Гијом Мисо

Srcee

Unforgettable
Член од
29 април 2008
Мислења
5.270
Поени од реакции
3.486
Писател чии книги заземаат прилично голем замав кај македонската читателска публика во последно време. И морам тука да ја спомнам музиката која човекот ја спомнува во книгите, совршена е. Според книгата А потоа снимен е филм, со Еванџелин Лили (Кејт од Лост) и Џон Малкович во главните улоги.

Книжарницата Топер ги издава неговите книги за 199 ден.

Постои ли некој на кој Затоа што те љубам не му се допаѓа? Книгава на сајтот Сакам книги има чиста 5ка од 1087 гласа. Постои ли некоја друга книга од Гијом Мисо која ви се допаѓа повеќе од оваа?
 
Член од
18 јануари 2012
Мислења
609
Поени од реакции
926
Преубава е Затоа што те љубам. Исто така ми се допаѓа и Врати ми се, ја прочитав пред скоро време и е многу интересна. А потоа е дефинитивно следна за читање.:)
 

RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.728
Сите книги му се исти ѓавол. Францускиот Николас Спаркс. Му ја читав една со еден човек што ќе изеде нешто па патуваше низ времето. Тешки глупости.

Ако Затоа што те љубам е онаа со човекот бездомник што си го изгубил детето, таа е океј.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ова е моето рангирање на неговите книги, сите ми се прочитани....

1. Затоа што те љубам 2. Врати ми се 3. А потоа 4. Ангелски повик 5. Дали ме чекаш 6. Што би правел јас без тебе

Оваа шестава како да не е од него пишувана :гомце:

Наскоро треба да излезе кај нас „Седум години подоцна“. Во Србија е веќе издадена.
 

NelTu

Coffee addict
Член од
1 август 2011
Мислења
2.336
Поени од реакции
7.010
Затоа што те љубам, Што би правел јас без тебе, А потоа,
Сите ми се допаднаа.
Сега ја читам Дали ме чекаш, досеа ми е океј.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.154
Поени од реакции
11.493
Да ме прашаше некој пред 4 години, за Мисо би рекол дека е извонреден. Сеа тоа мислење тотално го имам променето отако му прочитав 3 негови книги. Првата баш пред 4 години и можда ме имаше седнато на теме. После тоа ги читав и другата каде наидов на сличен/ист стил, на крај трета шанса за да заклучам дека типот има еден те ист шаблон на одвивање на прикаската. Стилот е лесен, прикаската лесна, нема некој јак мајндфак откако ќе прочитате било која една негова. Ко што вика RocknRolaa - Николас Спаркс, јас би додал малку од Сидни Шелдон што има попримено.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
531
Поени од реакции
613
Две книги од Гијом Мисо имам прочитано „Затоа што те љубам“ и „А потоа...“ и многу малку се сеќавам на нив. Ни кратко сиже не би можела да дадам за ниедна од двете книги.

Само знам дека на почетокот на главите имаше некои добри стихови од песни.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Ја имате најновата „Девојката од хартија“ на саемот на штандот на Топер за 199 денари.
:свиркам:
 

Kajgana Shop

На врв Bottom