И тоа не е доволно, а и особено тешко е да изучуваш сам (без никаква помош) јазик.Не дека не е возможно, но е навистина тешко.Оди на dw.de има убави курсеви.
Види, за да ја држиш врската со јазикот во живот мораш да читаш текстови.Но, пред да го сториш тоа треба да ја стекнеш основата.А основата можеш ти на интернет страни да ја стекнеш, но ќе ти биде навистина тешко.Друго е кога ќе седне некој до тебе и ќе ти дава инструкции.Тетка ми (од Белгија) знам дека учеше јазици од книги кој ги купувала од книжари,знам дека не станува збор за речник туку книга на мајчин јазик а воедно е пишувано и на германски исто ... Точно незнам како е,но треба да проверам и овде можеби ке најдам нешто такво ..
Во глобала фала![]()
Тоа е книга или видео?Како што рекоа, Дојче Веле ако сакаш лекциите да се на македонски. Доколку знаеш англиски има многу голем избор на курсеви со книги + аудио. Јас користам Teach Yourself German, а симнав и други е-книги од Демоноид. Доколку си во Германија можеш да најдеш супер курс со 2 ЦД-а плус книги и работни тетратки за 17 евра во секоја поголема книжара.
Е-книга + аудио курс. Друга опција ти е Rosetta Stone програмата каде што има повеќе нивоа на изучување со помош на слики, аудио и микрофон (програмата води сметка и за тоа дали изговорот ти е правилен). Мене не ми одговараше тој начин бидејќи мислам дека се губи повеќе време, а плус сум и навикнат на книги за учење. Само една забелешка, сите овие опции од Интернет се пиратерија. Доколку не си по пиратерија најдобро би било да прашаш во некоја книжара. Учат и во гимназија германски, сигурно има некои книги, работни тетратки и ЦД-а.Тоа е книга или видео?
Инаку не сум во Германија ,во Македонија сум.
Lernen само.стварно тежок е германскио, во 6-7 години 2 јазици научив добро англиски и шпански итоа прилично добро. можев и 3 ама тежок ми беше германскио а и не посветив доволно внимание, со тројче задоволен си бев :d
уствари поентава ми е дека не можиш да научиш германски без помош од некој шо знај, освен некој основни работи arbaiten, essen![]()
Проблемот со речниците често го слушам но јас го зедов речникот од Виолета Христовска и Зоран Кавраков (Венеција Штип, 2002) и поред мене е доста солиден (го владејам Германскиот како мајчен јазик) и има плус добри објаснувајна за граматиката. Проблем поред мене е дека постојат зборови кој не можат исто да се преведат од тука может излагат слабоста на речниците.Јас го научив, не баш добро, особено затоа што немаше речници како што треба.
Не е проблем да разберам, проблем е ако треба да преведувам.
Инаку малку е „шилест“ за нашите уши, ама е доста прецизен: глаголот е секогаш на второ место или на крајот на реченицата. Мислам, какви што се Германците, таков им е и јазикот.
Ако одиш во гете институтот побарај крими приказни. Тоа го имавме за читање после првите два месеца.
Alles gute!