Географски информациски системи =(ПМФ)=

Член од
23 март 2009
Мислења
6.119
Поени од реакции
4.290
Инфо ми треба за насоката, Географски информациски системи.

План е вонредно студирање.

Дали е одлична и препорачувате за студирање во однос на перспектива и барање работа.Какви се професорите? Има ли математика?Дали може да речеме во компарација со Електро е модел решавање задачи појќе или Правен факултет каде што е бубање и читање модел ....Сакам да добијам слика,за што насока е . Вчера случајно на конкурсот на Уким ја видов насокава и доста ми се фати интересна .....Прва асоцијација ми беше Google Maps
 
Член од
29 јуни 2014
Мислења
9.337
Поени од реакции
9.314
Не се студира вонредно... Факултетот не е вечерна школа.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
563
Поени од реакции
356
Како бивши студент на ПМФ (Биологија), можам да ти кажам неколку работи.

Професорите па и асистентите на ПМФ, бар 90% од нив, се луѓе кои едвај чекаат да пренесат знаење на некого. Доколку те интересира и прашуваш, има многу да научиш. Али треба да се пронајдеш во насоката.. и да сакаш да идеш на терени.

Друга работа е што оделот по Географија на ПМФ е познат како „пролазен“ - ради смерот на Туризам (го отворија бидејќи буџетот беше апла низок на ПМФ и првите 2 години примаа свашта колку да се напуни кеш. И по 200 студенти имало у група. Али не е како на почетокот, стегнати се.

Тие што ти се изборни предмети во 2 или 3 семестар, ќе ти бидат Математика и Статистика (изборни но задолжителни се, тие мораш да ги земеш).

Не ти го сфаќам искрено прашањево со моделот.. Ако ти е дали има само бубање, не е. Имаш опција да учиш практично, на терени со колеги од биологија и географија, има да се изнашеташ (ако ти се свиѓаат такви работи..)

И ако сме искрени, тежок е факултетот но може да биде многу лесен-не е правен, работите се учат со разбирање. Тоа што го гледаш, го учиш. Физички го впиваш..

А вонредно ќе ти зависи од бројот на студенти. А пак за компарација, ние бевме 4 студенти у смер па ни држеа секој ден предавање :D
 
Член од
23 март 2009
Мислења
6.119
Поени од реакции
4.290
Не се студира вонредно... Факултетот не е вечерна школа.
Зошто работам,морам вонредно студирање .... На конкурс има 20 места за оваа насока.

Немам доволно инфо за ГИС ,затоа прашувам.Дали повеќето предмети се математика(решавање задачи) во сите семестри или се теорија на читање и учење .... Планот ми е студирање и да работам истовремено ..... Спремен сум да плаќам 400е вонредно. Имам некоја основа на математика,бев на Електро,но прекинав заради приватни и здраствени причини и подзаборавена ми е сега математиката. Треба да одам на приватни часови за апдејт :ROFLMAO: Во опција се и Правен и Економски(Е-бизнис). Така што неодлучен сум.ГИС ме интересира,бидејки што прочитав,Ми треба твое инсајд инфо бидејки си бил на ПМФ....:)
 
Член од
14 јануари 2015
Мислења
5.525
Поени од реакции
7.514
Инфо ми треба за насоката, Географски информациски системи.

План е вонредно студирање.

Дали е одлична и препорачувате за студирање во однос на перспектива и барање работа.Какви се професорите? Има ли математика?Дали може да речеме во компарација со Електро е модел решавање задачи појќе или Правен факултет каде што е бубање и читање модел ....Сакам да добијам слика,за што насока е . Вчера случајно на конкурсот на Уким ја видов насокава и доста ми се фати интересна .....Прва асоцијација ми беше Google Maps
Работа во мкд скоро и да нема, т.е имаш 2 поголеми и уште две три помали ГИС компании и уште некоја позиција чат пат по фирми кои не се класично ГИС ориентирани.
ГИС на ПМФ нема врска со тоа што те чека после со работата, учат нешто ситно картографија, гис софтвери али ништо спектакуларно, сума сумарум немаат врска ниту од картографија, ниту од гис, ниту од географија. Реално за ГИС побрзо ќе се прилагоди некој со добра основа програмирање (javascript, c#, python, java) отколку било кој друг. Во моментов чепкаат по нешто ГИС од географија од оваа насока, Геодезија на ГФ и имаат 1-2 предмети на ФИНКИ, сумарно никој не е комплетен за ГИС и геоинформатика.
Мој совет не си го губи времето, нервите и парите, згора на се и платите се апла ниски, особено за почетниците.
 
Кеплер,одлично објаснување :) Пред 2 часа зборував со еден дечко,многу исто го преслика кажаното твое. Буквално многу насокава е неесодветна со што моментално има пазарот за кадар. Уште е неразвиено,има голем потенцијал,ама за во Македонија,можеби за 10/15 години за побарувачка.
 
Реално нема ни потенцијал за ова во државава, едвај 10 места дали може да користат профи ГИС системи, т.е во превод не повеќе од 100 вработени во сите тие места, порталите по општини и министерства си ги одржуваат фирмите што ги прават и се јајце на јајце сите исти, кодираш еден, само менуваш стилови и по нешто ситно во база. Евентуално за собирање на теренски податоци, што пак се судира со друг факултет каде се профи на таа тема или ако е нешто едноставно може да обучиш рандом било кој од улица да клика на телефон или на рачен гпс (најчесто таа е точноста што е потребна во гис).
За надвор и не се нешто wow високи платите во оваа област, а да работиш remote исто не гледам голем потенцијал со оглед на тоа што во Индија имаат страшни насоки за ова, имаат многу повеќе знаење, а работат за џабе.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
563
Поени од реакции
356
Зошто работам,морам вонредно студирање .... На конкурс има 20 места за оваа насока.

Немам доволно инфо за ГИС ,затоа прашувам.Дали повеќето предмети се математика(решавање задачи) во сите семестри или се теорија на читање и учење .... Планот ми е студирање и да работам истовремено ..... Спремен сум да плаќам 400е вонредно. Имам некоја основа на математика,бев на Електро,но прекинав заради приватни и здраствени причини и подзаборавена ми е сега математиката. Треба да одам на приватни часови за апдејт :ROFLMAO: Во опција се и Правен и Економски(Е-бизнис). Така што неодлучен сум.ГИС ме интересира,бидејки што прочитав,Ми треба твое инсајд инфо бидејки си бил на ПМФ....:)
Математика и статистика се само 2 предмети во 2 или 3 семестар. Тоа го знам, за друго не сум сигурен.

Другиве се што кажаа подолу, мање више можда е така. Ако ти се учи ова, учи го. Мојата насока беше Екологија. Исто се збори, кај ќе најдеш работа со Еколошка насока? А реално пола не ни знаат што се учи на Екологија, мислат заштита на ж.средина и собирање ѓубре е.

Со мојата насока, се работи по организации каде работат на проекти со суми што неможеш да замислиш. Ако те влече ова, ако си спремен и имаш желба да учиш/работиш практично, иди, не слушај други. Работа ќе си најдеш, не се секирај. А 80% од времето ќе го поминуваш на терени и нема да имаш директор кој ќе ти го дрви над глава.

ps: А со правен и економски ќе се влечеш едно добри 2 до 4 години додека не најдеш „солидна“ работа со „солидна“ плата. Под солидна рачунај од 16 до 19к. Има таму кадар за извезување.

Евентуално за собирање на теренски податоци, што пак се судира со друг факултет каде се профи на таа тема или ако е нешто едноставно може да обучиш рандом било кој од улица да клика на телефон или на рачен гпс (најчесто таа е точноста што е потребна во гис).
Не треси зелени. Такво нешто „се судира со друг факултет каде се профи“ не постои. Ова е една наука која не се споредува со никоја друга. ПМФ е поим за се друго. И не е се у телефоните и рачниот гпс.. Како што му кажав и погоре ако стварно сака да го уложи времето и животот во овој свет, треба да почне (со тек на време) да учи и разбира систематика/класификација на латински на подрачја, на региони, фитоценологија, делови од кормофита, гелогија, биотички и абиотички фактори, термална инверзија, екологија на системи итн итн итн.. и на крај да почне да ги разбира базите и апликациите.

Ова се учи и впива во текот на годините на студирање. Самите професори ќе ве носат на терени, со биолошкото друштво се иде на терени низ цела година, каде организираат и 15 днена теренска акција секој Јули/Август каде ќе научиш многу, и од професорите/асистентите кој се на терен сите тие 15 дена, па и од колеги кои се профи у тој правец.
 
Последно уредено:
Член од
14 јануари 2015
Мислења
5.525
Поени од реакции
7.514
Математика и статистика се само 2 предмети во 2 или 3 семестар. Тоа го знам, за друго не сум сигурен.

Другиве се што кажаа подолу, мање више можда е така. Ако ти се учи ова, учи го. Мојата насока беше Екологија. Исто се збори, кај ќе најдеш работа со Еколошка насока? А реално пола не ни знаат што се учи на Екологија, мислат заштита на ж.средина и собирање ѓубре е.

Со мојата насока, се работи по организации каде работат на проекти со суми што неможеш да замислиш. Ако те влече ова, ако си спремен и имаш желба да учиш/работиш практично, иди, не слушај други. Работа ќе си најдеш, не се секирај. А 80% од времето ќе го поминуваш на терени и нема да имаш директор кој ќе ти го дрви над глава.

ps: А со правен и економски ќе се влечеш едно добри 2 до 4 години додека не најдеш „солидна“ работа со „солидна“ плата. Под солидна рачунај од 16 до 19к. Има таму кадар за извезување.

Не треси зелени. Такво нешто „се судира со друг факултет каде се профи“ не постои. Ова е една наука која не се споредува со никоја друга. ПМФ е поим за се друго. И не е се у телефоните и рачниот гпс.. Како што му кажав и погоре ако стварно сака да го уложи времето и животот во овој свет, треба да почне (со тек на време) да учи и разбира систематика/класификација на латински на подрачја, на региони, фитоценологија, делови од кормофита, гелогија, биотички и абиотички фактори, термална инверзија, екологија на системи итн итн итн.. и на крај да почне да ги разбира базите и апликациите.

Ова се учи и впива во текот на годините на студирање. Самите професори ќе ве носат на терени, со биолошкото друштво се иде на терени низ цела година, каде организираат и 15 днена теренска акција секој Јули/Август каде ќе научиш многу, и од професорите/асистентите кој се на терен сите тие 15 дена, па и од колеги кои се профи у тој правец.
Мешаш баби и жаби, екологија нема врска со хардкор ГИС кој е применлива наука во секоја област исто како и програмирањето и не треба да си експерт за екологија за да ги задоволиш потербите на еколозите, ниту експерт за катастар за да ги задоволиш потребите на геодетите и правниците, ниту експерт за урбанизам за да направиш портал за урбанистите. Треба да знаеш да работиш со секаков тип на растерски и векторски податоци, додатно и програмирање за веб јаваскрипт (openlayers, leaflet), python или R за скриптирање (на Mapinfo порано работевме Mapbasic, и на ArcMap пред да се воведе пајтонот исто се користеше за скриптирање Visual Basic), па geoserver, arcgisserver, и задолжително одлично познавање на бази на податоци и функциите поврзани со гис компонента (postgresql со postgis) или од платените оракл, microsoft sql server. За поаматерски пристап може да работиш и само со добро познавање на гис софтверите Arcgis, QGIS, Mapinfo, али така си лимитиран да не можеш да завршиш некој понапреден проект ако нема веќе направен плагин или вградена скрипта како во аркгисот.
Така да како мали џокица го замислува светот е едно, а што треба да знаеш за да работиш како профи гис администратор е сосема друго, дај ми ги какви сакаат нека се податоците и напиши ми во проектната задача што сакаш да ти се пресмета и натаму не те занима останатото.

Просторниот дел се судира со Геодезија и Геоматика и таму тие две насоки се неприкосновени, не зборувам за атрибутите, туку за самите методологии за колекција на податоците и воопшто одредување и премер на обликот на Земјата. Самите атрибути има начини да се соберат и тука може или со микс тимови од двете професии или со обука не едната страна за тоа што е поедноставно. Еве ти пример ако си еколог, кој ги снимаше самите позиции на дрвјата низ државата на минатиот тендер? Геодети или еколози? Еколози шетаа со таблет со внесени податоци и само си пополнуваа атрибутни табели, а самите позиции ги завршија геодетски фирми, така да пак просторната компонента не се спремни да ја завршат луѓе што ја имаат таа насока. Згора на тоа може и со примена на UAV и одредени класификации на ортофотото да се извади со голема точност типовите на дрвјата кои го населуваат одредено подрачје автоматски.
Како дополнителна споредба во поглед на просторната компонента, им имам помагано на дечки кои студираат на ГИС за дипломски и слично на теми околу ГНСС системите кои не ги изучуваат студентите на оваа насока ниту најосновно, а не пак напредни методологии кои ги имам учено во детали за RTK, DGNSS, како функционираат глобални, аугментациски, регионални, аутокорелациски функции, навигациска порака и парсирање на истата во апликации, прн кодови, модулации на сигнали, мултипат, ниту пак имаат појма од референтни елипсоиди, математичка картографија, напредни методи за фотограметрија, лидар технологија, 3д ласерски скенери, 3д модели и облаци од точки и што уште не на овие теми. Така да ако јас се прашувам ова би одело на ГФ како насока геоинформатика и со минијатурни измени со плус 6-7 предмети на Геодезија и исфрлање на дел од непотребните предмети може да имаш екстремно добри гисовци кои понатаму може да се прилагодат на секов тип проекти од оваа област.
 
Член од
28 август 2009
Мислења
563
Поени од реакции
356
Еве ти пример ако си еколог, кој ги снимаше самите позиции на дрвјата низ државата на минатиот тендер? Геодети или еколози? Еколози шетаа со таблет со внесени податоци и само си пополнуваа атрибутни табели, а самите позиции ги завршија геодетски фирми, така да пак просторната компонента не се спремни да ја завршат луѓе што ја имаат таа насока.
Не сум компетентен да ти одговорам на целиот коментар, но за ова можам, зошто ја бев еден од тимот што мапиравме. Апликацијата беше празна мапа од Град Скопје, со миљарда багови и проблеми. Рачно ги внесувавме сите дрвја и грмушки по категории (систематски по класа,ред,фамилија,род,вид). Повеќе од година се шетавме низ скопје, низ паркови, низ булевари.. денар не добивме, покрај тоа што требаше да ни исплатат сума, договорена со печат.

А ако сме веќе искрени, многу изнапишавме за тоа што треба за еден студент на ГИС :D Да беше вака, ќе ни цуташе образованието,
 
Како што ве зезнале вас со парите, сигурно го зезнале и тој со апликацијата и затоа ви ја дале таква, инаку можела да биде со дроп-даун мени за со внесени параметри за секој атрибут и да ви ја олесни работата далеку повеќе, па да ве лоцира приближно за полесно да го најдете дрвото, па со ортофото во позадина или сервис од гугл за сателитски и тн.
Реалноста е дека ниту има асален кадар, ниту има пари во мкд со ова, на едната рака се бројат фирми кои работат со ова, а живеат од министерствата, неколку поголеми фирми и од странски пазар. Сертифицирани од Есри сме уште помалку луѓе, бидејќи повеќе кошта сертификатот од тоа што ќе заработиш во цела година.
 
Член од
30 мај 2019
Мислења
35
Поени од реакции
22
Не знам како би учел ГИС вонредно, ама во Македонија се е можно. Исто така не знам што се се предава тука, ама во странство се е претежно со софтвер програми на лаптоп. ГИС да се учи вонредно ми е малку чудно, затоа што тоа е нешто што постојано треба да се вежба и да се работи, за да не го заборавиш/изгубиш (нешто како математичка анализа и сите правила што следат со тие изводи, интеграли и слично). Јас со ГИС имам вежбано и малку учено некои основи со програми во склоп на еден предмет (што некогаш сум го земал) и ништо од тоа не се сеќавам да бидам искрен. А добро е да се знае и да се има познанство од ГИС и во странство солидно се платени.
Имам некои книги во ПДФ формат за ГИС на англиски.
 
Член од
28 февруари 2017
Мислења
2.735
Поени од реакции
2.634
Не знам по која основа ГИС специјалисти, па и од надвор, во странство би биле јако платени.
Како што опиша @Кеплер , колекција на податоци може да врши и неспецијалист, постобработката со зададени параметри можеш да ја дадеш кај ти е воља. Западњаците не пијат нафта, ги имаат измислено индијците :)
Овде ако не си врзан со министерствата тешко, чат пат ФАО и по некоја друга фондација финансира по некој проект и тука завршува целата приказна.
Совет до @Vori , учи си што сакаш, не е страшно, ако имаш вујко владика ќе те биде за поп:D
 
На врв Bottom