Глобалниот фејл околу гасење на огромните пожари и несоодветните авиони наменети за тоа

Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.378
Поени од реакции
7.786
Во САД има посебно обучени пожарникари за борба со шумски (wildfire) пожари, и шо е интерсно тие се дел од шумското :icon_lol: (US Forest Service), Hot Shots and Smoke Jumpers.






Ние во меѓувреме се бавиме со криминогени шабани...

 

SinisteR.

Is this your homework Larry?
Член од
10 јуни 2011
Мислења
2.794
Поени од реакции
6.969
утрово ми излезгоа како google photos memories од Аеро митингот во Битола пред една деценија.
Хаштаг Кадесегледашсебесиза10години


Screenshot_20210910-083257.png

Screenshot_20210910-083234.png
 
Член од
17 март 2014
Мислења
320
Поени од реакции
478
Ај вака да расчистиме.

АТ-802 Фајербос какви што имаме ние носат 3.028 литри вода (плус 160 литри раствор за правење пена за гасење). Канадиер ЦЛ-415 носи 6.140 литри течност, значи од прилика дупло од капацитетот на АТ-802.
И на едниот, и на другиот не им треба многу голема површина за полнење, се полнат за осум, односно 14 секунди глисирање по водена површина. Поради карактеристичниот планински предел, за нас АТ-802 се одличен избор, само да ги одржуваат како што треба.

Покрај нив, ние имаме уште шест хеликоптери (три војни и три полициски, со тоа што два полициски се на ремонт во моментов) од типот на Ми-8/17/171 кои можат да носат по три-три и пол тони ведра на надворешна кука. Проблемот е што имаме само две такви ведра (бамби бакети) и тоа едно со зафатнина од два тона и другото со зафатнина од два и пол тона.
Понатаму имаме исто така хеликоптери од типот на Бел 412 и Бел 212 кои можат да носат на надворешна кука ведра од по тон и пол. Па дури и лесните хеликоптери од типот Бел 206 (еден полициски и четири на полотската школа на АРМ) можат да носат ведра од по 800 литри.

Значи не е проблем воздушната компонента, само треба доопремување со доекипирање, добра обука и уште подобра организација. Слична е ситуацијата и на земја. Може да се искористи постоечката земјоделска механизација (како надополна на ПП специјализирани сретства), па со добра организација да се намали потребата од викање на помош на странски екипи.

П.С.
Едно време имаше показна вежба (неуспешна) на авионите од Бони-Ер за гасење на пожари, носивоста на Ан-2 кои тие тогаш го поседуваа (не знам дали уште постои фирмата) е околу тон и пол. Како крајна можност, можат и тие капацитети да се употребат. Во Грција (а и на други места по светов) една од позапазените улоги во гасењето на пожарите имаа М-18 Дромадери со носивост од два и пол тони течност. За жал, ние такви немаме.

П.П.С.
Канадиер ЦЛ-415 не се произведува одамна, последниот завршен примерок е од 2017 година. Производството треба да се префрли во друга компанија, ама модернизираната верзија ЦЛ-515 сеуште не е влезена во производство. Инаку името на авионот е Скупер, или по нашки жаргонски „Сркач“. Канадиер е фирмата која до сега го произведуваше во повеќе верзии. Новата фирма е Викинг-Ер.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom