Малку е сурово тоа да не се дозволи на луѓето кои се привремено надвор од својата земја да не гласаат.
Јас сум пријавен дека не престојувам во Македонија и никогаш немам добиено никакво писмо или повик за гласање. Политичката ситуација ја пратам и повеќе од доволно. Секој има некого во својата матична земја, секој одржува контакти, секој има куќа, стан, земја, плаќа даноци за тоа...Сите овие работи му даваат комплетно право на глас.
Ако веќе плаќам даноци и имам семејство, куќи, земји...Сакам да гласам за оној што мислам дека добро ќе „стопанисува“ со мојот имот.
Ммногу земји го практикуваат гласањето во странство, тоа не е ништо ново и чудно, тоа е знак и почит кон своите државјани. Минатата година Естонија како една од првите земји во светот воведе гласање преку интернет.