Германија 2006 или Ј. Африка 2010?

  • Креатор на темата PS
  • Време на започнување

PS

Се вчитува...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
44
Поени од реакции
2
Темата е да се изјасниме дали во Германија 2006 или во Африка 2010 е подбро првенство и зошто.

Јас мислам дека минатото во Германија беше многу подобро и еве зошто тоа го мислам.

Организација:
Многу подобро организирано првенство, спектакуларно отварање се беше во ред за разлика за сега што многу се разочарани.
Инаку доколку земеме во предвид дека е во Африка, можеме да бидеме задоволни.
Судии:
Катастрофални судии повика ФИФА, неискусни и многу судиски грешки кои го уништиа СП.
И во 2006 имаше катстрофални судии, како на пример Иванов кои изиграваше главен шериф на натпреварот и додели 16 жолти и 4 црвени, како секој играч да имаше во себе по еден нож, но сега е поголема катастрофа.
Временска прогноза:
Не дека го следиме првенството во Африка па да се жалиме од времето, но СП ја губи онаа магија кога на 10-15 степени играат играчите и на различни надморски височини.
Топка (Јабулани):
Многу се жалат од оваа нова топка. Неможам да тврдам бидејки сеуште ја немам пробано.
Атмосвера (Вувузели):
Секакви оси, пчели, муви низ глава ни се вртат додека следиме еден меч пред ТВ. За разлика од Германија кога се даде гол се слушне радоста на навивачите има атмосвера, а ваму што ќе чуете? ОСИ, ПЧЕЛИ, МУВИ...
Инаку пред да дувате во нив, размислете зошто ги користат во Африка. :helou:

И уште многу факти кои во моментот не ми текнуваат.

Според мене, многу подобро беше Светското Првенство во Германија 2006 година.
 
Член од
23 јануари 2009
Мислења
10.640
Поени од реакции
2.504
Ако ги споредиме Германија и Ј.Африка и ако ја погледнеш организацијата,ќе сфатиш дека тоа во Германија и не беше кој знае колку подобро од ова.Квалитетот на фудбалот сега е веќе на ниво како на минатите СП.А судиски грешки имало,има и ќе има.
 

RaZ-R

Артилерец
Член од
8 ноември 2009
Мислења
3.394
Поени од реакции
2.431
Германија-затоа што немаше вувузели
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Не е се до отварањето, и не само тоа се смета во организација... какви знаменитости има во ЈАР, све што е вредно за гледање е напраено оваа година со помош од ЕУ т.е. ФИФА која им даде 2 милијарди неповратни средства за уредување на инфраструктурата и стадионите, успад и смештај.

Судиите така сеа се погодија, во Јапан&Кореа беа бетер.

Такоџе и времето, за време на СП и фудбал во Јуни-Јули да глеаш некој како игра со дуги ракави а тренерот во јакна...

Не сум ја пробал новава Јабулани, ализ а старата имам само позитивни критики. Чим голманиве викаат дека нечини, ај нека е така.

Атмосфера, очигледно и овде гласот оди кај Немачка... не само во стадионот туку и ван стадионот беше неспоредлива атмосферата... повеќе забава односно ентертејмнт за љубителите на фудбалот, поише дружење меѓу самите фанови, подолго седење до доцна, просто кажано пофудбалски изгледаше се тоа!

па и срамота ќе беше ЈАР да ја засенеа перфектната организација од Немците.

се надевам само дека Бразил ќе биде најспектакуларен досега за 4 год.
 
Член од
4 февруари 2009
Мислења
7.733
Поени од реакции
7.549
Во Бразил, во поглед на криминал и сиромаштија, ситуацијата е полоша, затоа не очекувај ништо поспектакуларно од ова.
 
M

Mario Gómez

Гостин
Па може да се споредат од повеќе аспекти:

Организација: Стадионите се повеќето нови, изградени со средства собрани одсекаде, оти ем беше криза ем и државата не е така богата. Проблемот е што неколку стадиони се на повеќе од 1500 метри надморска височина и тоа го отежнува играњето на играчите и им го намалува нивните физички способности. Имаше многу проблеми, многу ограбувања на играчи, трофеите ги украдоа, во повеќе хотели собарките партал праеа по собите. Но мора да се заклучи дека ова светско е голем чекор кон приклучувањето на Африка кон остатокот на светот. Ова мораше да се случи, и освен ЈАР, тешко друга земја би можела да организира. Засега нема некој поголеми проблеми, народот е гостопримлив иако сиромаштијата си го прави своето. Значи организацијата послаба од Германија 2006-та. Иако се потрошија тродупло
повеќе средства, бидејќи во Германија беа готови повеќе стадиони и само се реновираа.

Фанови:
Тоа е неспоредливо, друга навивачка култура, 200.000 Англичани во Штудгард, едноставно од почеток се знаеше дека нема да има толку фанови поради безбедноста, и останаа стадионите на милоста на дувачите на вувузели, друго беше во Германија, пеење по пабови и дружење.

Натпреварите: Иако првите кола не донесоа интерсни натпревари мислам дека треба да сме задоволни, имаше многу интересни натпревари.

Судиите:
Секогаш прават грешки, но тука едноставно претераа, многу очигледни ситуации не свиреа.

--- надополнето ---

Во Бразил, во поглед на криминал и сиромаштија, ситуацијата е полоша, затоа не очекувај ништо поспектакуларно од ова.
Се согласувам, многу е голема стапката на криминал, посебно во ЈАР, која е земја да затворски бегалци, Бразил и ЈАР се сеуште земји во развој, со најзабрзано пумпање на економијата. Но сеуште не се спремни, иако Бразил одржувал досега првенство.
 
Член од
11 ноември 2009
Мислења
1.227
Поени од реакции
556
Дефинитивно Германија, што поради атмосферата, што поради поинтересните мечеви. Но, СП пред се со ваква атмосфера не е “уживање за очите и ушите“.
 

MacedonianSun

herE I gO agaiN!
Член од
13 декември 2008
Мислења
1.111
Поени од реакции
33
Германија мислам дека беше подобро, и подобар фудбал а и подобро навивање организација и помалку судиски грешки.
Може и анкета да ставиш :)
 

PS

Се вчитува...
Член од
30 јуни 2010
Мислења
44
Поени од реакции
2
Боби[Мкд];3649988 напиша:
--- надополнето ---

[/COLOR]
Се согласувам, многу е голема стапката на криминал, посебно во ЈАР, која е земја да затворски бегалци, Бразил и ЈАР се сеуште земји во развој, со најзабрзано пумпање на економијата. Но сеуште не се спремни, иако Бразил одржувал досега првенство.
Мислам дека тоа нема да се почуствува во Бразил, бидејќи ќе ги видат негативните страни од ова СП и ќе ги поправат за другото, така е секогаш.
Првиот впечаток е најбитен, а ФИФА тоа го изиостави на ова СП.
Не е виновна Ј. Африка за ваквото незадоволство, 90% (па и повеќе) е виновна ФИФА, зашто ФИФА ако сакаше вувузелите веднаш можеше да ги забрани и се останато да го смени, но ете, традицијата на Африка да се задржи.
Вувузелите се само за заработка и се е тоа договор помеѓу официјалниот производител на тие играчки и ФИФА.

Што е право право, на Филип Втори (Градски) подобра беше организацијата за натпревар против Шпанија, забранија внатре да се внесе свирче или било што, а не пак вувузели.
 
Член од
20 ноември 2009
Мислења
8.150
Поени од реакции
8.893
Германија.....оти немаше вувузели....тоа е единствена причина :) :smir:
 
M

mercenary

Гостин
Неможам да кажам.Не се сеќавам на СП 2006.Ама баш на ништо...
На СП2002 се сеќавам како вчера да беше а на СП2006 не се сеќавам,иако сигурен сум дека сум гледал..
Ми фрлиле некој магии сигурно...:icon_neut
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Смешно е да се споредува атмосфера на стадиони, терени (во ЈАР некои ми изгледаат ко ниви) и организација. Најмалку гледачи на еден натпревар во Германија беа 37 000 - оваа бројка на гледачи на стадион за ова првенство се смета веќе за успех. ЈАР нема средна класа за да ги полни стадионите - Германија беше најпосетуван првенство после САД (овие па имаат мега големи стадиони и мегалополиси + туристи па се полена стадионите).

За судиите - секогаш имало грешки. Составен дел од фудбалот се и тоа е тоа. Натпреварите во првата рунда беа најнеинтересните од сите СП што сум ги гледал до сега (од 94та) ама се поправија некако од последната рунда по групи и во нок-аут.

Малку ОТ ама реално според мене се на се има помалку од 10 земји кои може да организираат ваков настан со сите нишани - САД, Кина, Јапонија, Ј Кореја (ем имаат пари ем ќе се продаваат карти кај овие - фудбалот е во подем како популарен спорт), Германија, Англија и Франција (не треба коментари за овие). Прашање е дури и една Италија или Шпанија, кои секако ја имаат фудбалската култура финансиски ќе се снајдат бидејќи и кај нив инфратсруктурата на стадиони и придружната инфра не е на исто ниво како кај другиве. Тука се некаде и Бразил и Аргентина и веројатно Мексико кои се секако заболени за фудбал ама да бидеме реални - немаат пари луѓето едноставно. Од друга страна една Австралија или Канада веројатно ги имаат парите за да организираат вакво нешто но не сум сигурен за фудбалската култура, температурата и другите придружни услови.

Африка ова го доби ова што го доби зошто Сеп им вети - но реално ни од далеку не беа спремни за ваков настан.
 

gooner4life

Arsenal-Maniak
Член од
11 јули 2008
Мислења
7.037
Поени од реакции
1.567
Јас би бил за Германија 2006 само поради достигнувањето на мојата омилена репрезентација...
Со оглед на страмот кој го доживеа тука!
Ама сепак ми се допаѓа и ова натпреварување , односно и ова светско поради сиот труд вложен во огранизирањето негово!
 

bRutal savaGe

ಠ_ಠ
Член од
10 јули 2009
Мислења
4.213
Поени од реакции
88
Во Бразил, во поглед на криминал и сиромаштија, ситуацијата е полоша, затоа не очекувај ништо поспектакуларно од ова.
И тоа што викаш, желбата и талентот на Бразил не е доволен за доволување на вистинскиот моментум за тоа како треба да изгледа едно СП.
Британија,Германија,Франција,Италија,Шпанија,Есаде,Кина.

само тие можат да приредат прав спектакл, САМОСТОЈНО
али ај да не ги осудуваме уште непочнати, нека не изненадат... сепак ја имаат реконструирано Маракана
 

Kajgana Shop

На врв Bottom