Да ја озвежан темава и да ви го покажам моето омилено местo:
Штутгарт - Грабкапеле - иначе и за Духовден се користи како Православна капела од Русите.
Внатре на горниот спрат Православниот иконостас:
НА долниот спрат има гробови, посебно интересен е кралицата Катарина од Виртемберг која тука почива и на која и е посветена оваа градба:
//
Нешто за историјата која е многу интересна:
Кралот на Виртемберг (околија на Штутгарт) имаше жена Катарина Павловна од Русија која му беше втора жена но за жал таа рано му починала па реши на местото каде што имало тврдина да направи капела, односно последно почивалиште на својата жена. Еве како изгледала тврдината:
После негова смрт и мислам смрта на нивната ќерка, сите го имаат своетое последно почивалиште баш на ова место. Од ова место цел Штутгарт се гледа кој се наоѓа во дупка:
Денес капелата се користи како музеј но како што спомнав Русите на понеделникот од Духовден прават богослужба овде во чест на кралицата Катарина.