Гласањето - право или привилегија?

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Гледано од рамките на нашава секојдневна реалност, нормално дека е тешко да се замисли тоа за што зборувам.
Но размисли и обиди се да ја замислиш таа група луѓе кои заедно волонтирале и служеле дваесетина години практично без парична надокнада, ризикувајќи го сопствениот живот за добробит на државата. Зборуваме за волентерска служба, служба од која можат да се откажат во секој момент.
Размисли какви луѓе излегуваат од таква средина, дали и колку би биле поткупливи.

Одредени поединци секако е можно да подлегнат на корупција, но никако целата заедница на тие brothers at arms.
( добро де, така е зборот, сигурно би имало и сестри, не само браќа :) ).
Секако дека би имало и стандарни механизми за справување со корупцијата. Запамти дека еден систем може да биде коруптиран само ако корупцијата доаѓа одозгора. Ако врвот е како што треба, другото доле лесно се регулира.[DOUBLEPOST=1394123172][/DOUBLEPOST]
Лет, не дриблај без топка. Предолг ли ти беше уводниот пост, па го прерипа, а? ;)

Пишав убаво како и зошто, и низ какво сито треба да се просеат избраниците за кои зборуваш. И не го мешај Толкин кога фино лепо ти напишав дека се работи за Хејнлејн.

Работите од спомната книга и не се толку далеку од омилената ти книга од омилениот ти Хари Харисон.
Впрочем се кладам во месечната продукција на Пивара дека не знаеш дека Бил, Галактичкиот Херој всушност е сатиризација на Хејнлејновите Војници на Ѕвездените Бродови.
/interenhumormode off

Интересна, но не и неприкладна иронија. Од аспект на муабетов. ;)
Прочитај ја книгата, треба да ти се допадне чим ти се допаѓа Бил од Харисон. Малку пофилософска е, ама само малку. Интересна е во секој случај, и лесна за читање.
Се кажа но најбитното не
Кој во македонија ќе донесе критериуми комиуии и служби за оценување на “подобни“ за гласање. Која служба ќе те следи тебе 20 години дал си бил посветен или не на Македонија?? Кој ќе оценува дали Грујо или Бранко или Ахмети се посветени?
Ние една лустраторска комисија салам не можеме да направиме без да си извадиме очи, пак сега треба за секој жител на МК да се води 20 години досије и забележува и оценува дал бил посветен или непосветен на државата за да му се даде право на глас од некој си кој за себе смета дека е посветен?!?!
Не си свесен колку детски и и наивно е тоа. Од една страна некоја хипи комуна со служби за следење и досијеирање на граѓани како Секуритате на Чаушеску или Сигурими на Хоџа.... Батали то, излези ко чоек и гласај за опцијата која ти одговара.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Се разбира дека не давам конкретно решение со сите потребни агли, покриени и размислени. Веќе кажав и сам дека во денешни услови ова е утопија.

За концептот разговараме.

П.С. Ако (како вообичаено) инсистираш на тролање, има милиони теми на форумов. Не мораш баш тука.
 
Последно уредено:
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Гледано од рамките на нашава секојдневна реалност, нормално дека е тешко да се замисли тоа за што зборувам.
Но размисли и обиди се да ја замислиш таа група луѓе кои заедно волонтирале и служеле дваесетина години практично без парична надокнада, ризикувајќи го сопствениот живот за добробит на државата. Зборуваме за волентерска служба, служба од која можат да се откажат во секој момент.
Размисли какви луѓе излегуваат од таква средина, дали и колку би биле поткупливи.

Одредени поединци секако е можно да подлегнат на корупција, но никако целата заедница на тие brothers at arms.
( добро де, така е зборот, сигурно би имало и сестри, не само браќа :) ).
Секако дека би имало и стандарни механизми за справување со корупцијата. Запамти дека еден систем може да биде коруптиран само ако корупцијата доаѓа одозгора. Ако врвот е како што треба, другото доле лесно се регулира.
Таа група на луѓе мора да преживува некако. Тие волонтери мора да имаат структура. Ќе ја читам книгата, вака отстрана ми изгледа предизвикувачки перверзно некој да критикува универзално право на глас, затоа што истото не си ја завршило работата и да предлага филтрирање на луѓе на основ на служење во армија. А, армијата по дефиниција е структура со исклучително строга дисциплина и се базира на послушност и примање наредби. Како sir, yes sir луѓе успеваат да добијат монопол врз гласање, а тоа не се претвора во владеење на воена хунта.

Long story short, поентата ми е дека таквото општество е само утопистичко и ништо повеќе. Всушност, заради таквите обиди да прогресивните денес имаме универзално право на глас. Уште од робовладетелство имало луѓе кои сакале да ја редистрибуираат моќта. И десега низ историјата ги имаат користено обесправените за борба против власта и креирање револуции.

Денес, кога правото на глас е универзално, а суштински моќта се наоѓа кај истите или слични центри како и предходно се појавува друг проблем. Политички обесправени и угнетени веќе нема и популистичките механизми на прогресивните се доведени до ѕид. Затоа слушаме ставови на либерални критичари како голем дел од народот бил неписмен и не знаел како да си го користи гласачкото право. Притоа заборавајќи дека своевремето баш тие биле потполно истите ставови на аристократијата, кога се „разговарало“ за давање на право на глас на сите.

Тенденција на моќта е да се централизира и не постои таков институционален механизам што може да го спречи тоа.
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Тенденција на моќта е да се централизира и не постои таков институционален механизам што може да го спречи тоа.
Тенденцијата на моќта да се централизира, тоа не мора да биде лоша работа.
Се разбира, тоа е во ред само ако тие каде моќта е централизирана, се социјално одговорни индивидуи. Со тоа проблемот станува како да се направи само социјално одговорни индивидуи, да се бават со управување на државата.

Еден од можните начини е тој што го опишав, а многу поубаво е покажан во книгата.

Се разбира сето тоа е утопија.
Но не е утопија заради тоа што тој концепт на владеење не би функционирал, утопија е заради тоа што нема поимлив начин како да се започне со спроведување.

Размисли, тие што денес владеат со светот, нема да сакаат да ја препуштат моќта. (благо речено)
Такво поместување на моќта е можно само популарна револуција, која скоро и да не е можна. Не е можна затоа што популацијата денес е потесно контролирана од било кога порано. Единствено теоретски можно тргање на тие што денес се на власт, е отпор организиран токму од некој што веќе располага со моќ која може да им конкурира на спомнатите моќници.
Нема да продолжам во тој правец понатаму, веќе одам во дебела дигресија.

Втора работа е што самата популација не би се сложила со ваков концепт на владеење. Популацијата не сака да се откаже од своето право на глас, сосема нормално зошто во најголем дел не се ни свесни дека демократијата е само илузија од тоа што би требало да биде.

Затоа овој концепт е утопија, затоа што нема изведлив начин за почнување на процесот, а не заради тоа што тој концепт не би функционирал.
 
Shahbaz

Транс Шиптaр
Член од
15 октомври 2013
Мислења
519
Поени од реакции
1.057
Со парите не знам еве дел нека се искористи да им се направат споменици на сите оние што ќе заработуваат повеќе од 1 милион годишно и државата ќе им ги одзема по тој основ и распоредува на работниците.
На кого ќе му одземат повеќе, ќе му направат поголем споменик чисто колку за да има каде да си ги мерат егата.
Утре во Форбс ќе има листа на луѓе со најголеми споменици, наместо со најголемо конто.
Не сум баш најсигурен дека ќе удрат клуч на фирмата и ќе заминат на тропски остров, од причина што не мислам дека само парите се мотивацијата за работа на богатите бизнисмени.
Ова со спомениците е одлична идеја, ама пак има проблеми. Карлос Слим изгледа како некој негативец од шпагети вестерн, па ќе го турат на магаре со пончо и таман ќе му стои споменикот. Ама Били како ќе го извајаат, кај бива "Били на коњ" или "Гик на коњ"?
 
Член од
4 март 2011
Мислења
699
Поени од реакции
704
Темава, колку што успеав да прочитам, не треба да биде сместена во подфорумот право, бидејќи нема ама баш никаква допирна точка со правото - освен можда само насловот (кој исто така е несреќно одбран бидејќи сепак секоја привилегија всушност по својата природа е право), туку со филозофија или уште подобро со научна фантастика.
 
G

Gjoksi

Гостин

...или уште подобро со ФИЛОЗОФИЈА НА ПРАВОТО (мојот најомразен предмет на факс):D
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.151
Поени од реакции
25.594
Тенденцијата на моќта да се централизира, тоа не мора да биде лоша работа.
Се разбира, тоа е во ред само ако тие каде моќта е централизирана, се социјално одговорни индивидуи. Со тоа проблемот станува како да се направи само социјално одговорни индивидуи, да се бават со управување на државата.
Тука е проблемот. Моќта не се лепи за институции, туку за индивидуи. Глигоров беше исклучително моќен претседател, помоќен од сите после него заедно. И Бучковски и Груевски ја имаа/т истата функција, па првиов беше безгласна буква, вториов стана најмоќната политичка фигура што Македонија ја имала досега.

Притоа Глигоров/Груевски се само персонификација и збир на моќта на цела структура околу него. Интересно е што во двете екипи има исти луѓе. Луѓе кои одбиваа да соработуваат со сите други, иако имаа понуди. А прифатија да соработуваат со човек што сака и знае како да менаџира моќ.

Истото се случувало, а и ќе се случува во сите други системи. Без разлика како и да бидат исталирани.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.268
Но не е утопија заради тоа што тој концепт на владеење не би функционирал, утопија е заради тоа што нема поимлив начин како да се започне со спроведување.
Занчи сепак е утопија
 
Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
22.312
Поени од реакции
29.776
Тука е проблемот. Моќта не се лепи за институции, туку за индивидуи. Глигоров беше исклучително моќен претседател, помоќен од сите после него заедно. И Бучковски и Груевски ја имаа/т истата функција, па првиов беше безгласна буква, вториов стана најмоќната политичка фигура што Македонија ја имала досега.

Притоа Глигоров/Груевски се само персонификација и збир на моќта на цела структура околу него. Интересно е што во двете екипи има исти луѓе. Луѓе кои одбиваа да соработуваат со сите други, иако имаа понуди. А прифатија да соработуваат со човек што сака и знае како да менаџира моќ.

Истото се случувало, а и ќе се случува во сите други системи. Без разлика како и да бидат исталирани.
Земаш пример од нашата околина. Глигоров/Груевски се нешто сосема спротивно на тоа за што јас зборувам, а зборувам пред се за потребата од социјално одоговорни персони.
Значи не е доволно некој да биде добар во менаџирање на моќ, добар во управување со државата, ако тој некој нема социјална одговорност.

Етика, морал, социјална одговорност... тоа се работи што се учат. Не се работи со кои некој се раѓа.
Но потребен е процес, и средина од такви социјално одговорни луѓе, за да се изградати нови социјално одговорни индивидуи.

На крајот, мојата способност да го артикулирам сето ова, е ограничена. Навистина ќе биде најдобро да ја прочиташ книгата. ;)
Наспроти философскиов момент, се работи за лесна за читање книга со СФ, па уште и воена тематика. :)
 
Член од
7 ноември 2011
Мислења
2.962
Поени од реакции
3.678
Секаде во современиот свет гласањето е право а не привилегија. Привилегија би било кога не би имал секој право да гласа туку би гласале само одредени привилегирани луѓе а исто така право да бидат избирани би имале само одредени луѓе. Низ историјата секако правото да се бира и да бидеш избран било привилегија поврзана најчесто со имотниот статус, потеклото и слично. Но во историјата гласот навистина вредел. Денес секој има право на глас но неговиот глас скоро да нема и никаква вредност а уште помалку има реални шанси под исти услови да биде биран. Џабе правото да се кандидираш кога за да имаш некакви шанси да бидеш избран зад тебе или твојата партија мора да стои некој со многу пари кој ке ти ја спонзорира кампањата и после секако ке мора да ги одработиш тие пари т.е. да му овозможиш екстра бизнис на оној кој ти ги дал парите за кампања. Гледано и од страната на гласачот пак е исто, изборот е само формален, дали избраниот пратеник ке се вика Петко или Рајко сеедно, тој е обична машина која ке крева рака онака како што ке му каже лидерот кој ги зел парите од спонзорот. Демократијате е фикција, параван зад кој повторно владеат оние кои имаат пари и ако постои некоја борба таа борба е помеѓу тие кои што имаат пари и од исходот од таквите борби народот кој аплаудира за едните или другите нема ама баш никакво фајде. Никогаш олигархијата нема да му дозволи на народот тој да владее. Во САД сеуште изборниот систем е со остаток од времето кога америка нагло се населувала и америчките олигарси никако неможеле да си дозволат со земјата да завладеат босоногите ирци, италијани а подоцна и црнци па го измислиле системот со електорите па и ден денес народот гласа за курово здравје а електорите се тие кои што реално ја избираат власта....
 
Kajgana Shop

На врв Bottom