Глодари (општи дискусии)

Болиглава

A cold fact
Член од
16 јуни 2007
Мислења
4.700
Поени од реакции
2.325
А ако ги земам уште од мали заедни, ќе имам некаков проблем? (Како во пет-шопови што ги чуваат, по 3-4 во кафез)
Исто така, важно е од кој пол ќе ми се ако се две? Да не се спарат случајно ако се машко и женско, инцестно?

Искрено појма немам дали ќе имат таков проблем ко шо наведе за парењето, ама ако се заедно уште од мали мислам дека е многу подобро него да ги спојуваш покасно.
 
LaraB

Шеф
Член од
13 декември 2011
Мислења
13
Поени од реакции
3
А ако ги земам уште од мали заедни, ќе имам некаков проблем? (Како во пет-шопови што ги чуваат, по 3-4 во кафез)
Исто така, важно е од кој пол ќе ми се ако се две? Да не се спарат случајно ако се машко и женско, инцестно?
Најдобро е од мали да се заедно или да имаш едно постаро а едно помало и многу е важно од кој пол се, треба да се исти пол, зашто не е паметно да се спарат, а многу се дружељубиви и нема да се тепаат ако се од исти пол.. :)
Треба кога ќе ги земеш прво на неутрален терен да ги запознаеш па после да ги префрлиш заедно, освен ако не биле заедно претходно во пет-шопот.
Многу ќе бидат посреќни ако се две но (!!!) ако едното од нив ти умре не дај Боже, другото ќе падне во депресија (сериозно) :(
И обавезно голем кафез, да имаат место за трчкање :)
 
Член од
1 декември 2013
Мислења
2
Поени од реакции
1
Pozdrav za Clenovite na Forumot!!Pred nekoe vreme se projavi Zelba vo moeto Semejstvo da cuvame Ververica.Bidejki sme Lugje koi celiot Zivot cuvaat milenicinja-od Kanarinci,Papagali se do Maltaski Pudli,Sarplaninci pa duri i povredeni Orli i Jastrebi sakavme vo nasiot Dvor da dojde i vakov milenik,zatoa i se Registrirav na Forumot da bi mozel da doznaam dali ima nekoj koj odgleduva i prodava vakvi milenici!!
So pocit,Zlate!!
 
Член од
15 јануари 2014
Мислења
53
Поени од реакции
8
Dali nekoj od poiskusnite odgleduci na zajci moze da mi kaze nesto poveke za nivnoto odgleduvanje i parenje?(n)(n)(n)
 
Член од
31 јануари 2014
Мислења
1
Поени од реакции
0
Здраво. Долго ве читам дури сега решив да се регистрирам.
Денеска добив на подарок морско прасенце. Делуваше здраво, јаде весело е и веднаш се прилагоди. Сега почнав да го галам и забележав на главчето дека во облик на мало крукче има опаднато влакна. Малку и се митари колку што можам да приметам( ми остана на облеката ептен ситни влакненца). Гледам дека има доста луѓе што многу знаат
за глодарите па ве молам за мислење. На втората слика можете да забележите на што мислам.
П.с прасенцето е околу месец дена старо.
 
N

Nessa Alcarin

Гостин
Некој да продава голем кафез за глувци? Ама не хрчковци, туку глувци. Колку поголем толку подобро. Инфо во пп.
 
sankerce

прогресиФ
Член од
6 март 2009
Мислења
3.050
Поени од реакции
4.939
Да ја оживеам малку темава :)

Имам хрчаци (2), но сакам да купам и стаорче (лабараторискo наравно) :)
Секој совет би бил добредојден. Ме интересира најпрво дали бараат посебни услови, посебна нега или како и хрчаците? Разгледував и на интернет некаде велат било исто како куче да чуваш (се носи по ветеринари, вакцини ова она), а некои велат се си било исто како хрчак да чуваш, со тоа што бидејќи растат така поголеми, само им требало на стаорците повеќе простор (у реду, логично). И друго, ме интересира дали доколку ги спојам некогаш со хрчаците би направиле некој проблем, да почнат да се тепаат или слично? Повелете :)
 
L

Lu

@ZeenaK9 ќе ти даде најдобар одговор, она чуваше :)
 
Член од
4 јануари 2008
Мислења
503
Поени од реакции
64
Da ne znae nekoj vo Skopje dali vo nekoj pet shop ima sampon specijalen za morsko prase? Jas si go kapam so Bekutan ali bi sakala ako ima nesto za suvo kapenje :D
 
PurplePuma

Somewhere, over the rainbow...
Член од
21 јануари 2009
Мислења
8.063
Поени од реакции
8.178
Океј, некој што се разбира во морски прасиња?
Моево е болно, ветеринариве не се од помош, а по форуми странски читам за лекови и доктори што не постојат во Македонија.

Се до сабајлево прасицава беше супер, гласна како и обично, ноќеска јадеше најнормално пред да спиеме, итн.
Генерално се храни со зеленчук, затоа што сувата храна ја прави поспана (не знам зошто).
Изеде 2 моркова ноќеска, сабајле уште еден и дала сестра ми.

Сега е пикната во ќош, не сака да се движи, делува како куче што има дигестивни проблеми.
Направив се што знам да направам - и дадов малце Ц витамин со шприц, малце јаглен, живамицин (само тоа го имаат кај вет.)... и дадов јаболче и ја преместив во корито со синтетички кебиња (да и биде потопло), не е проблем со цревата (какаше), касна јаболче, еден гриз морков... и така.
Веќе немам идеа што да правам.
 
DeviAngel

Un vero cavaliere non lascia mai la sua signora
Член од
6 април 2010
Мислења
14.432
Поени од реакции
11.278

Што се случи со прасенцето? Јас колку што читав пред да купам а и порано кога чував не смеј на секое да се рани со зеленчук и овошје туку едно парче неделата и да нема семки.

Моето го зедов новото пред месец мн беше малечко сега порасна, ама шо ќе беше јадење бе, знам дека не чини али јадењето и водата ги топи и насекој пола сат цифкаако слушни најлонче и слично, а мн има страв од мене. Мѕ имав до скоро парталче ставено во аквариумот ама мис е криеше само во него одвај излегваше сега му го извадов за да се подспитоми али кога и да го извадам да лежи на мене само ме моча :D :D палвка не видена.

Имам и кафез голем од феретката кога ја чував али со оглед дека во аквраиум нема стурење на воздух т.е. проамја нека си седи во него зимава па в лето ф кафез ќе ја ставам таман скоро метро е кафезот. :D

Ви јадат прасенцата вас толку мн ?
 
Тоа прасенце умре пред 1 година, а уште едно меѓувремено чував, умре пред 2 недели.
Првото буквално преку ноќ овена, а второто ептен се бореше, цела недела на инекции одевме, не антибиотици, пробиотици, јагледни, витамини ... што се не пробавме, ама ете, не се спаси.

Сега за сега немам намера пак да чувам прасе, преслатки и премили се, а и доста дружељубиви, па вака не можам да се опоравам.[DOUBLEPOST=1417144017][/DOUBLEPOST]Иначе - треба и МОРА секој ден да јаде зеленчук, овошјето е десерт.
Од зеленчук смееш скоро се да му даваш - патлиџани (ќе извадиш семките), краставици, марула, моркови, брокула, карфиол, цвекло обавезно и преважно.
Свежа трева секако, и МНОГУ е важно да најдеш сено (не слама, туку сено со цели плодови и тоа во неограничени количини).
Морските прасиња цело време мораат да јадат, не се како кучиња, мачки итн, дигестивниот систем мора цело време да им е активен, затоа и сено се дава, да не кркаат се живо и диво постојано :)

Храната што кај нас ја продаваат како храна за морски прасиња во суштина нема врска со храна за морски прасиња, ама немаме избор, таа е. Затоа мораш суплементи да му даваш ако сакаш да поживее (кај мене во вториот случај и покрај суплементите се разболе, недостаток на вит. Ц). Вит. Ц или најди му детски како бонбони па да ги џвака, или на 2-3 дена разреди му пола апче од 500 во водата и дента нека го испие, нека не му стои повеќе, оти губи ефикасност а и водата има грд вкус. Или ако го навикнеш во раце да го држиш, можеш еднаш во ден 50мг да му даваш разредени во вода со шприц.

Иначе, што се однесува до ,,бегањето,, не е дека не те сака, не се секирај :) :) Природен инстинкт им е да бегаат, и да го чуваш со години тешко дека мирно ќе седи да го фатиш. Најдобар начин да го убедиш во својата добронамерност е да го храниш во раце (на пример кога е време за овошје-десерт, нека јаде во раце кај тебе, од твоја рака - нема да те касне ;) ), а за мочкање е нормално, гледај да не го држиш повеќе од 15 минути, тие секако какаат/мочкаат на 10-15 минути :)

Од мое искуство, првата прасица беше препитома, спиеше кај мене во раце, ми ги лижеше прстите како куче :) Ама вторава, жив ајдук, трчаше како шлакната, ми беше страв да ја оставам сама на кревет.
Ти гарантирам дека двете ме сакаа, ама секоја на свој начин :D

Ако додека ја галиш легне на стомак, готово, знај дека е вљубена до уши :love:

Иначе и јас во аквариум ги чував иако е тоа лош избор, ама немав кафез. Баш тоа што нема струење на воздух создава можност за белодробни инфекции, али, глеј што почесто менувај пилевина, па на пролет нека иде на промаја малце :D.

Биди спремен на се со нив, пренежни суштества се, а ако ти треба (не дај Боже) ветеринар, исклучиво само кај Диме во Капиштец, верувај никој друг си нема поима од овие суштества.

Се најдобро, убаво дружење да си имате, ако што било треба слободно прашај :)
 
Последно уредено:
Член од
3 јануари 2015
Мислења
1
Поени од реакции
0
Сакам да купам Перуанско прасе.Дали има некој информација каде можи да се купат и која цена се движат. petface_morsko-prase1.jpg
 
Член од
3 јули 2015
Мислења
3
Поени од реакции
1
здраво скам да прашам колку пари е пилевината и со едно пакетче пилевина колку време можам да ја користам. и дали наместо пилевина можам да користам обично сено[DOUBLEPOST=1436279012][/DOUBLEPOST]здраво скам да прашам колку пари е пилевината и со едно пакетче пилевина колку време можам да ја користам. и дали наместо пилевина можам да користам обично сено
 
Последно уредено:
На врв Bottom