Жестоки судири меѓу хулигани и полиција на Парадата на гордоста во Белград
МИА Коментари (0)
10.10.2010 13:03
Околу илјада учесници, меѓу кои се наоѓаат и јавни личности, ја започнаа денеска во центарот на Белград Парадата на гордоста, а хулигани ги нападнаа полициските кордони, кои им возвраќаат со солзавци.
Во Ургентниот центар во Белград се примени десет лица, а меѓу повредените има и тројца полицајци.
На централниот плоштад се собрале неколку стотици демонстранти кои се
обидуваат да го разбијат кордонот на полицијата, фрлајќи камења кон нив. Запален е и еден автобус, а пожарникарните служби се обидуваат да стигнат до местото на инцидентот.
Весникот „Блиц“ објави дека на местото на одржувањето на манифестацијата пристигнале голем број фудбалски навивачи, при што биле слушнати три истрели, за кои се претпоставува дека се од истрелување солзавци.
Полицијата испраќа засилување кон Домот на народното собрание, а
околу триесетина стари Белграѓани со икони и знамиња во рацете го изразуваат незадоволството од одржувањето на геј парадата.
Хулигани кај црквата „Свети Сава“ фрлале факели врз полицијата, која добила засилување од припадниците на Антитерористичката единица.
Поголем судир меѓу екстремистите и полицијата избил кај хотелите „Москва“ и „Балкан“, каде хулиганите успеале да пробијат еден безбедносен обрач.
Екстремистите низ градот се движат во помали групи, а полицијата ја следи секоја група поголема од пет луѓе и не дозволува приод до полицискиот обрач.
Српскиот министер за човекови и малцински права Светозар Чиплиќ обраќајќи им се на учесниците во Парадата на гордоста изјави дека
денешниот ден е важен за слободата на Србија и дека сите граѓани имаат право да ја изразат својата слобода.
Освен Чиплиќ, на геј парадата во Белград учествуваат и шефот на мисијата на ОБСЕ Димитриос Кипреос, шефот на делегацијата на ЕУ Венсан Дежер и амбасадорот во Советот на Европа Константин Јерокостопулос.
http://www.a1.com.mk/vesti/default.aspx?VestID=128513
--- надополнето ---
Кога да организираме парада на Зоофили а?
ќе си ги земеме животињите на ремче со нас и ќе парадираме низ Ск :tv: