Некои мислат дека свесно се тие манипулации со “фантомските“ гласачи, со цел да се дискредитира самиот процес.
Не би ме чудело.
Знаеме како испадна аферата “лични карти“, сите слушавме за изработка на лични карти, и тоа од високи партиски функционери, за “пепик, човекот што ни ги прави личните карти“, за тоа како биле готови 300 лични карти за Струмица што треба да се подигнат, за незакнска изработка на лични карти за човечињата..... Наеднаш се пушта патка со “фаслификувани“ ЛК, ( што, патем, се докажа дека не биле употребени во гласање ) , ВМРО оддеднаш е многу агилно и повикуваат под итно да се најдат фалсификаторите, па и се апсат осомничени. Малку луѓе се занимаваа зошто
нема притвор за осомничените, а и тој едниот што е затвор, лежи за друго кривично дело, не за фалсификат ! Братот и сестрата, што исто се приведени како помагачи и се во притвор, исто не се обвинети за фалсификат, туку за
друго кривично дело.
Многу нешта не штимаат, ама битно , општиот впечаток кај народот, потпомогнати со јака пропаганда од куртон медиуми, е дека СДСМ ги фалсификувал.( никој не прашува, ако веќе фалсификувал, што е тешко кривично дело, -зошто не ги употребил, па да победи на избори? )
Се мириса на добро изрежирана игра
Исто и за фантомските гласачи.
Ако се било чисто, зошто имаше толку противење од ВМРО за проверка ? Нели, јас да сум за некоја работа чист - јас самиот ќе инсистирам на проверка, а не да правам опструкции ! Зошто пазарење - 300, па 200, 150 илијади....
Како е можно “
моето име и името на мојот сопруг се најде на список на “… македонски државјани со валидни адреси, но кои ги нема во актуелните бази со кои располагаат домашните институции последните неколку години“ , кога ние двајцата живееме на иста адреса веќе 35 години, работиме и сме во списоците за вработени веќе 35 години, имаме здравствено осигурување веќе 35 години, имаме електронски здравствени книшки и сл.“
Значи, дали е мошно да се изрежира - свесно да се стават познати фаци на тој список на “фантоми“ , Шекеринска читам, Најчевска, Макрадули....., па да после ВМРО има основа да тврди дека целата приказна за фантоми е местенка од СДСМ ?