Глупави закони

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Постојат огромен број на закони во светот. Луѓето треба да ги почитуваат, а во спротивно постојат санкции.

Но во некои држави во светот постојат смешни и глупави закони. Тие во некои поднебја се сосема нормални, додека за граѓаните на некои други држави се комични и глупави.

Еве некои интересни...


* Глупави закони во Сингапур:
- Противзаконско е да не се пушти вода по користење на тоалет. Постои дури и посебна полиција која редовно ги посетува јавните тоалети. Секој кој ќе биде затекнат дека не пуштил вода по употреба на вц-то, ќе се соочи со висока парична казна.

- Илегално е впуштање во орален секс само поради забава – оралниот секс е исклучиво дел од предиграта и по него мора да следи конкретна акција.

- Лицето кое по трет пат ќе биде затекнато како фрла ѓубре на место кое не е предвидено за тоа, ќе биде принудено во недела да ги чисти улиците носејќи натпис “Јас сум некултурен”.

- Нема гушкање без дозвола.

- Покажување или користење на џебно ноже на јавно место е строго забрането. За ова, странците се депортираат.

- Во Сингапур, во затвор може да се заврши и поради поседување петарда.

- Магазини како Плејбој се строго забранети и казните се високи.

- Хомосексуалниот секс е илегален!

- Нема илегални собири по 22 часот. За илегален собир се смета секој собир кога ќе се најдат повеќе од двајца. Полицијата задолжително почнува со испрашување.


*Глупави закони во Алабама:
- Забрането е управување на моторно возило бос имено без чорапи и чевли и таквото се казнува со парична казна.

- Забрането е играње на домино во недела.

- Забрането е носење лажни мустаки во црква.

- Незаконски е да возите кола со превез на очи.


* Глупави закони во Велика Британија:
- Забрането е да се почине во Вестминстерската палата.

- Лепењето на поштенски марки, каде се прикажува кралската фамилија, на коверт наопаку се смета за предавство.

- Во Ливерпул забрана за топлес имаат сите жени, освен продавачките во дуќаните за тропски риби.

- На Божиќ не смеете да јадете мрсни пити.

- Во Шкотска е забрането да одбиете странец, доколку тропне на вашата врата и ве замоли да користи тоалет.

- Во Британија трудниците можат да вршат нужда секаде.


* Глупави закони во САД поврзани за сексот:
- Сексуалните играчките се забранети во Alabama, а Georgia за илегален се смета сексуалниот однос помеѓу невенчани индивидуи.

- Флертот е забранет во San Antoniо, Texas, а оралниот секс во Indianа, додека Ohio го забранува аналниот секс!

- Кога е во прашање галењето, гушкањето и бакнувањето, на жителите на Idaho не им е дозволено никакво јавно искажување на приврзаност подолго од 18 минути.

- Северна Carolina за навредливо го прогласила сексуалниот однос на гробишта.

- Жените во Dyesburg не смеат мажите да ги покануваат на состанок.

- Машките возачи во Detroit за време на возењето не смеат да зјапаат во жени, а во Kalamazoo (Michigan) на момчињата им е забрането на своите девојки да им пеат серенади под прозор.

- Во Тремонтон (Јута), на жените не им е дозволен секс во колите за брза помош, а за оние кои се доволно невнимателни да ги фатат во таква ситуација следува строга казна - обвинение за неморал, а имињата на учесниците ќе бидат објавени во локалниот весник.

- Државата Илиноис забранува јавна ерекција и танц без облека.

- Во Детроит двојките не смеат да имаат секс во автомобил освен ако не е паркиран на нивен имот.

- Во Вашингтон единствена прифатлива сексуална поза е мисионерската. Сите други се сметаат за незаконски.

- Во Мичиген жената не смее да се исшиша без дозвола од мажот.

- Сексот без кондом во Невада е илегален.


* Глупави закони низ светот:
- Во Индонезија одат до крајни граници, па таму мастурбирањето се казнува со смрт.

- Во Бахреин гинеколозите може легално да направат гинеколошки преглед, но притоа не смеат да гледаат директно во женските гениталии. Прегледот се прави со помош на огледало.

- Во Будимпешта паровите што водат љубов, според законот, мора да ги изгасат светлата во станот или во куќата.

- Изневерена сопруга во Хонгконг има законско право да го убие својот неверен сопруг, ама само со голи раце. Од друга страна, пак, жените што ги изневериле своите сопрузи, може да бидат убиени на кој било начин

- Во Кали во Колумбија жената смее да има секс само со својот маж, а првата брачна ноќ таа задача ја има-нејзината мајка!

- Бакнеж па дури и оној во автомобил, во Еболи-Италија се казнува со 500 - евра.

- Во Капри е забрането носење на дрвени „Бучни“ сандали, како и напуштање на плажата во бикини. По џебот ќе добие и оној кој полицијата ќе го сопре со шише вино или пиво во рацете.

- Во Швајцарија маж по 22 часот не смее да врши мала нужда стоејќи.

- Доколку жените во Вермонт сакат да стават забна протеза, за тоа мораат да добијат писмена дозвола од мажот.

- Во франција е забрането Наполнеон да го нарекувате свиња.


:pop: :uvo: :nesvest: :tapp: :tv:

Постои и веб страна за Глупави закони.
Македонија ја нема:)
 

rossoner stefan

Модератор
Член од
5 декември 2007
Мислења
1.770
Поени од реакции
192
Епа стварно се изнасмеав
Капак на се дека се казнувало маструбирање со смрт
Оооо ја више не:drk:
 

Apokalipto

Tredici
Член од
4 март 2007
Мислења
15.576
Поени од реакции
2.585
Во Швајцарија маж по 22 часот не смее да врши мала нужда стоејќи.
Хех... значи се позиционираш на коленици и тераш работа.

Повеќето закони од овие се стари и вметнати поради некои инциденти кои настанале во тоа време.

Само што ова со мочањето од стоечка положба... некако не ми е инцидентно.
 

Oblivion

Matt Akisson
Член од
12 септември 2007
Мислења
3.526
Поени од реакции
128
- Илегално е впуштање во орален секс само поради забава – оралниот секс е исклучиво дел од предиграта и по него мора да следи конкретна акција.

- Незаконски е да возите кола со превез на очи.

- Забрането е да се почине во Вестминстерската палата.

- Во Швајцарија маж по 22 часот не смее да врши мала нужда стоејќи.
:tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp::tapp:
 

By Me

BLAH....
Член од
10 февруари 2008
Мислења
1.121
Поени од реакции
29
- Забрането е управување на моторно возило бос имено без чорапи и чевли и таквото се казнува со парична казна.
а бе може сум грешка, ама не се казнува вака и кај нас????
 

Емкаа

the worst thing about prison was the dementors.
Член од
14 мај 2008
Мислења
4.910
Поени од реакции
12.395
мислиш дека е глуп?Жениве со муслиманска вероисповест во другиве европски земји до пред некоја година имаја дозвола да возет со целосен превез на глата,вклучувајки ги и очите.Ако ти се појавит кола со жена цела во црно пред тебе,од памет ке се истајш,па имаше многу сообракајки,зато е воведен законот. :smir:
 

-----<-<@

loso kure
Член од
10 ноември 2008
Мислења
494
Поени од реакции
23
за мене глуп е законот, за задолжително плакање вода, ионака е национален ресурс во многу земји водата, нека издвојуваат пари од данокот за одржување на мрежата како заедничко добро.
 

~DaRko

Поштен лопов
Член од
29 март 2009
Мислења
5.888
Поени од реакции
2.481
леле :tapp: значи поглупо од ова нема ни во цртаните:nesum: е што народ има по светот брејј, кој ги смислил овие закони :jaj:
 
А

Александра Д.

Гостин
Навистина што глупости ќе беа оваааа! И деца од 1во одделение подобри закони ќе смислеа....Ноу комент...:nesvest:
 

rossonerka

too good to be true
Член од
8 октомври 2007
Мислења
6.081
Поени од реакции
889
Eве уште неколку :)

- Тибетанскиот закон пред многу годнини налагал жените да се проституираат за да се здобијат со адекватно сексуално искуство пред бракот.

- Римските калуѓерки кои се зарекувале на 30 години целибат, доколку го прекршат, биле закопувани живи.

- Азиските Хуни за оние мажи кои ќе извршеле прељуба или силување предвидувале казна кастрирање.

- Дробење на тестисите со помаш на два камена е казната која ја спроведувале Римјаните за оние кои ќе извршеле силување.

- Во Непал и Бангладеш противзаконски е да се гледаат филмови кои прикажуваат симулирано водење на љубов, или ја покажуваат интимната зона на мажот или жената. Законот исто така не дозволува актерите да се бакнуваат во филмовите.

- Во Либан на мажите им е дозволено да имаат секс со животно, но само доколку станува збор за женка. Сексот со мажјак е строго забранет.

- Во Колорадо забрането е да водите љубов во езеро или река.

- Во Минесота на мажите не им е дозволено да водат љубов доколку претходно јаделе лук или кромид. Исто така ако жената го замоли, тој мора пред сексот да ги измие забите.

- Во Норфлок, Вирџинија, жената е обврзана да носи корсет надвор од куќата. Денес инсистирањето на тој закон изумре, но некогаш постоела посебна корсет инспекција – работа резервирана за мажите.

- Законот на пацифичката островска земја Гуам им забранува на девојките да се венчаат како девици. Со тоа што дури и постои и професија, среќници кои им ја ’отстрануваат’ девственоста на девојките, за што овие дури и им плаќаат.

- Во Алабама е илегално да ги триете очите за време на возење.

- Во Јапонија не постои законска граница на години во која дечко и девојка смеат да имаат сексуален однос - според ова педофилија не постои!

- Во АризонаЛовење камили е забрането. За сечење на кактус се добиваат до 25 години. Забрането е за магариња да спијат во када. Забрането е да се произведува имитација на кокаин. Забрането е да одбиеш човек кој ти нуди чаша вода.

- Во Арканзас: Легално е за мажите да ги тепаат своите жени, но не повеќе од еднаш месечно! =)

Свашта :)
 

GothLady

Heinous
Член од
16 јуни 2008
Мислења
283
Поени од реакции
32
Eве уште неколку :)


- Дробење на тестисите со помаш на два камена е казната која ја спроведувале Римјаните за оние кои ќе извршеле силување.
I like this one, таке им треба :pipi:
 
  • Ми се допаѓа
Reactions: DL5

Afro Samurai

Nicotine Desperado
Член од
12 август 2009
Мислења
83
Поени од реакции
5
Eве уште неколку :)

...

- Во АризонаЛовење камили е забрането. За сечење на кактус се добиваат до 25 години. Забрането е за магариња да спијат во када. Забрането е да се произведува имитација на кокаин. Забрането е да одбиеш човек кој ти нуди чаша вода.

- Во Арканзас: Легално е за мажите да ги тепаат своите жени, но не повеќе од еднаш месечно! =)

Свашта :)
како не...ова е жива глупост...и шо...ако го пријави нема да го казнат а?..
 

lane62

izguben vo svemirot
Член од
25 август 2009
Мислења
145
Поени од реакции
1
Saudijska Arabija...zenite se kaznuvaat za pienje alkohol na javno mesto so paricna kazna i javno kamsikuvanje...

nego...kaj nas nema smesni zakoni?:nesum:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom