Гноен чир

Член од
23 март 2012
Мислења
11
Поени од реакции
1
"Чир е гнојно (најчесто) насобирање кое создава притисок, болка, може да пукне (спонтано или предизвикано од притисок) и да создаде загадување на крвта или околината со гнојната содржина, причини за формирање на чиреви има многу, некоја инфекција или навлегување на страно (туѓо тело во ткивото) и обид на организмот да го исфрли при што околу телото се собира лимфа и бели крвни зрнца со цел да се борат против инфекцијата, во недостиг на кислород бидејќи најчесто загнојувањето е во внатрешноста се создава гнојна содржина која се насобира. "

Здраво , пред некое време ми се појави чир на препонот , но јас не го оставив да помине сам, цело време го стегав , искрено после тоа не правев ништо за деизнфекција. И сега веќе ги имам неколку .Ве молам ако некој имал ваков сличен проблем , и ако знае некој лек нека ми пише.Само да не биде некој лек што го има само во Мкд аптеки,затоа што јас не сум во Мкд. Ви Благодарам и чекам помош зашто ова веќе не се трпи :cuc:
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Оди во аптека и купи си Хлорамфеникол маст.
Мачкај се една недела, ќе ти помине.
 
Член од
23 март 2012
Мислења
11
Поени од реакции
1
Оди во аптека и купи си Хлорамфеникол маст.
Мачкај се една недела, ќе ти помине.
Ахх незнам дали ќе ја најдам овде. Не сум во Мкд и незнам дали ја има овде .... :/ :(
--- надополнето: 23 март 2012 во 10:12 ---
Ахх незнам дали ќе ја најдам овде. Не сум во Мкд и незнам дали ја има овде .... :/ :(
Chloramphenicol Најдов,фала ти многу Acid :)
 
Acid

Frontman
Член од
22 јануари 2005
Мислења
35.169
Поени од реакции
34.281
Ахх незнам дали ќе ја најдам овде. Не сум во Мкд и незнам дали ја има овде .... :/ :(
А каде си? :)
Секаде би требало да имаш Chloramphenicol. Тоа е еден од најкористените антибиотици со широк спектар на примена, не верувам дека има место каде што не можеш да го најдеш :)
 
Член од
23 март 2012
Мислења
11
Поени од реакции
1
А каде си? :)
Секаде би требало да имаш Chloramphenicol. Тоа е еден од најкористените антибиотици со широк спектар на примена, не верувам дека има место каде што не можеш да го најдеш :)
Сиднеј. Но проверив ја има , благодарам :) Се надевам ќе се спасам од овие чуда, јас во животот никогаш сум немала ништо слично.Кожата ми беше како на бебенце :)
 
Член од
11 јули 2008
Мислења
2.901
Поени од реакции
1.527
Другар јас го имав истиот проблем пред 2 месеца. Ми се појавија чиреви на истото место како и на тебе. Мачкај ги со црна маст и чисти ги редовно со хидроген 3%. Најбитно од се треба да пазиш да не ги мокриш бидејќи се иритираат од водата и се создаваат нови. Патем, хлорофеникол мислам дека е за јачмен на око нема везе со чиреви. :)
 
Со самото тоа што го викаш „јачмен“ јасно ми е се'...
Хлорамфениколот е антибиотик, мислам дека е доволно кажано. И да, меѓу другото се користи и за очни инфекции.

За „црна маст“ и хидроген не можам да кажам какво е дејството затоа што немам користено. Во мојот случај, хлорамфениколот си ја заврши работата за помалку од недела дена.
 
Го имав проблемот, побарав стручна помош никој не ми го посочи хлорофениколот како иљач за чиреви. Единствено што ми кажаа е да внимавам да не се инфицира и да го мачкам со црна маст за што побрзо да избие гнојот. Сум ги поминал маките ко другаров погоре и знам како е. Крај краева како рекле старите прашај паталец, не гаталец..

И да, стварно извини што не го знам латинскиот термин за јачмен на око и го користам оној „народскиот“ по кој сите ќе ме разберат за што уствари се работи.
 
Другарот погоре е всушност женско :)
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Не ми е јасно како тоа сте сами доктори кога станува збор за чиреви. Јас еднаш во животов сум имала и така ај ќе мине, ќе стискам, ќе чистам, на крајот завршив со 10 пеницилини кристалки. Среќа што крвта не ми се зарази толку многу, па да почнат да ми никнуваат како печурки после дожд. :)
Поради болката, колку и да се обидува човек сам да исчисти, не може до крај и целосно, треба друга рака да фати, а најубаво е докторска. :)
Ах, сега кога ќе се сетам на тој младиот доктор, едни плави очи што ми се смееја, тој стиска, јас вриштам, тој се смее, јас расплакана.... и ме прашува колку години имаш, а јас со црвени очи како мало дете...... 19 ааааахххх :place:
 
Oд искуство зборам и јас, не тропам од ракав... :)

Затоа и реков дека не можам да кажам какво е дејството на „црната маст“, затоа што ја немам користено. Не реков дека „нема везе со чиреви“ и не ја исфрлив како добар лек - како што ти направи со мојот предлог (без да имаш било какво искуство со хлорамфениколот). Народскиот термин, без разлика кој ќе го употребиш, значи едно исто - инфекција. Истото што се случува кај Z.Veljanoski, што се случувало кај тебе и кај мене... Тука улетува хлорамфениколот како твојот најдобар пријател :)
Не ми е јасно како тоа сте сами доктори кога станува збор за чиреви. Јас еднаш во животов сум имала и така ај ќе мине, ќе стискам, ќе чистам, на крајот завршив со 10 пеницилини кристалки. Среќа што крвта не ми се зарази толку многу, па да почнат да ми никнуваат како печурки после дожд. :)
Поради болката, колку и да се обидува човек сам да исчисти, не може до крај и целосно, треба друга рака да фати, а најубаво е докторска. :)
Ах, сега кога ќе се сетам на тој младиот доктор, едни плави очи што ми се смееја, тој стиска, јас вриштам, тој се смее, јас расплакана.... и ме прашува колку години имаш, а јас со црвени очи како мало дете...... 19 ааааахххх :place:
Секако, доктор е најдобрата варијанта :)
 
А јас веќе месеци уназад рацете не ми се тргнати од таму ....само ги стискам и од едно ми се направија , две , три ... и сега забелжувам и нови мали.Баш заради тоа барам помош и лек прво сама да пробам , зашто како што кажав не сум во Мкд, Во Сиднеј сум веќе 4 месеци, незнам ни доктори ни ништо , речиси уште незнам ни јас каде сум , а не пак да барам доктори :)))
 
pearl

..~..~..~..~..~..~..
Член од
20 август 2005
Мислења
2.651
Поени од реакции
1.962
Девојче, не се зафркавај, ако почнале да ти се јавуваат повеќе, трк на доктор, не е за зафркавање работата. Ти велам, не дај боже да стигнеш да се зарази кравта до тоа ниво, па да ти никнат преку 20 чиреви во исто време, знаеш што значи тоа, какви болки мораш да трпиш. Бидејќи еднаш кога ќе загнои, нема трте мрте, мора сите да се стискаат до крај, за да излезе чепот и сиот гној.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom