Глодари (општи дискусии)

L

Lu

Гостин
А дали и обичните зајци се тешки за одржување како овие? Дали и на нив им смрди мочта итн?
Види има разлика, има обични големи зајци кои што се чуваат на фарми и служат за исхрана на луѓето (зајачко месо).
А овие се минијатурни зајчиња и се чуваат како миленичиња.
Минијатурните зајчиња се мали по раст, по големина се речиси исти како морските прасиња и исто се чуваат, значи ако некогаш си чувал морско прасе, иста е грижата и за минијатурното зајче.
Инаку не смрдат толку многу ... со редовно чистење нема да се осеќа миризбата.
 
L

Lu

Гостин
Starvin Marvin постот од „Ветеринарно катче“ ти го префрлив во оваа тема.

Момци и моми, има ли некој чувано зајче? :)
Кажете каква грижа бара, што јаде, колку трошоци има за вакцини и останати административни работи...
Доколку се чувале нели.
Peace!
Грижата за минијатурните зајчиња е иста како и за морските прасиња ... значи потребно ти е живеалиште за зајчето - може да го чуваш во кафез или во терариум.
Во живеалиштето треба да ставиш пилевина, се продава во пет шоповите, и наполни го кафезот / терариумот со пилевина едно 5 - 6 цм.
Небараат некоја си посебна грижа освен редовното чистење на живеалиштето, пилевината треба да ја менуваш на секои 2 - 3 дена.
За исхраната, се продава во пет шоповите специјална храна за глодари ... составот е воглавном житарици. Исто така можеш да му даваш овошје и зеленчук.
Нема потреба да го вакцинираш ... јас колку што знам минијатурните зајчиња не се вакцинираат.

Воглавном тоа се основните работи :)

А, и најважното ќе заборавев да го пишам ... обавезно од пет шоп купи му поилка за вода.
Тоа дека глодарите несмеат да пијат вода и дека ќе умреле ако се напијат вода е МИТ, секое живо суштество има потреба да пие вода и затоа обавезно купи му поилка од пет шоп.
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Starvin Marvin
ете јас да дополнам,не давај му на зајчето зелка! Многу тешко се вари и може да дојде до затнување на дебелото црево или тенкото незнам сега баш и да се издува и да умре!Големите зајци умираат од зелка а не пак мало.Знам дека сегде кад еи да идеш гледаш како им даваат зелка и моркови но немој зелка!
 
Член од
20 септември 2011
Мислења
26
Поени од реакции
7
Јас сакам да прашам ако некој би знаел ,дали морските прасиња можат да фатат вошки,моето прасенце коа ке почне да се чеша ко навиено е,незнам дали е тоа нормално или имаме проблем:X3:
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
981
Поени од реакции
408
Јас сакам да прашам ако некој би знаел ,дали морските прасиња можат да фатат вошки,моето прасенце коа ке почне да се чеша ко навиено е,незнам дали е тоа нормално или имаме проблем:X3:

И моето исто така се чешкаше постојано. Ми рекоа дека може да фати доколку живее во нечиста средина, така да ако го чуваш дома не верувам дека ќе фати. Моето го бањам со бекутан и много малку се чеша плус мириса много убаво :)
 
Член од
14 јануари 2012
Мислења
222
Поени од реакции
321
Сакам да прашам дали на џуџестите зајчиња може да им се дава зелка, моркови и друг зеленчук?:confused:
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
^ Може. Само гледај да не претераш со зелката и другите зелени зеленчуци зошто се лом ќе ти биде по дома. Доста е само по еден лист дневно. А нив најмногу ги сакаат. Јас му давам листови од дрвја и ги јаде, ги сака многу тие, ама од нив не му е ништо и повеќе може да јаде од истите.
Моето порано морков не јадеше:pos:, ама сега веќе почна. И јаболки му давам. Главно некои потврди овошја и зеленчуци. И тревичка можеш да му даваш. Од таа што ја има секаде, незнам како се вика :icon_lol:.
Благи работи не му давај.
 
Член од
14 јануари 2012
Мислења
222
Поени од реакции
321
Јас му дадов сега малку морков и јадеше(y) .Подобро тоа да го јаде отколку килимот партал да го прави:icon_lol:.
 
Член од
3 октомври 2011
Мислења
167
Поени од реакции
78
Хахаха, колку такви партали фрлив. Ќе ме исфрлат од дома заедно со него.:pos:
Сега го чувам на тераса (не ми даваат веќе дома) и таму има кабли, сите ги изгризал, неможам да го тргнам од нив :tapp:

Едно прашање до тие што чувате зајчиња.. се плашат ли на секој звук?
Ова моево само што ќе се доближам на вратата од терасата веднаш ме осеќа и бега се крие. Телефонот кога ми звони се плаши, кога поминува некоја кола, од секакви звуци се плаши.
 
Член од
9 јули 2012
Мислења
1
Поени од реакции
1
шо е до морските прасиња јас чувам дома едно,а и имам книга за нив , тие на фаќат вошки само можи да почнат да се чешат ако живеат во валкано, а за то има кај ветеринарите средство за краста и со нив се мијат. дека вода не треба да им се дава не е вистина. пијат мн вода а јадат се и сешто. моето е некој вид изрод оти јади супа, сарм,и пржено јајце, сладолед, чоколадо , буквално се! ама се на се супер се! исто мн се паметни и итри и ако им посветиш време можи да ги научиш каде да одат во вц и слично ! :)
 
Член од
14 јануари 2012
Мислења
222
Поени од реакции
321
Дечки, ми треба еден совет. Моето зајаче многу сака да грицка хартиени ќеси, досега има уништено 3-4 :D, ама се плашам хартијата да не му направи проблем при варење. Смеат да јадат хартија или не? Исто така ме интересира и колку долго живеат зајците. Поздрав! ;)
 

Hiperaktiv

Султан :P
Член од
16 февруари 2012
Мислења
1.590
Поени од реакции
923
Зајаците се глодари!
Хартиени кеси може и не ги јаде туку си прави пилевина ама подобро дрво да му дадеш да глода....
Живеат од 5-10 години ;)
 

Kajgana Shop

На врв Bottom