Гинекомастија - Др. Даскалов

Член од
14 јули 2017
Мислења
149
Поени од реакции
106
Здраво, после 10-тина години собрав доволно средства и веќе 'ми пукна филмот' од гинекомастијата и како ме прави да се чувствувам.

Гледав опции за каде може да ја отстранам. Дали некој има искуство да сподели кај Др. Даскалов? Гледам има правено такви зафати, и сликите, барем тие што ги рекламира, пред и потоа изгледаат добри.

Најголем страв ми е радоста да ми се претвори во хорор филм на компликации и да не испадне како што треба. Тоа е ризик од секоја операција би рекол но пожелувам работата/вештината/изходот од докторот да е на 100%.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
256
Поени од реакции
279
Damn bro. Си пробал на природен пат да го "решиш проблемот" ?

Трчање, слабеење, вежбање ...
 
Член од
4 октомври 2018
Мислења
1.714
Поени од реакции
4.192
Damn bro. Си пробал на природен пат да го "решиш проблемот" ?

Трчање, слабеење, вежбање ...
Не е гинекомастијата обично сало за да може да го среди со вежбање, делумно може да го подобри изгледот но пак аеролата ќе биде нешто повеќе подуена


1.jpg
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
149
Поени од реакции
106
Damn bro. Си пробал на природен пат да го "решиш проблемот" ?

Трчање, слабеење, вежбање ...
Прилично сум добро фит и изграден, имам развиени гради, стомачни, рамења и све остало. Гинекомастијата се појави хормонски во пубертет. За ''решавање на проблемот" операција останува како единствена опција.
 
Член од
6 август 2015
Мислења
256
Поени од реакции
279
Прилично сум добро фит и изграден, имам развиени гради, стомачни, рамења и све остало. Гинекомастијата се појави хормонски во пубертет. За ''решавање на проблемот" операција останува како единствена опција.
Да, од прилика јасно ми е за што станува збор. Те прашував чисто дека колку што знам, има "степени" на гинекомастија ....

Инаку, за практичен совет немам да ти дадам дека не знам никој што правел. А, ако те прави да се осеќаш лошо и несигурно, не се мисли направи си. Само нели, распрашај се мноооогу добро пред тоа.
 
Член од
12 март 2009
Мислења
14.579
Поени од реакции
9.343
јас добив малку 1994 поради терапија со кортикоиди... но пролетва имав терапија со стероиди и е повидлива...но немам намера да се оперирам, во години сум.. а и ризично е како и секоја операција, колку знам со тотална анестезија ??? , нека ме исправи некој ако не е така;
а мислам еден почина при оперативен зафат во приватна клиника во ТЦ Бисер ???, имаше на тв по судови се влечкаше работата...
вежбање не помага... а во УСА се оперираат, не само глумци и пеачи туку и обични луѓе....
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
7.273
Поени од реакции
11.370
ice_screenshot_20200901-222611.png

...гинекомастија покрај други причини можна е последица и од дисбаланс на хормони тестостерон естроген т.е. нивни продукти, дали воошто си направил такво испитување и во која состојба ти се хормонските нивоа?

ice_screenshot_20200901-222810.png

... би те прашала, еве „ти пукна филмот“ велиш, оперативно ќе го отстраниш, ама што? утврдено ти е дека имаш вишок на „сало“ или вишок на „млечно ткиво“ или двете во комбинација? дали некој воопшто те прегледал и ти дал дијагноза „гинекомастија“ или ти сам така, оти имаш поизразени брадавици или гради?
што ако имаш само зголемени гради од друго потекло, од дебелина да речеме или од прекумерен раст за време на твојот развој што нема врска со зголемување на млечните жлезди на градата што би рекле „гинекомасија“?

ice_screenshot_20200901-222706.png

...вишок на ткивото на млечната жлезда не можеш да го отстраниш со диета и вежбање, ама ако имаш изразено масно ткиво „сало“ тоа и те како со диета и вежбање може да го снема, си направил ли преглед кај специјалист, па ти дал препорака или онака си решил сам идеш на нож и бити

operacija.jpg

...ОК...еве си решил да се оперираш, што ако гинекомастијата кај тебе е последица од дисбаланс на хормоните т.е. зголемено ниво на женскиот хормон естроген и по извесен период повторно настанува „вишок на ткивото на млечната жлезда“...ти пак ќе се оперираш?

ice_screenshot_20200901-222545.png ice_screenshot_20200901-223040.png

... ако си докажал таков дисбаланс прашање дали воопшто си пробал да речеме со лекови тоа да го лечиш после направени лабораториски анализи на хормони? ....вака многу лесно се решаваш за операција на нешто што само естетски може ти пречи, по твоја логика би требало сите бодибилдери и други младичи со поизразени гради да се оперираат, а и женските со мали или ич цицки и тие исто да се оперираат и да вметнат силикони, зарем тие не се срамат кога ќе се соблечат пред мажите и се рамни како даска? зашто на пример би се нафатил на ете да речеме оперативно „од мирно седење“ дали си размислил, дали ги имаш направено сите напори со анализи, лекови и не ја бидува и по препорака си решил да се оперираш? или онака само „ти пукна филмот“... знаеш како викаат старите „ не дирај лава док спава“ !
...мое мислење... полека... остави тоа „ти пукна филмот“ , направи прегледи, анализи види прво целосно проблематиката што е причина, ако имаш точна дијагноза и не иде на друг начин сето...тогаш можеш да се идеш на оперативно решавање!
 
Член од
14 април 2012
Мислења
25.525
Поени од реакции
41.206
Дали се работи за истиот Даскалов што работи ринопластика?
 
Член од
14 јули 2017
Мислења
149
Поени од реакции
106
Прегледај го приврзокот 264653

...гинекомастија покрај други причини можна е последица и од дисбаланс на хормони тестостерон естроген т.е. нивни продукти, дали воошто си направил такво испитување и во која состојба ти се хормонските нивоа?

Прегледај го приврзокот 264654

... би те прашала, еве „ти пукна филмот“ велиш, оперативно ќе го отстраниш, ама што? утврдено ти е дека имаш вишок на „сало“ или вишок на „млечно ткиво“ или двете во комбинација? дали некој воопшто те прегледал и ти дал дијагноза „гинекомастија“ или ти сам така, оти имаш поизразени брадавици или гради?
што ако имаш само зголемени гради од друго потекло, од дебелина да речеме или од прекумерен раст за време на твојот развој што нема врска со зголемување на млечните жлезди на градата што би рекле „гинекомасија“?

Прегледај го приврзокот 264655

...вишок на ткивото на млечната жлезда не можеш да го отстраниш со диета и вежбање, ама ако имаш изразено масно ткиво „сало“ тоа и те како со диета и вежбање може да го снема, си направил ли преглед кај специјалист, па ти дал препорака или онака си решил сам идеш на нож и бити

Прегледај го приврзокот 264646

...ОК...еве си решил да се оперираш, што ако гинекомастијата кај тебе е последица од дисбаланс на хормоните т.е. зголемено ниво на женскиот хормон естроген и по извесен период повторно настанува „вишок на ткивото на млечната жлезда“...ти пак ќе се оперираш?

Прегледај го приврзокот 264656 Прегледај го приврзокот 264657

... ако си докажал таков дисбаланс прашање дали воопшто си пробал да речеме со лекови тоа да го лечиш после направени лабораториски анализи на хормони? ....вака многу лесно се решаваш за операција на нешто што само естетски може ти пречи, по твоја логика би требало сите бодибилдери и други младичи со поизразени гради да се оперираат, а и женските со мали или ич цицки и тие исто да се оперираат и да вметнат силикони, зарем тие не се срамат кога ќе се соблечат пред мажите и се рамни како даска? зашто на пример би се нафатил на ете да речеме оперативно „од мирно седење“ дали си размислил, дали ги имаш направено сите напори со анализи, лекови и не ја бидува и по препорака си решил да се оперираш? или онака само „ти пукна филмот“... знаеш како викаат старите „ не дирај лава док спава“ !
...мое мислење... полека... остави тоа „ти пукна филмот“ , направи прегледи, анализи види прво целосно проблематиката што е причина, ако имаш точна дијагноза и не иде на друг начин сето...тогаш можеш да се идеш на оперативно решавање!

Ти благодарам за мислењето.

Направив тест на хормони пред неколку години и нивоата си беа во ред. Докторката утврди дека имам гинекомастија и дека можно е да ја снема до полнолетност. Со мое дополнително истражување открив дека и големи се шансите да остане, што и така беше.

Како помал, вистина е дека бев подебел (некои 2-3 години) но од тогаш до ден денес физички активен сум и веќе доста амбициозно тренирам неколку години со што би рекол немам некое сало на мене, односно жлездата под брадавицата колку и да се 'исушам' таму е.

Имам пробано со користење на некои суплементи да се намали тоа но се без никаков успех. Операцијата не е неопходна, но од психологична страна за мене е.

Веќе 10 години мислам за отстранување на ова, не е импулсивна одлука што ја добив.
Со тоа кажано, среќен сум за одлуката, стравот е кај резултатот, односно моето првично прашање на темава, мислење за Др. Даскалов

Дали се работи за истиот Даскалов што работи ринопластика?
Да.
 
Член од
15 јуни 2014
Мислења
225
Поени од реакции
183
Не знам колку пари е во МК, но дефинитивно еден од најдобрите пластични хирурзи во околните земји е Енчев (работи во Софија и Пловдив):

Околку 3к еур е операцијата.
 
Член од
15 јуни 2013
Мислења
654
Поени од реакции
730
Здраво, после 10-тина години собрав доволно средства и веќе 'ми пукна филмот' од гинекомастијата и како ме прави да се чувствувам.

Гледав опции за каде може да ја отстранам. Дали некој има искуство да сподели кај Др. Даскалов? Гледам има правено такви зафати, и сликите, барем тие што ги рекламира, пред и потоа изгледаат добри.

Најголем страв ми е радоста да ми се претвори во хорор филм на компликации и да не испадне како што треба. Тоа е ризик од секоја операција би рекол но пожелувам работата/вештината/изходот од докторот да е на 100%.
Со вежбање можи малце да се подобри. Дај слика да видиме
 
Член од
30 август 2020
Мислења
7
Поени од реакции
25
Не мора да избрзуваш, закажи преглед и консултирај се со докторот за можни компликации и после ќе си одлучиш.
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
7.088
Поени од реакции
10.934
Ти благодарам за мислењето.

Направив тест на хормони пред неколку години и нивоата си беа во ред. Докторката утврди дека имам гинекомастија и дека можно е да ја снема до полнолетност. Со мое дополнително истражување открив дека и големи се шансите да остане, што и така беше.

Како помал, вистина е дека бев подебел (некои 2-3 години) но од тогаш до ден денес физички активен сум и веќе доста амбициозно тренирам неколку години со што би рекол немам некое сало на мене, односно жлездата под брадавицата колку и да се 'исушам' таму е.

Имам пробано со користење на некои суплементи да се намали тоа но се без никаков успех. Операцијата не е неопходна, но од психологична страна за мене е.

Веќе 10 години мислам за отстранување на ова, не е импулсивна одлука што ја добив.
Со тоа кажано, среќен сум за одлуката, стравот е кај резултатот, односно моето првично прашање на темава, мислење за Др. Даскалов


Да.
Во почетна фаза се средува со лекови, во подоцнежни не знам дали би ти помогнале воопшто лековите.
Со зголемвање на мускулна маса во тој дел може да се подобри изгледот иако пак ќе се приметува, има професионалци билдери кај кои од далеку се гледа.
Види во Белград како стојат работите со ова, далеку понапред се со пластична хирургија, може за иста цена да добиеш и подобра услуга.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
7.273
Поени од реакции
11.370
Направив тест на хормони пред неколку години и нивоата си беа во ред.
...дали може да видиме кои хормони си тестирал и колку биле во ред? или тоа само докторката усно ти кажала дека се во ред, а резултатот нит си го видел? :(
 
Член од
16 септември 2020
Мислења
22
Поени од реакции
6
Како да знам дали е гинекомастија или само сало? И од што настанува гинекомастијата.Иначе тестостеронот ми е висок а естроген не сум испитал .Поздрав
 
На врв Bottom