Од 01.01.2022 (пред некој ден) стапи на сила Regional Comprehensive Economic Partnership или на кратко RCEP. Ова е најголемиот слободен трговски договор во свет и вклучува 1/3 од светската популација и 1/3 од светската економија. Членки (засега) се Австралија, Брунеи, Камбоџа, Кина, Индонезија, Јапонија, Јужна Кореја, Лаос, Малезија, Мјанмар, Нов Зеланд, Филипини, Сингапур, Тајланд и Виетнам.
Договоров за слободна трговија ги опфаќа земјите од АСЕАН, Кина, Јапонија, Јужна Кореја, Австралија и Нов Зеланд. Јужна Кореија ќе го ратификува во февруару и ќе остане Индонезија да го ратификува (администрацијата што го потпиша влезот се уште е на функција).
Искрено, ова е претежно симболично бидејќи многу од потписниците веќе имаа договори за слободна трговија меѓу себе (практично сите, само Кина-Јапонија немаа ФТА ако не се лажам). Но сепак, трговијата ќе види поголема либерализација така што има маргинални придобивки, но вистинската сеизмичка промена (Кина-Индија ФТА) не се случи. Исто така, RCEP би требало да ја поедностави прекуграничната трговија со регулаторната стандардизација.
Симболичната победа е во претставувањето на Источна и Југоисточна Азија како шампиони на меѓународната слободна трговија и глобализација во време кога се гледа затварање на економиите во другите делови на светот. Теоретски, исто така, ги формализира трговските односи меѓу сите вклучени страни - идејата е дека трговските услови на потписниците отсега ќе бидат поотпорни на меѓудржавното политиканство.
Она што ќе биде интересно да се види е дали некоја друга држава ќе се потпише на RCEP во иднина (таа е отворена за нови потписници откако ќе поминат 18 месеци од ратификацијата). Новата држава што ќе влезе во договорот во основа се формализира и ги обврзува договорите за слободни договори со поголемиот дел од азиско-пацифичкиот регион, така што кандидатот Х не мора да преговара еден по еден со Кина, а потоа Јапонија, а потоа АСЕАН, а потоа и Австралија.
ГДП номинална вредност 2020
Американските пундисти секако веднаш почнаа со закани со санкции.