Германија-Англија | 27 јуни | 1/8 финале

  • Креатор на темата Mario Gómez
  • Време на започнување

Кој ќе биде победникот од овој дуел ?


  • Вкупно гласачи
    116
Статус
Затворена за нови мислења.
M

Mario Gómez

Гостин
Почнува нокаут фазата, возбудувањата продолжуваат. Веднаш првата фаза го донесува еден од највозбудливите натпревари на оваа светско.

Германија против Англија. Најголемото фудбалско ривалство кое постои на светот.





God save the queen, and England national team also. :vozbud:
 
Член од
22 ноември 2009
Мислења
1.683
Поени од реакции
2.244
Ова ова ќе се пее на трибини, секако победа на Англија!!!
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Боби[Мкд];3636805 напиша:
Почнува нокаут фазата, возбудувањата продолжуваат. Веднаш првата фаза го донесува еден од највозбудливите натпревари на оваа светско.

Германија против Англија. Најголемото фудбалско ривалство кое постои на светот.

Прегледај го приврзокот 31102



God save the queen, and England national team also. :vozbud:
Сигурен си???....Аргентина со Бразил да не е помало???..или па англија против аргентина каде не само фудбалско ривалство??

Инаку за натпреварот очекувам да е многу тврда утакмица бидејќи играат две европски великани ..но чуствувам дека германија повторно ќе излези како победник!:toe:
 
Член од
18 јули 2009
Мислења
6.157
Поени од реакции
3.875
Англија со таква игра нема шанси гол да и даде на Германија,може само да се изавди не пенали али не верувам дека ке стигнат до таму бидејки очекувам Германија да си ја заврши работата уште во 90 минути
 

ManUtdChampions

Lleyton Hewitt
Член од
5 февруари 2009
Мислења
32.373
Поени од реакции
42.565
Уфффф ќе биде ептен јако..Едвај чекам, осеќам дека Англија ќе победи.. Предвидувам победа од 3:1 на Англија :)
 

Џони Вајсмилер

Don't share my food
Член од
15 февруари 2010
Мислења
15.489
Поени од реакции
15.506
Англија со таква игра нема шанси гол да и даде на Германија,може само да се изавди не пенали али не верувам дека ке стигнат до таму бидејки очекувам Германија да си ја заврши работата уште во 90 минути
Англија/пенали..некако не одговара компарацијата знаејќи како најчесто испаѓаа англичаните во големите натпреварувања!
 
M

Mario Gómez

Гостин
Најголемо е, од многу фудбалски и нефудбалски причини. Имало и епски натпревари. 1966, 1990, 1996.

Англија(УК) против Аргентина, тоа е веќе чисто воено ривалство. :)

--- надополнето ---

Англија/пенали..некако не одговара компарацијата знаејќи како најчесто испаѓаа англичаните во големите натпреварувања!
Всушност, имаат шанси на пенали оти Балак и Бекам се повредени. :)

Озил ќе ги реши ко лани во финалето. 1 гол и 2 асистенции. :)
 
Член од
2 март 2007
Мислења
4.097
Поени од реакции
893
Сигурен си???....Аргентина со Бразил да не е помало???..или па англија против аргентина каде не само фудбалско ривалство??

Инаку за натпреварот очекувам да е многу тврда утакмица бидејќи играат две европски великани ..но чуствувам дека германија повторно ќе излези како победник!:toe:

Брат на национално ниво this is the mother of all rivalries без никакви дилеми :tv:

Е сега читам дека било скоро сигурно дека Швајни нема да игра. Ако е вистина ова, после Балак, Таски, Адлер, Ролфес и Вестерман мислам дека би било едноставно премногу. Без 110% подготвен Швајни ништо не прави Германија. Секоја чест на Кроос ама тука треба искуството кое со себе го носи Швајнштајгер а кое во овој германски тим го има толку малку.

Напред Какау делува многу поназад и испаѓа дека без Клосе немаат напаѓач во шеснаесетникот. Подолски е дрво. Не знам што беше филмот со Боатенг место Бади - ист гз е. Само му ја намали самодовербата на Бади. Да беше Аого или Јансен лево ќе речев поофанзивно ама со Боатенг не скопчав стварно што беше филмот.

За Англија - ништо не покажаа до сега ама селекторот им е Италијанец - па очекувано е едноставно некако да се протнат до нок-аут фазата па тек после да почнат да играат нешто па со пенал и со 1:0 гол од офсајд или некоја слична дебилна ситуација да направат нешто. Потенцијалот во овој тим на Англија секако е тука арно ама тука е тој истиот потенцијал веќе на 3-4 големи натпреварувања.
 

Tоni

ILLYRIAN
Член од
26 февруари 2009
Мислења
13.639
Поени од реакции
10.237
Не очекувајте англичаните да бидат истите какви беа минатите натпревари.

Сигурно Капело ќе го консолидира тимот,а и по поминувањето на групите и самодовербата им скокна малце на англичаните.

Германците ги знаеме...играат на победа без калкулации,барем така беше досега.

Ќе биде интересен меч,но јас мислам дека Англија ќе излезе како победник.
 
Н

'Никола'

Гостин
Боби[Мкд];3636805 напиша:
Почнува нокаут фазата, возбудувањата продолжуваат. Веднаш првата фаза го донесува еден од највозбудливите натпревари на оваа светско.

Германија против Англија. Најголемото фудбалско ривалство кое постои на светот.

Прегледај го приврзокот 31102


God save the queen, and England national team also. :vozbud:
Море таман се потокмив да правам ваква тема, ме превари.:duel:

Нема што да се кажува многу, епски натпревар како и секогаш кога играле овие две репрезентации.
Не ми се верува Англичаните да продолжат со мизеријата од игра, сигурно дека ќе се консолидираат и ќе им парираат на Германците. Тие пак, најверојатно ослабени без Швајни, ќе мораат да играат цврсто на средина, нема да смеат да губат топки на тој дел од теренот, оти тоа може да биде фатално, со еден Руни во напад. Иако досега нема постигнато гол, или ќе експлодира во 1/8 финале или на поќеток на сезона со Манчестер.:)
 
Член од
18 декември 2009
Мислења
6.125
Поени од реакции
872
Ќе биде дефинитвно доста атрактивен фудбал и ќе ни пружи атракции(ваљда). Иначе ништо не се знае тука, мене ми е сеедно кој ќе иде понатаму. И Италија не играше кој знае како 2006 па освоија, немора да значи ако слабо играле во групи така и ќе продолжат. Можно е и да се извадат шупачки како Швабиве во 2006, ц ц ц ц...Тоа нема да го заборавам никогаш.:toe:
 

Iceboy

Porque somos LOS MEJORES
Член од
23 октомври 2008
Мислења
17.278
Поени од реакции
17.958
После толку најави за освојување на титулата и што ли уште не, после сите гаранции дека ќе рушат се пред нив Англичаниве изиграа за никаде. На моменти не ни личат на репрезентација. Успеаа среќата и искуството беа на нивна страна и ги елиминираа Словенците, ама со Германциве ќе биде далеку потешко. искрено ќе навивам од се срце за Германија, многу мразам кога некоја репрезентација ќе се провлекува низ групите и после чуда ќе прават (Италијанците и Французите пред 4 години:)). А и реално далеку подобра игра прикажаа Германците од Англичаниве па затоа типувам на победа на Гермнаија од 2-0.
 

Ѓорче 1932

тој сум...
Член од
17 февруари 2009
Мислења
13.564
Поени од реакции
11.576
Енглезите ке го јадат за сите пари...кратко и јасно :)
 
Член од
16 август 2008
Мислења
3.293
Поени од реакции
637
Ми се случи грешка во анкетата, гласав за Англија. :tapp:

Како и да е, Германија ми беше фаворит заедно со Франција на ова СП, ама откако вторава гадно се зафркна, останува да навивам за Германија. :)
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom