Германски јазик

Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Ти благодарам.
Дали имаш инфо за некои слични тестови како тие за Б1 и каде би можел да најдам такви за да пробам да ги решавам дома пред да закажам рок за полагање?
Еве пример за Goethe Zertifikat B1 кој се полага во Гете институтот.

http://www.goethe.de/lrn/prj/pba/bes/gzb/mat/deindex.htm

Тука дадени се некои општи информации за испитот како на пр. теми кои отприлика се паѓаат и слично.

https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/prf/gzb1.html

Ова е пример за ТELC B1. Не се полага во Гете. Се полага во ЛингваЛинк и мислам дека во Центарот за странски јазици.

https://www.telc.net/pruefungsteilnehmende/sprachpruefungen/pruefungen/detail/zertifikat-deutsch-telc-deutsch-b1.html#t=2
 
Член од
12 јануари 2015
Мислења
2.168
Поени од реакции
3.447
За C1 полагање кога има термини и кога е пријавување? Или можеш ти кога сакаш?
Колку пари чини и колку време трае дипломата ? 2 години или доживотно?
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
За C1 полагање кога има термини и кога е пријавување? Или можеш ти кога сакаш?
Колку пари чини и колку време трае дипломата ? 2 години или доживотно?
Термините се напишани на страната на Гете институтот. Мислам дека ако не се пријават доволно луѓе, може да го преместат датумот.

https://www.goethe.de/ins/mk/mk/spr/prf/gzc1.html

Инаку дипломата нема рок на траење, важи доживотно. Единствено, може амбасадата да ти ја одземе, ама тоа во ептен редок случај, веројатно ако одамна е положен испитот и приметат дека веќе не го владееш толку добро.
 
Член од
11 јули 2014
Мислења
1.091
Поени од реакции
315
Дечки, некоја добра страна за основни познавања на германски јазик? Или некој бесплатен онлајн курс? Планирам летово да одам да поработам таму па да не бидам ептен туп.
 
Член од
8 јануари 2013
Мислења
5.052
Поени од реакции
12.936
Дечки, некоја добра страна за основни познавања на германски јазик? Или некој бесплатен онлајн курс? Планирам летово да одам да поработам таму па да не бидам ептен туп.
Баш ко курс да се почне од како се викаш и бројките, не знам, ама сигурно има такви страни доста. Еве една страна за фрази реченици (таму што се употребуваат) или зборчиња, пример пиши нешто на англиски и види како е истото на германски (тие реченици што мислиш дека на работата ќе ти требаат), има и за многу други јазици, имаш и од српски ако ти е полесно. Еве ја страната : http://tatoeba.org/eng/ , постави си од кој на кој јазик сакаш, пиши реченица, јас кога учев јазикот ми се наоѓаше многу.
 
Фала многу. :D
 
Член од
18 март 2014
Мислења
19
Поени од реакции
1
On Air почетен курс (во живо) по германски јазик од "Xplorify" по цена од 295 ден -
https://grouper.mk/deal/xplorify-kurs-germanski-jazik-pocheten

Германски јазик за медицински лица од "Xplorify" по цена од 3690 ден.
https://grouper.mk/deal/xplorify-kurs-germanski-jazik-medicinski-lica

On Air курс (во живо) за конверзација по германски јазик од "Xplorify" по цена од 3690 ден. -
https://grouper.mk/deal/xplorify-kurs-konverzacija-germanski
 
Член од
1 јули 2006
Мислења
853
Поени од реакции
84
Здраво,
Дали некој знае каде можам да најдам некои книги по германски јазик?
Поточно, Англиски-Германски во Скопје?
 
Член од
14 август 2012
Мислења
1.705
Поени од реакции
738
Каде е најдобро да се изучува германски во скопје, некоја школа/курс?

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.628
Поени од реакции
34.881
По мое е најдобро дома да го загреете столот за било кој јазик, на интернет има еден куп видеа, речници, тестови и што уште не, така да не гледам потреба зошто треба да му се плати на некој да ти држи предавања 3-4 пати неделно со кои ќе изгубиш години и пак нема да го знаеш, кога дома кога сакате и како сакате може да го изучувате.
Симнете си Rosseta Stone од Замунда, е сега има и добри курсеви од deutsche welle, јас ги имам на лаптоп Македонско-Германски, али се неколку гига и тешко да ви ги прикачам тука (поделени на почетен, напреден и деловен германски).
Само полагањата ќе си ги платите и од вас зависи за колку време ќе стигнете до посакуваното ниво.
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Дали знае некој во кои ситуации се употребува фразата schon gut и кое е нејзиното значење?
 
Член од
12 декември 2007
Мислења
4.729
Поени од реакции
9.766
Дали знае некој во кои ситуации се употребува фразата schon gut и кое е нејзиното значење?
Пример, во ситуација кога си побарал услуга од некого но во меѓувреме си завршил работа и без него.

- Еј, ќе ми позајмиш 50 евра?

2 дена подоцна:
- Еј извини не видов порака...секако, кога ти требаат?
- Нема веза, средив работа веќе (ова би го заменил со schon gut на германски).
 
Член од
5 јануари 2008
Мислења
532
Поени од реакции
614
Германско-македонски речник, препораки?
Ниеден. Јазикот е доста специфичен, најдобро е да се учат зборовите во контекст со примери. Затоа препорака за германско-германски речник Duden. Има и онлајн верзија.
 
Член од
10 март 2014
Мислења
1.018
Поени од реакции
1.275
Ниеден. Јазикот е доста специфичен, најдобро е да се учат зборовите во контекст со примери. Затоа препорака за германско-германски речник Duden. Има и онлајн верзија.
А дали овој Dunden, ќе ми помогне мене како почетник или е за понапредни ученичиња?
 
Kajgana Shop

На врв Bottom