Што се случи со прасенцето? Јас колку што читав пред да купам а и порано кога чував не смеј на секое да се рани со зеленчук и овошје туку едно парче неделата и да нема семки.
Моето го зедов новото пред месец мн беше малечко сега порасна, ама шо ќе беше јадење бе, знам дека не чини али јадењето и водата ги топи и насекој пола сат цифкаако слушни најлонче и слично, а мн има страв од мене. Мѕ имав до скоро парталче ставено во аквариумот ама мис е криеше само во него одвај излегваше сега му го извадов за да се подспитоми али кога и да го извадам да лежи на мене само ме моча
палвка не видена.
Имам и кафез голем од феретката кога ја чував али со оглед дека во аквраиум нема стурење на воздух т.е. проамја нека си седи во него зимава па в лето ф кафез ќе ја ставам таман скоро метро е кафезот.
Ви јадат прасенцата вас толку мн ?
Тоа прасенце умре пред 1 година, а уште едно меѓувремено чував, умре пред 2 недели.
Првото буквално преку ноќ овена, а второто ептен се бореше, цела недела на инекции одевме, не антибиотици, пробиотици, јагледни, витамини ... што се не пробавме, ама ете, не се спаси.
Сега за сега немам намера пак да чувам прасе, преслатки и премили се, а и доста дружељубиви, па вака не можам да се опоравам.[DOUBLEPOST=1417144017][/DOUBLEPOST]Иначе - треба и МОРА секој ден да јаде зеленчук, овошјето е десерт.
Од зеленчук смееш скоро се да му даваш - патлиџани (ќе извадиш семките), краставици, марула, моркови, брокула, карфиол, цвекло обавезно и преважно.
Свежа трева секако, и МНОГУ е важно да најдеш сено (не слама, туку сено со цели плодови и тоа во неограничени количини).
Морските прасиња цело време мораат да јадат, не се како кучиња, мачки итн, дигестивниот систем мора цело време да им е активен, затоа и сено се дава, да не кркаат се живо и диво постојано
Храната што кај нас ја продаваат како храна за морски прасиња во суштина нема врска со храна за морски прасиња, ама немаме избор, таа е. Затоа мораш суплементи да му даваш ако сакаш да поживее (кај мене во вториот случај и покрај суплементите се разболе, недостаток на вит. Ц). Вит. Ц или најди му детски како бонбони па да ги џвака, или на 2-3 дена разреди му пола апче од 500 во водата и дента нека го испие, нека не му стои повеќе, оти губи ефикасност а и водата има грд вкус. Или ако го навикнеш во раце да го држиш, можеш еднаш во ден 50мг да му даваш разредени во вода со шприц.
Иначе, што се однесува до ,,бегањето,, не е дека не те сака, не се секирај
Природен инстинкт им е да бегаат, и да го чуваш со години тешко дека мирно ќе седи да го фатиш. Најдобар начин да го убедиш во својата добронамерност е да го храниш во раце (на пример кога е време за овошје-десерт, нека јаде во раце кај тебе, од твоја рака - нема да те касне
), а за мочкање е нормално, гледај да не го држиш повеќе од 15 минути, тие секако какаат/мочкаат на 10-15 минути
Од мое искуство, првата прасица беше препитома, спиеше кај мене во раце, ми ги лижеше прстите како куче
Ама вторава, жив ајдук, трчаше како шлакната, ми беше страв да ја оставам сама на кревет.
Ти гарантирам дека двете ме сакаа, ама секоја на свој начин
Ако додека ја галиш легне на стомак, готово, знај дека е вљубена до уши
Иначе и јас во аквариум ги чував иако е тоа лош избор, ама немав кафез. Баш тоа што нема струење на воздух создава можност за белодробни инфекции, али, глеј што почесто менувај пилевина, па на пролет нека иде на промаја малце
.
Биди спремен на се со нив, пренежни суштества се, а ако ти треба (не дај Боже) ветеринар, исклучиво само кај Диме во Капиштец, верувај никој друг си нема поима од овие суштества.
Се најдобро, убаво дружење да си имате, ако што било треба слободно прашај