Среќен сум дека ваква вест ќе споделам со вас, истовремено и фасцинантна.
Брат ми во 2010 декември беше на апсолвентска ескурзија и од Швајцарија си шверцаше Сириски хрчак. Верувале или не, хрчакот уште е жив. И тоа на таа тема ни текна денес, кога му бев на гости и случајно падна она ,,Абе бато, колку време го имаш хрчакот? Некако ми се чини долго или друг купи ти?? „
Ми одговори дека тој е истиот, Мицо се вика. Па некако чудно ми падна дека хрчак толку многу да живее. Се фрлив да барам на форуми по енциклопедии и најдов дека најдолго што живеал хрчак било 4.5 години според Гинисовите рекорди. Имало обиди за да се верификува некој хрчак што живеел 7 години но било чиста измама.
Контактирав и експерти за глодари и просто се фасцинирани но и не многу изненадени поради фактот дека брат ми се грижи за глушецов како негово дете. Мењање пилевина на секои 5 дена, секој ден свежа вода, храна , во водата витамини и минерали, витамини и во храната, морковот и јаболката неизоставен дел , зелката малце помалку, вртењето на тркало обавезно и трлањето низ соба. Сега е нормално тромав, само седи и шета низ кафез повеќе спие. Околу очите му се испаѓани влакната, тестисите му се набабрени и се ко овисната кожа, забите му се испоизгодани и темно жолти( па затоа брат ми му пасира), нанекои места влакната се поретки поизбледени , има перде на едното окце итн сите симптоми на длабока старост!
Е сега, се договараме нешто да ги контактираме тие од Гинис да дојдат и да извршат увид, има брат ми само еден документ кој покажува кога и од каде од Швајцарија е купен, со потпис и со гаранција месец дена дека ако се разболи ке му го заменат исто и ако умре итн. Исто така го има описот на глувчето и од кој вид е. Но не знам дали како базно реевантен ќе го земат тој лист , ќе треба да вршат истрага ќе му го измалтретираат гувчето итн. Што би предложиле вие да направиме ?