумеричкиот дел на тастатурата. (Треба да се внесе и нокт од првородено машко исечен на млада месечина).
Јас го имам и ѐ на Lenovo-во. Има копче помеѓу Z и Shift. Таму се ѐ и Ѐ.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Имам приметено дека често се случува особено новинарите кога употребат членувана форма од на пример „петмина“, да пишат „петмината“ наместо исправното „петтемина“. Се членува бројот, а не наставката „-мина“.
 

Natan 3.0

Bitch Божји
Член од
17 февруари 2019
Мислења
1.598
Поени од реакции
5.064
Исто што ми паднало во очи како пропуст на новинарите по медиумиве е непознавањето и непочитувањето на нашите падежни форми - наместо „нам“ говорат „на нас“, „нему“ - „на него“, „ним“ - „на нив“, „кому“ - „на кого“ и слично.

Јас знам неколку падежни форми во нашиот јазик.

Номинативна т.е. неутрална форма - тој/таа/тоа - одговара на пашањето „кој?“

Генитивна форма - негов/нејзин/негово - одговара на прашањето „чиј?“

Дативна форма - нему (му)/нејзе (ѝ)/нему (му) - одговара на прашањето „кому (му)?“

Акузативна форма - него (го)/неа (ја)/него (го) - ---II--- „кого (го)?“

Вокативна, инструментална и императивна (заповедна) форма - професоре/пофесору, со професорот и професоре!/професору!

Учтива форма или персирање на индивидуа се пишува со големо „в“ - Вие, Вам, Вашето и сл., а обраќање кон повеќемина со мало „в“ - вие, вам, вашето и сл.

Еден семестар само учевме македонски јазик, граматика и правопис на факултет, па овие нешта ги апсолвиравме, а притоа не сум ни лингвист. Нешто читав пред неколку месеци за воведување на задолжително изучување на нашиот јазик на сите факултети, тоа е неопходност.
 

Matthias

A Statute Snob
Член од
2 март 2020
Мислења
380
Поени од реакции
2.305
читам/слушам изјави од новинари а и поединци го користат зборот протестанти а не демонстранти.
Протестанти е религија а не збор за демонстранти. Или јас сум во заблуда?
 

Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
читам/слушам изјави од новинари а и поединци го користат зборот протестанти а не демонстранти.
Протестанти е религија а не збор за демонстранти. Или јас сум во заблуда?
Во право си.
Протестанти се припадници на верска заедница, протестирачи или демонстранти се учесници во протести.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom