Гласање и избори - се што треба да знаете за вашите права и одговорности во изборниот процес!

Статус
Затворена за нови мислења.

Crazy in Love

Here's looking at you kid.
Член од
25 јануари 2007
Мислења
23.859
Поени од реакции
25.413
Голем дел од луѓето во Република Македонија не се целосно запознаети со своите права и одговорности во текот на изборите. Оваа година е година на претседателски и предвремени парламентарни избори. Сигурно и на форумот не е секој запознает со изборниот законик, а за многумина можеби ова ќе биде прво гласање, така што решив да отворам една тема каде ќе се објаснат основните поими, права и одговорности за време на изборниот процес. Темата ќе биде Read Only, а ќе бидат поставени и линкови до Државна изборна комисија и Изборниот законик, доколку некој сака подетално да се запознае и да прочита повеќе. Значи подоле се избрани најосновните информации кои гласачите треба да ги знаат. Сепак во текот на деновите ќе бидат поставени и други битни информации за гласачите.


Според член 22 од Уставот на Република Македонија:

Секој граѓанин со наполнети 18 години живот стекнува избирачко право. Избирачкото право е еднакво, општо и непосредно и се остварува на слободни избори со тајно гласање. Избирачко право немаат лицата на кои им е одземена деловната способност.


Главни и основни поими кои треба да се знаат, а кои се дел од Изборниот законик:


1.Избирачко право - Правото на секој државјанин на Република Македонија со наполнети 18 години живот и е деловно способен. Избирачкото право може да биде активно и пасивно, т.е правото на граѓанинот да бира (активно право) и да биде биран (пасивно право).

2. Избирачкиот список - Јавна исправа во која се запишани граѓаните со избирачко право. Секој граѓанин има право во секое време да побара и да провери дали е запишан во Единствениот избирачки список и доколку не е запишан, а ги исполнува условите за избирачкото право, тогаш може соодветно да се пожали во поддрачното одделение на Државната изборна комисија .

ОВДЕ може да проверите дали ве има на избирачкиот список.

Државната изборна комисија најдоцна 15 дена од денот на распишувањето на изборите го става Избирачкиот список на јавен увид во своите подрачни одделенија и месните канцеларии со состојба на податоци за:

- граѓаните со наполнети 18 години живот на денот на изборите (прв круг на гласање),
- умрените лица 30 дена пред денот на распишувањето на изборите и
- другите податоци од Избирачкиот список на денот на распишувањето на изборите.


3. Изборни органи - Органите надлежни за спроведување на изборите. Органи надлежни за спроведување на изборите се:

1. Државната изборна комисија,
2. Општинските изборни комисии и Изборната комисија на градот Скопје
3. Избирачките одбори и
4. Избирачките одбори за гласање во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија, односно конзуларните канцеларии


* Работата на изборните органи е јавна и право да присуствуваат на работата на изборните органи имаат овластените претставници на подносителите на листи и акредитираните набљудувачи.

Изборниот систем на Република Македонија:

Избор на претседател на Републикатасе врши на територијата на Република Македонија и во дипломатско – конзуларните претставништва на Република Македонија во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија, како една изборна единица според мнозинскиот модел.

Во Собранието на Република Македонија се избираат 123 пратеници, од кои 120 пратеници се избираат според пропорционалниот модел, при што територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираат по 20 пратеници и тројца пратеници се избираат според мнозинскиот модел во еден изборен круг и тоа пo еден пратеник од три изборни единици во Европа и Африка, во Северна и Јужна Америка и во Австралија и Азија.

Основни правила на изборниот процес:

- Претседателот на Републиката, пратениците, членовите на советите и градоначалникот на општината се избираат на општи, непосредни и слободни избори, со тајно гласање.

- Никој не смее да го повика избирачот на одговорност заради гласањето, ниту пак од него да бара да каже за кого гласал или зошто не гласал.

- Право да избира има секој државјанин на Република Македонија кој наполнил 18 години и има деловна способност и е со постојано живеалиште во изборната единица, општината, односно градот Скопје каде што се врши изборот.

- Гласањето започнува во 07:00 часот и трае непрекинато до 19:00 часот по локално време во
земјата на гласање. ИО може да го затвори гласачкото место и пред 19:00 часот, ако гласале сите избирачи запишани во избирачкиот список за што се бара претходна согласност од ДИК, но не отпочнува со броење на гласовите пред 19:00 часот!

- Во 19:00 часот гласачкото место се затвора, а на избирачите кои се затекнале во објектот каде што се гласа им се овозможува да гласаат.




Постапката на гласање:


Гласањето се врши лично на гласачките места при што избирачите пристапуваат да гласаат еден по еден.

Според најновите измени проверката на идентитетот се врши на следниот начин:

- Проверката започнува со вметнување на личната карта или патната исправа со биометриските податоци на избирачот во читачот на лични карти или патни исправи по што избирачот го поставува соодветниот прст на скенерот со биометриски сензор.

- Отисокот од прстот на избирачот добиен од скенерот, преку електронскиот систем, се споредува со податокот за отисокот од прстот на избирачот добиен преку читачот на лична карта или патна исправа.

- Доколку биометриските податоци добиени од читачот и од скенерот се совпаднат се смета дека личниот идентитет на избирачот е утврден.

- Избирачкиот одбор, по утврдувањето на идентитетот на избирачот, го заокружува неговиот реден број во изводот од Избирачкиот список и избирачот го става својот потпис, а ако е неписмен става отпечаток од десниот показалец. Ако избирачот нема десен показалец, тој ќе стави отпечаток од неговиот лев показалец, а доколку нема ни лев показалец не се става отпечаток.

- По идентификацијата избирачот добива гласачко ливче и му се обележува со видливо мастило палецот на десната рака, односно палецот на левата рака, доколку нема палец на десната, притоа внимавајќи со видливо мастило да се опфати и ноктот на палецот. Ако избирачот нема палец на двете раце, тогаш му се обележува со видливо мастило десниот показалец, односно левиот показалец доколку нема показалец на десната рака.

Процесот на гласање може да го поделиме во повеќе фази кои, прикажани сликовито, се
одвиваат по следниот редослед.



Чекор 1 заради новите измени трпи промена, наведена погоре. :)














Како треба да изгледа местото за гласање:


ГЛАСАЊЕ НА ИЗБИРАЧИ НА КОИ ИМ Е ПОТРЕБНА ПОМОШ

• Избирачот кој има физички недостаток или е неписмен и поради тоа не може да гласа на начин утврден со законикот, има право со себе да донесе лице кое ќе му помогне при гласањето.

• Ако избирачот не доведе со себе лице кое ќе му помогне при гласањето, тогаш ИО ќе определи друго лице од редот на присутните избирачи на гласачкото место. Значи, ова лице во никој случај не смее да биде од редот на членовите на избирачкиот одбор, овластените претставници на подносителите на листи или набљудувачите.

• Пред да гласа, ИО на лицето кое дава помош ќе му укаже дека со неговата помош не треба да влијае врз одлуката на избирачот.

• Избирачот и лицето кое му помага заеднички пристапуваат зад параванот за гласање.
(Гласањето и во овој случај задолжително се врши позади параванот).

НАПОМЕНА: Пополнувањето на гласачкото ливче се врши на начин што лицето кое помага го прашува гласачот за која листа сака да гласа, му го покажува на гласачот редниот број пред листата на кандидати за која гласачот сака да гласа а гласачот самиот го заокружува гласачкото ливче. Лицето кое помага го пополнува гласачкото ливче наместо гласачот само во случај кога гласачот е слеп или со физички недостаток заради кој не може сам да го пополни гласачкото ливче


ВАЖЕЧКО ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ Е ГЛАСАЧКО ЛИВЧЕ ОД КОЕ НА СИГУРЕН И НЕДВОСМИСЛЕН НАЧИН МОЖЕ ДА СЕ УТВРДИ ЗА КОЈА ЛИСТА НА КАНДИДАТ ОДНОСНО ЛИСТА НА КАНДИДАТИ ИЗБИРАЧОТ ГЛАСАЛ.

Гласачкото ливче е неважечко ако не е пополнето или има заокружено повеќе
листи на кандидати или кандидат.


ЗАШТИТА НА ИЗБИРАЧКОТО ПРАВО

- Постапката за заштита на избирачкото право е итна.
- Поднесоците (приговорите и жалбите) за заштита на избирачкото право се доставуваат до надлежните органи преку органите кои претходно одлучувале.
- Приговорите се поднесуваат во писмена форма и содржат:
- место, време, опис на направената повреда, сторителот и доказите на кои
подносителот се повикува;
- име, презиме и потпис на подносителот на приговорот, односно на овластениот
претставник и електронско сандаче за прием на писмена.
- Доставувањето на приговор и тужба по пошта не е дозволено.
- Приговорите можат да се поднесуваат и на посебни обрасци, пропишани од страна на Државната изборна комисија, објавени во "Службен весник на Република Македонија" и на интернет страницата на Државната изборна комисија.
- Одлуките на Управниот суд се правосилни и против нив не може да се изјави жалба или друг вид на правна заштита.

- Секој избирач на кого му е повредено избирачкото право во постапката на спроведување на гласањето може да поднесе приговор до Државната изборна комисија во рок од 24 часа.

- Секој избирач на кого му е повредено избирачкото право во постапката за спроведување на гласањето во странство може да поднесе приговор до Државната изборна комисија во рок од 24 часа по брза пошта, а времето на поднесување на приговорот се смета од времето на предавањето на пратката.

- Првостепениот орган е должен во рок од 4 часа по приемот на приговорот да донесе одлука.
- Против одлуката на првостепениот орган, односно Државната изборна комисија може да се поднесе тужба до Управниот суд, во рок од 24 часа по приемот на решението.
- Ако одлуката се однесува на одредено дејствие на избирачкиот одбор, a процесот на гласање е во тек, на избирачот ќе му се овозможи остварување на избирачкото право.

-Управниот суд по тужбите решава во совет од петмина судии избрани по пат на ждрепка на јавна седница за која ги информираат овластените претставници по чии тужби се одлучува.
- Управниот суд е должен да донесе одлука во рок од 48 часа по приемот на тужбата.
- Управниот суд може да ја потврди или преиначи одлуката.
- Одлуките по приговор и тужбата со самото донесување се објавуваат на интернет страницата на Управниот суд, Државната изборна комисија, градската изборна комисија и општинската изборна комисија и на друг соодветен начин.



Мислам дека ги опфатив горе-доле најважните работи поврзани со гласањето.

Доколку повеќе сакате да дознаете за изборниот процес, посетете ја веб страната на Државна изборна комисија, на која може да го најдете изборниот законик.

Сите информации во темава се преземени преку страната на Државната изборна комисија и Изборниот законик и правилниците за работа исто така достапни на веб страна.

Повеќе информации за објавување резултати и изборните органи, во некој нареден пост, нема веќе место тука. :)
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
Она што е најбитно, а граѓаните тешко го разбираат е дека позади параваните се сами за себе и дека таму одлучуваат самостојно без некој да ги контролира. Но за жал и оние кои одлично го познаваат правото на глас како едно од основните човекови права, подлежат на притисоци и закани!
 

Коловрт

Озимандија
Член од
12 април 2010
Мислења
4.015
Поени од реакции
9.164
http://libertas.mk/заев-сдсм-ќе-предложи-македонија-да-би/

Шо би сменило ова? Или колку да се предложи нешто?
Помалите партии ќе имаат поголеми шанси да влезат во Собрание. Ова би понудило поголема политичка шареноликост наспроти црно-белата понуда сега од која добар дел гласачи претпочитаат да се дистанцираат наместо да избираат. На последните избори едно 50.000 гласа кои не беа наменети за една од 6-те партии со свои пратеници практички пропаднаа. Идејата не е од сега. Опозицијата ја актуелизира бидејќи веројатно се надева да создаде мнозинство во Собранието во коалиција со некоја од тие помали партии кои во една изборна единица би биле поголеми играчи.
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
Се согласувам со ова, да бидеме 1 ИЕ, од проста причина што шанса добиваат помалите партии и тогаш реално ќе биде и гласањето со етникумите- албанци за албанци, роми за роми, срби за срби ќе гласаат, што е и реално и логично.
Досега србите на пр. имаа 1 пратеник во коалиција со ВМРО, турците 1 со ВМРО, 1 со СДСМ итн.
Вака, СДСМ и ДПМНЕ наместо сегашните 90-95 пратеници ќе имаат 80-85, србите 2-3, ромите 2-3, бошњаци 1, власите 1, помалите партии (ГРОМ, Алијанса, ВМРО НП, ДОМ, ДС итн) ќе имаат 5,6 или повеќе партеници.
Со тоа која партија и да прави влада ќе мора да ги стави во коалиција и тие партии за мнозинство, и така ќе биде испочитувана вољата на гласачите а не како сега.
 
Член од
1 декември 2014
Мислења
2.233
Поени од реакции
4.409
А каков е овој мнозински што бил во 98 и што го предлага Груевски?
 

POWER-MKD

Per aspera ad astra
Член од
1 март 2008
Мислења
4.763
Поени од реакции
644
А каков е овој мнозински што бил во 98 и што го предлага Груевски?
Се натпреваруваме јас и ти и кој тепа, тој. Само тој не е за овде, инаку е ок систем. Овој е подложен за манипулации кај нас.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
наводно на 22 лица незаконски им биле издадени лични карти, а немале потврда за живеалиште ..
и според некој незаконски се нашле на Избирачки список
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=CEFFFDBEA125D3498364A1259985B2F1
Е сега се отвара една работа...По уставот на РМ секој државјанин на РМ, вклучувајќи и тој со престој во странство има право да гласа..
- второ, што праиме со луѓе што немаат фиксен престој, чергари, спијат во кола, брод ?
Мислам дека правото на глас нема врска со жителството, можеби треба само кај локалните избори да се утврди..
А и тука има дубиоза, има луѓе што живеат на 2 места, н.пр. во Охрид и Скопје. Каде ќе имаат право да гласаат на Локални избори ?? формално каде се пријавени или ќе се мери должината каде повеќе престојуваат ?
 
Член од
11 март 2015
Мислења
1.117
Поени од реакции
982
наводно на 22 лица незаконски им биле издадени лични карти, а немале потврда за живеалиште ..
и според некој незаконски се нашле на Избирачки список
http://www.dnevnik.mk/default.asp?ItemID=CEFFFDBEA125D3498364A1259985B2F1
Е сега се отвара една работа...По уставот на РМ секој државјанин на РМ, вклучувајќи и тој со престој во странство има право да гласа..
- второ, што праиме со луѓе што немаат фиксен престој, чергари, спијат во кола, брод ?
Мислам дека правото на глас нема врска со жителството, можеби треба само кај локалните избори да се утврди..
А и тука има дубиоза, има луѓе што живеат на 2 места, н.пр. во Охрид и Скопје. Каде ќе имаат право да гласаат на Локални избори ?? формално каде се пријавени или ќе се мери должината каде повеќе престојуваат ?
Не туку по адресата на лична карта...Проблемот кај тие 22 лица е тоа што воопшто немаат доказ дека живеат на адресата која им ја пишува на личната карта, а не дека немаат право на глас.
Во врска со бездомниците тие си се пријавуваат во социјални служби и на тој начин се води евидентирање на таквите лица, со овие 22ца не било така. Плус овие 22ца се државјани на Албанија со престојувалиште/живеалиште во Пустец, така да по ниеден основ (освен како дијаспора), немаат право на глас на територија на РМ!
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
Не туку по адресата на лична карта...Проблемот кај тие 22 лица е тоа што воопшто немаат доказ дека живеат на адресата која им ја пишува на личната карта, а не дека немаат право на глас.
Во врска со бездомниците тие си се пријавуваат во социјални служби и на тој начин се води евидентирање на таквите лица, со овие 22ца не било така. Плус овие 22ца се државјани на Албанија со престојувалиште/живеалиште во Пустец, така да по ниеден основ (освен како дијаспора), немаат право на глас на територија на РМ!
во изборнит закон не е стриктно наведено фиксна адреса како услов !! за право на гласање... јас не гледам каде е прецизирано; а тие со двојно државјанство ( и кај нас ама и во други држави) ги пријавува некој на адреса во државата за да извадат лични документи.... но во принцип има нејаснотии и дубиози... имам, роднина што е иселен од пред 30години во друга ехЈу република, пред 20 години зема лк и мк пасош, на фиктивна адреса во Скопје, а се навоѓа на избирачки список од тогаш, а не живее тука...има доста такви...
Диаспора со право на глас е друго, тоа се луѓе трајно иселени од тука во подалечни држави а што добиле наше државјанство.
А во принцип не гледам зашто треба да се врзува право на глас за фиксна адреса, имаше во весници случај од Чаир, еден човек што се развел и жената го избркала, живее во својата кола, со друга жена исто избркана.
А како во УСА многу често менуваат живеалиште, не се врзуваат со купување недвижнина туку изнајмуваат и често менуваат адреса, спрема работата .... и нема таму проблеми со гласањето, освен ако им ја бутнеме ние чивијата :cenzura:
Патем, неодамно НДМ тужеше за фалсификување на пописот од 2002 !!
 
Член од
19 март 2013
Мислења
825
Поени од реакции
601
Прилично сум сигурен (немам време сега да проверам) дека во Уставот и во законите услов за гласање е државјанство, а не поседување имот или плаќање кирија. Тоа што ќе пишува во личната карта е техничка работа. Треба да се провери само следното: Ако имаат државјанство, легални се, ако немаат, постои дубара.

И тоа што се државјани на Албанија може да биде проблем само за на изборите во Албанија, за тука треба да се провери само дали во нашите закони е дозволено гласање на лица со двојно државјанство.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
19.710
Поени од реакции
15.581
се е лук и вода. Дури нема критериуми што е живеалиште, т.е. колку време /година треба да претстојуваш за да биде живеалиште. Многу луѓе имаат недвижности ( сопствени, не под наем) и во Скопје и во друг град. Често се менува односот каде колку претстојува, но не верува, дека често менуваат лична карта. А друго беше некогаш, пред земјотресот, тогаш големите градови беа Бастиони, тешко се добиваше жителство. А имаше по закон задолжителна одјава ( за отсаство над 8 дена ) и пријава, па и кај роднина да одиш. Сега мислам дека не се одјавуват луѓето што одат на 2-3 месеци на времена работа и во странство. А со новата опрема,компјутерите на граница би можело да се евидентира....ако не се направи збрка, како на времето пред 10-15 години, на Ќустендил еден блгарин се враќа а во компјутерот не е заведено дека излегол во странство и настанува циркус :D...
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom