Геоглифот во Овче Поле

Дискусија во форумот 'Мистерии' започната од El Bohemio, 26 мај 2012.

  1. El Bohemio

    El Bohemio Silver Gate

    Член од:
    6 јули 2009
    Мислења:
    1.052
    Допаѓања:
    932
    Речиси во средината на Овче Поле, јужно од Свети Николе се наоѓаа месноста која што народот ја нарекува Канда.

    [​IMG]
    Меѓу овој простор и селата Долно и Горно Црнилиште се наоѓа ридчето кое што разбуди интерес кај македонската и светската јавност. Оваа област народот ја вика Пударница. Претставува мала височинка, која се издига над околниот терен и има одличен видик на Овчеполието. Околината околу малото и рамно ридче е обработлива земја (црница) која што мештаните постојано ја обработуваат и посејуваат со житни култури. Составот на земјата на малото ридче е од песоклива почва, од едар песок со примеси на едри каменчиња и се забележуват остатоци од варов раствор. Составот на земјата и на обработливата површина околу него ме наведува на тезата дека тоа претставува вештачка формација подигната некогаш во минатото - могила (рамна), хумка или вештачко плато на кое се извршувале одредени култови дејствија или набљудувања на небесните тела. Во околината на месноста Пударница има два локалитети од кои што има можност песокот да е пренесен и да е подигнато вештачкото плато.

    Едниот локалитет е до с. Г. Црнилиште, а другиот е до с. Кнежје - до археолошкиот локалитет Билазора. Според анализите и набљудувањето на составот на песокот и примесите во него од едри каменчиња и школки, потврдувам дека песокот е пренесуван од Кнежје, до археолошкиот локалитет Билазора кој се наоѓа неколку стотини метра западно. Овде се поставува прашањето кога и кој го направил платото. Дали е подигнато во времето кога Билазора е во својот најголем административен, воен, културен подем или пред тоа, не знаеме. Одговорот можеби ќе го пронајдеме во идните археолошки истражувања. Платото е со површина од околу еден хектар, во која се ископани ровови од околу 0, 60 м.длабочина. Формите на рововите претставуваат една неправилна елипса која е протегната во посока север - југ. Во неа има уште три рова. Два од нив се во насока исток - запад, се наоѓаат во северната половина на елипсата и се со должина од 2,5 м, додека третиот е во насока север - југ и е речиси двојно подолг. Тој започнува помеѓу двата помали рова во северната половина и се протега скоро до работ во јужната половина на елипсата. Неговиот завршеток наликува на растегната и накосена буква `W` од латинската азбука, или М од нашата. Во кратки црти можам да кажам дека на платото во Пударница, со помош на рововите грубо е скицирано лице на човек.

    [​IMG]
    Фотографијата на платото и рововите на него побуди интерес кај многу истражувачи и ентузијасти, имено тоа е причината поради која што ја претставувам оваа статија во јавноста. Според Домагој Николич, истражувач на мегалити на Балканот, скицата или геоглифот на платото ја е аналогна на космичкото јајце од кое се раѓаат змејовите близнаци, и патот на соѕвездието Касиопеја. Друга интрепrетација на геоглифот на платото, според Македонската транскрипција на Каменот од Розета, даде и Саше Ендроски, потврдена од професорите Аристотел Тентов и Томе Бошевски кои сметаат дека геоглифот го симболизира богот „ЅЕ"- врховен бог на древните Македонци, и неговата посвета кон Големата, Врховна - Прва Мајка. Јас неможам во никаков случај да го интрепетирам геоглифот, бидејќи немам познавања од астроархеологија и лингвистика, но во статијава ја представив топографијата на геоглифот, составот на земјата од кој е изграден, а во наредниве неколку реда ќе ја пренесам и неговата поврзаност со неколку археолошки локалитети.

    Секако, во неговата близина е Градиште – Славев Дол до селото Кнежје или популарно наречената Билазора. Јужно од акрополата на древниот град се наоѓа некрополата. Таа е ориентирана исток -запад, т.е. гледа кон исток или кон платото со геоглифот. Самиот терен на некрополата е на повисоко ниво од околината, благо се спушта кон исток и завршува пред платото на кое е поставен геоглифот. Освен тоа од некрополата на Билазора до платото на геоглифот постојат неколку извори, поставени во права линија, остататоци од тие извори немаме на површината, но јасно се гледа водата која се уште ги преплавува околните ниви. Од овде изведов заклучок дека тие извори мора да бидат поставени покрај пат, кој е во посока некропола – геоглиф.

    [​IMG]

    Геоглифот не е изолирана појава во нашава територија. Тој се наоѓа во права линија помеѓу мегалитска опсерваторија на врвот Кокино, Цоцев Камен и рудникот Алшар на Кожуф планина. Освен тоа тој е врв на рамностран триаголник со точките Стибера и старите Пајонски гробишта.

    http://soundcloud.com/3luminous11/djjshuum61ke
    http://g.co/maps/y9srz

    Автор на текстот е м-р археолог Горан Динев, а земен од http://www.fakulteti.mk/news/12-05-25/geoglifot_vo_ovche_pole.aspx
     
    На Scouser88, metatron, Nymphadora и уште 4 други им се допаѓа ова.
  2. 606

    606

    Член од:
    24 септември 2005
    Мислења:
    511
    Допаѓања:
    50
    Триаголникот од мапата ми личи на малиот триаголник меѓу ушите и брадата на сликата со човекот. Ако ја изротираш сликата на човекот, тогаш геоглифот би дошол кај устата претпоставувам?!
     
    На Брсјак_Бел му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Vollstandig

    Vollstandig Гостин

    Многу интересна статија, за која искрен да бидам прв пат слушам. Македонија крие еден тон тајни, и туристички атракции наспроти телевизорот и политичките случување.

    Ова со “ЅЕ“ е останато од антички времиња, го сметале за богот кој гледа се, и е насекаде, така да, сигурно сте забележале кога дете мало се крие, и обично ќе ѕирне од некаде му викаат “ЅЕ“ демек те виде “ЅЕ“.
     
    На metatron, M.O.P. и -Sluzbarski- им се допаѓа ова.
  4. arakenx

    arakenx

    Член од:
    13 јули 2010
    Мислења:
    2.648
    Допаѓања:
    6.057
    ...колку малку си ја познаваме сопствената татковина

    http://ireport.cnn.com/docs/DOC-879545


    Macedonian Geoglyph

    By Ristevski | Posted November 10, 2012 | Macedonia


    Mystical sign gives Macedonians broaden insights about their past -

    Geoglyphs are works of art created in the earth's soil by organized stacking of stones, earth or other material.
    The origin of these drawings visible from the sky is still unknown to most scholars of our time. World famous Nazca Lines are a series of geometric shapes, kilometers of lines and large drawings of animal and human figures and shapes made on the desert floor in Nazca in Peru.
    In Chile there are remnants of the Inca culture, also represented through forms on earth and only just visible from the sky. Series of such drawings are not only in South America, but in Australia, UK, USA, which is clearly visible on this map . According to previous research, which today forms the science calls geoglifi were created by ancient civilizations in order to show respect for their gods, or of replicating well known "As Above, So Below" The same way of copying the image of "Heavenly Paradise" is evident in Egypt, where the Sphinx and Pyramids are placed just in order reflected a perfect mirror of celestial movements of certain constellations and positions, not just the stars but the sun and moon .

    Macedonia is in the list of world's oldest civilizations. Geogliyph about the size of a football field is located in Ovche Pole, near Sveti Nikole. Clearly visible from a helicopter, airplane, and - on Google Maps

    Part of the local population is aware of the existence of this place more than 15 years, and no doubt that for this was conscious and former Yugoslav Army. These days, scientists, adventurers, explorers from around the Balkans come surprisingly in Sveti Nikole, taking into account the many (over)natural phenomena in the environment. The position of this geoglyph is in a exact direction north - south and located above the village Crnilishte.
    Coincidentally, the symbol painted on the ground which is not cultivated for centuries is the same with some words from the middle text of Rosetta Stone, deciphered by professors Bosevski Tome and Aristotle Tentov. Their work clearly shows that the letter and the language of our ancestors is the root not only of Macedonian, but through out to the Glagolitic and all Slavic languages. According transcription, read from north to south, the picture visible from the sky corresponds to the Supreme Deity of ancient Macedonians, God DZE (one who sees All, Supreme, Ruler, Prophet, The Sacred Eye, The Great Eye) and his tribute to the Great Mother The Great Mother of the whole world - MACEDONIA
    The analogy of the symbol reflected the country with the supreme deity of the ancient people of the region awakened interest among many people in Macedonia.
    Being interested in this place, calculate another interesting parallel - north of there is a megalithic observatory Kokino and south Alshar mine with lorandite. Through communication with researchers in this field, understood, and the similarity in the constellation Cassiopeia and its movement by Northern Star.
    the place where it's located is named KANDA
    Paeonian God of War was KANDAON

    to be continued..
     
  5. stipsburg

    stipsburg

    Член од:
    8 октомври 2007
    Мислења:
    4.497
    Допаѓања:
    8.128
    Не знам каде да го поставам видеото, ама мора да се погледне, во голем дел се зборува за Македонија
     
    На G e G o и gahan им се допаѓа ова.
  6. Dave

    Dave subcomandante

    Член од:
    15 февруари 2008
    Мислења:
    1.663
    Допаѓања:
    2.939
    Го гледав пред некој ден на ХТВ....вери најс...
    Не ми личи дека е многу зналац Домагој....што му е струка? Не го гледав целосно....
     
  7. stipsburg

    stipsburg

    Член од:
    8 октомври 2007
    Мислења:
    4.497
    Допаѓања:
    8.128
    Не знам што точно му е струка, ама постави доста валидни прашања и ако не друго барем покажа дека во Македонија има доста неистражени и мистероизни места кои заслужуваат многу поголемо внимание од тоа кое ние им го посветуваме
     
  8. TheStarOfKutles

    TheStarOfKutles

    Член од:
    20 септември 2016
    Мислења:
    168
    Допаѓања:
    238
  9. gjoko-mkd

    gjoko-mkd

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    3.683
    Допаѓања:
    2.346
    Лично сум проверил и точно е(но можеби е сосема случајно) тоа што го кажува Николиќ-Кокино, Овој геоглиф и рудникот Алшар лежат на иста линија паралелна со мередијаните, т.е. север -југ
     
  10. TheStarOfKutles

    TheStarOfKutles

    Член од:
    20 септември 2016
    Мислења:
    168
    Допаѓања:
    238
    Друго нешто интересно за ова има ли, ако знаеш нешто напиши овде и ние да научиме повеќе :) например што е значењето во тоа што лежат на иста линија? Некои велат дека било незнам како да кажам нешто за ориентација на тоа кај се наоѓа гробот на Аце, други велат дека тоа е само воен ров ископан пред околу 100 години. Кој знае што е:confused:
     
  11. Beric Dondarrion

    Beric Dondarrion Lord of Blackhaven

    Член од:
    14 август 2006
    Мислења:
    19.740
    Допаѓања:
    23.240
  12. LordDragonII

    LordDragonII Dr.Strangelove

    Член од:
    15 август 2008
    Мислења:
    7.831
    Допаѓања:
    2.932
    Алооооу!
    Меридијан е замислен, ЗАМИСЛЕН лак околу површината на земјата.
    ЗАМИСЛЕН!
    --- Споено дупло мислење, 12 август 2017 ---
    Гол црнец да те поклопи.
    Мала шала Берик.

    Не.
     
  13. gjoko-mkd

    gjoko-mkd

    Член од:
    8 јануари 2012
    Мислења:
    3.683
    Допаѓања:
    2.346
    Добро де...поинаку ќе се изразам...лежат на идеална линија која ги поврзува севетниот и јужниот пол(само не сум сигурен дали тогаш имале гугл)


    [​IMG]
     

Сподели преку: