Кафето како пијалок носи голема традиција а со него и гледањето на кафе.Кај нас најпознато е турското кафе, со тоа иде и предвидување на иднината од страна на човек што знае да ги толкува фигурите.Обично толкувањето на фигурите е приказна за себе, пагански обичај, суеверна традиција, но не и безвредна.
Е сеа кога сме кај гледањето на кафе, постојат повеќе типови на гледање од кои се издвојуваат:
-Толкување на фигурите што се создаваат на филџанот, или суеверно паганско гледање на кафе. Ова може да го практикува секој што би научил според некое правило како се толкуваат фигурите,што и не е од некое големо значење, затоа се нарекува суеверно гледање на кафе.Обично 30 % од популацијата практикува гледање на кафе а се поголем број станува на оние кои професионално се занимаваат со тоа или во превод би дошло дека пари заработуваат на таков начин.
Енергетско гледање на кафе, или во превод како што се пофали еден член претходно, гледање во филџан и чувствување на енергијата од филџанот кој ја прима од особата која го пие кафето. Ова научно не е докажано исто како што не е докажано дека посто и душата ама има луѓе што го практикуваат и веруваат во тоа.При гледањето особата изиграва некој гатач, вражч или кој знае што, па се претпоставува дека преку филџанот успева да го види вашиот живот , вашите проблеми и вашата иднина, што е теоретски невозможно да се предвиди иднината поради тоа што мора да се има прво акција за да настани реакција а тоа е прв закон во физиката по кој се движи цел универзум жив или не жив.
Друго гледање на кафе, е малце поинаку, што ретко се практикува , и е слично од типот “ме сака , ме неќи“, се поставуваат прашња и се очекува од филџанот “да ги одговори“. Обично гледачот треба да знае да разликува што сака филџанот да кажи, ДА или НЕ, и тоа е тоа во врска за ова гледање на кафе.
Најуспешните гледачи на кафе, се добри психолози и лесно можат да ја проценат личноста што сака, и што сака да кажи.Енергетските гледачи на кафе, се луѓе што цел живот го тупат со отворањето на чакри , или веќе се очакрени, па илузиите се она што го чуствуват.
Гледањето на кафе не е само предвидвување иднина, има традиција и ритуален карактер, вклучувајќи го и пиењето.
Пијте кафе, умерено, и кафето секогаш е најубаво со пријател.