Говорете македонски!

Член од
17 октомври 2011
Мислења
13.629
Поени од реакции
33.184
Сигурно се сеќавате на серијалот „Говорете македонски“ кој секојдневно пред централниот дневник се емитуваше на МТВ пред нешто повеќе од десетина години. Темава е инспирирана токму од него, а целта е едноставна - да научиме нешто ново и да ги исправиме нашите грешки во пишувањето на стандарден македонски јазик.

Што треба да направите? Ако забележите некој, било кој, во било која тема на форумов како греши правописно, синтаксички или употребува несоодветен збор за кој има достојна замена во нашиов јазик, слободно го цитирате во темава и давате исправка на неговата грешка. Не е поентата во тоа да се натпреваруваме кој пишува политературно, а кој повеќе греши. Сите грешиме! Поентата е да научиме нешто што не сме го знаеле или сме го подзаборавиле, и да ги исправиме истите грешки. Затоа, ве молам без лутење кога некој ќе ве цитира тука! Кој ќе реагира со навреди, ќе добие казнени поени од модераторите во подфорумов!

И уште нешто: темава нема да служи само за сувопарно цитирање на случајни мислења со некаква грешка во нив, туку тука слободно можете и да развивате дискусија за правилата - секоја сугестија во врска со јазикот и неговите правила е добредојдена.

Говорете македонски, кајганџии! ;)
 

TheMessenger

Кодош
Член од
18 февруари 2012
Мислења
370
Поени од реакции
473
Веќе и во МТВ не се почитува литературниот говор, ова важи посебно за спортските коментатори :D.
Инаку, најиритирачко нешто ми е некој кога ќе каже розева, наместо розова боја. :cautious:
 
S

sim4e

Гостин
Рецензијата на dragonsky za Skeleton Twins која штотуку ја прочитав имаше неколку грешки кои ме изиритираа. Прво, удвојувал согласки каде што нема потреба да удвојува:
1. напишал Четвртто, а правилно е четврто
2. напишал оддвоеност наместо одвоеност.
Второ, „имајќи го сево ова погоре во предвид“, а треба имајќи го сево ова предвид, значи предлогот е непотребен. Честа грешка, барем еднаш дневно ја сретнувам по интернетов.
Трето, наместо така да треба да стои така што.
Имаше и уште некоја, на пр. пошто наместо затоа што или зашто ама доцна е сега.

Ништо лично против членот, добра рецензија напишал ама грешките ми паднаа во очи, особено удвојувањата, па темава ми дојде порачана.
 

dragonsky

Hate leads to suffering
Член од
25 декември 2010
Мислења
42.811
Поени од реакции
83.991
@RickyLFC9 ќе те исхејтав сеа за прееска, ама ај нека е. :)))
сега

предмалку

:icon_mrgr:

@sim4e ма шо ја ебаам македонцки че су пишувал..абе ајде..


Добро де у (т.е. ВО) 4:12 сум ја пишал рецензијата, битно ми беше поентата да ја пренесам, сепак форум е, од различни делови сме сите не ми ни смета некој и на дијалект да си пишува. Мене лично не ми смета некој и да прави некои грешки.

Ма да ова не ми е кон тебе напишано, онака си кажувам мислење општо по ова прашање, не се лутам за постот, фала за поправките :)))
 
W

wicked_1

Гостин
Ми цитираат сленг бе не се заебавај. :facepalm:
Anyway @dragonsky , прееска = преѓеска, претходно, пред некое време, и е =/= од пред малку.
 

Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Grammar Nazzies тема :)

Јас ретко обраќам внимание кога пишувам, постовите ми се македонско-англиски со добра доза србизми и турцизми. Мора да се поправам.

На темава, најмногу ме иритираат превзема и завзема.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom