Германски навивачи се тепаа со полицијата во одбрана на македонското знаме! (ФОТО+ВИДЕО)

Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Се додека не и кажат на Грција да не не блокира веќе во ЕУ, ништо од ваквите потези. Збратимени биле, го бранеле знамето, божеееее, гајле им е нив за македонското знаме, не можат да спијат поради тоа :)
 
C

Creating.

Гостин

Шупелко, се гледа колку ги разбираш работите и моменталната ситуација со вакви кретенски постови...
 
Nymphadora

Емоцинално незрело џубре
Член од
2 февруари 2009
Мислења
986
Поени од реакции
1.672
Се додека не и кажат на Грција да не не блокира веќе во ЕУ, ништо од ваквите потези. Збратимени биле, го бранеле знамето, божеееее, гајле им е нив за македонското знаме, не можат да спијат поради тоа :)
Ти виде некој од овие да седи во парламентот? Знаеш колку нивни се противат за тоа шо педериве уште користат од унијата?
Што мешате политика со спорт... ако двете навивачки групи си се збратимени, тогаш нормално е да си вадат знаме и да си се поддржуваат. Да не сакате да одат протести да одржуваат за нас. Ние самите си го продадовме и знамето а богами и името ќе си го продадеме.. па ти најде нив да ги критикуваш.. ај доста таму.
 
Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Шупелко, се гледа колку ги разбираш работите и моменталната ситуација со вакви кретенски постови...
ајде ти нешупелко просветли ме со моменталната ситуација тогаш. Од тоа што не ги сакаат Грците, им ги исплатија сите долгови. Само вие мешате некакви сентименталности, ако се збратимени навивачките групи добро тоа си е нивно, ама со самиот пост се алудира на тоа дека на некој начин нас Германија не поддржува, што како и да е ноторна лага.
--- надополнето: 23 август 2013 во 13:12 ---
Ти виде некој од овие да седи во парламентот? Знаеш колку нивни се противат за тоа шо педериве уште користат од унијата?
Што мешате политика со спорт... ако двете навивачки групи си се збратимени, тогаш нормално е да си вадат знаме и да си се поддржуваат. Да не сакате да одат протести да одржуваат за нас. Ние самите си го продадовме и знамето а богами и името ќе си го продадеме.. па ти најде нив да ги критикуваш.. ај доста таму.
Да да се противат многу, затоа сите долгови досега им ги исплатија. И сега баш поради тоа што се противат, ќе ја менуваат политиката во однос на Македонија. Секогаш сме пателе од овие големи сили, да те потсетам Германија е на чело на Унијата, а ќе си патиме и во иднина. Што од нас самите, што од нивното неангажирање по проблемот. Во однос на навивачките групи немам проблем тоа си е нивна работа, ама не е коректно да се наведува дека со ваквиот потег Германија било како ја поддржува Македонија, зошто тоа никогаш не било случај.
 
Darling

High Value
Член од
5 јуни 2009
Мислења
13.198
Поени од реакции
27.503
Се додека не и кажат на Грција да не не блокира веќе во ЕУ, ништо од ваквите потези. Збратимени биле, го бранеле знамето, божеееее, гајле им е нив за македонското знаме, не можат да спијат поради тоа :)
Да, у право си, спортскиот клуб Шалке има секаква врска со спорот со името.
 
Pat Bateman

Oh Africa, brave Africa
Член од
7 февруари 2009
Мислења
1.908
Поени од реакции
1.867
Да, у право си, спортскиот клуб Шалке има секаква врска со спорот со името.
Се оградив од тоа, само во поширок контекст погледнав на темата, што можеби беше погрешно од моја страна :) како и да е фактот дека нив ги заболе за македонското знаме ( конкретно за Шалке зборувам сега ) останува :)
 
Niggersinparis

добро вече
Член од
28 август 2012
Мислења
2.457
Поени од реакции
1.999
иначе тука нешто гледам по муабетиве политика грција европа нешто германија македонија полиција а никој не приметуе дека ибрахимович за 20 мил пери носи сеа за платанепшт нем врска ке се догг знае италијански има играно нешто шведски холандски англиски се знае сеа и за друг јазик не е проблем
 
Io Sono Interista

The original, one and only IoSono.
Член од
21 декември 2007
Мислења
28.311
Поени од реакции
57.756
Разлика во менталитет:

Германците од Шалке не излегоа со став: а бе сега што прајте глупости ми вадите знаме на некоја си таму Македонија, па заради такви глупости казни ќе плаќа клубот, ај добро, ама да не ви се повтори повеќе.... Туку фино лепо си излегоа луѓето со став дека A.C.A.B и уште извинување ќе си бараат од полицијата. Зошто? Затоа што се во право и тоа е тоа.

Покрај тоа, германските навивачи го потенцираа фактот дека во Грција се палат Германски знамиња и покрај се што Германија направи за оние говеда, и сега уште месец дена ќеим го постираат знамето по интернет во еден куп верзии.

На нас да ни побараат да симнеме туѓо знаме од трибина и да се случи истово, медиумите ќе ги линчуваат навивачите, клубот ќе се огради од нив за 30 минути со официјално соопштение и месец дена ќе плука по нив кој ќе стигне. „Ајде бе, земале таму за знаме на Којкурстан да ми прават проблеми да не можам фудбал на раат да гледам“.

Што е потрагично во нашиов случај, и за наше знаме да е проблемот реакциите би биле слични.
 
Член од
28 јануари 2007
Мислења
511
Поени од реакции
227
Пошто повеќето од тука врска немаат да разјасниме; Дечкиве не се некои хулигани па да си бараат пошто зашто рчка со полиција, ако видите убаво не се ни тепаат со полицијата, друга работа е што скоро на секоја нивна утакмица вадат македонско знаме што значи не е тоа со цел да се испровоцираат грците. Истиве дечки заедно со КОмити договорија пријателска утакмица Вардар со Шалке за без никаков надомест на Градски што за клуб како Шалке е незамисливо..
Истиве овие дечки од Уге, ги подржуваат нашинците во Германија(дизелдорф) и ги примаат како свои, истиве овие дечки доаѓаат многу често во Скопје на утакмици на репрезентацијата и на Вардар, некои од нив дури учат и Македонски. Поголеми амбасадори на Македонија се од многу што се претставуваат како такви и што земаат плата.
Ретко каде ќе најдеме вакво почитување. Клуб како Шалке на својот веб сајт пишува и го брани Македонското знаме. АЛАЛ ВЕРА !
 
Kajgana Shop

На врв Bottom