Геноцид, погром и етничко чистење

Член од
28 април 2020
Мислења
237
Поени од реакции
321
Џорџе што си ми пишувал приватни пораки бе? Смеам утре да излезам надвор или да се пазам?
Ja bih se pazio na tvom mestu i ne bih izlazio! Veoma sam genocidan!

Послато са SM-A520F помоћу Тапатока
 
Член од
28 април 2020
Мислења
237
Поени од реакции
321
Od Noviot Belgrad. Blok 65 zapad.

Послато са SM-A520F помоћу Тапатока
Автоматски споено мислење:

Од Пела. Tи?
Gasim sutra ujutru nalog na ovom forumu. Neću vas više uznemiravati. Odlazim. Hvala na druženju! Nadam se da sam doprineo forumu i istini barem malo. Izvinjavam se svima koji su se našli uvređenim, to mi nije bila namera. Da ste živi i zdravi, svi!
 
Последно уредено:
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Читам книги од српско доба и бројките се фрапантни. Според српски извори(многу веројатно е да се намалени):




*Првите 10 години на владеење се мисли периодот 1919-1929.
Овие бројки многу веројатно е да се намалени,но повторно се морничави.
Во друга книга сум сретнал, овој пат според евиденција на ВМРО, дека само во периодот на Александров(1919-1924) имало вкупно 6000 убиства.
Има некои единечни случаи, како на пример некој домашен предавник од Кратовско, Мино Станков, главен на контрачетите во тој регион(сменето во Мина Станковиќ) убил 200 луѓе, а претепал над 1000.
Друг случај во Штип, после атентат над српски генерал се уапсени 4000 луѓе, претепани 200, осудени 39, а убиени 21 итн. итн.
А кај се жртвите при Тиквешко и Охридско Востание, како и масакрите во Виничко, Кочанско...
Морам да признаам дека овој покољ е многу многу помасовен отколку што мислев. Какви ти турци, тие во 3 века сигурно не ги имаат овие бројки достигнато.
 
Член од
10 септември 2016
Мислења
8.900
Поени од реакции
17.543
Читам книги од српско доба и бројките се фрапантни. Според српски извори(многу веројатно е да се намалени):




*Првите 10 години на владеење се мисли периодот 1919-1929.
Овие бројки многу веројатно е да се намалени,но повторно се морничави.
Во друга книга сум сретнал, овој пат според евиденција на ВМРО, дека само во периодот на Александров(1919-1924) имало вкупно 6000 убиства.
Има некои единечни случаи, како на пример некој домашен предавник од Кратовско, Мино Станков, главен на контрачетите во тој регион(сменето во Мина Станковиќ) убил 200 луѓе, а претепал над 1000.
Друг случај во Штип, после атентат над српски генерал се уапсени 4000 луѓе, претепани 200, осудени 39, а убиени 21 итн. итн.
А кај се жртвите при Тиквешко и Охридско Востание, како и масакрите во Виничко, Кочанско...
Морам да признаам дека овој покољ е многу многу помасовен отколку што мислев. Какви ти турци, тие во 3 века сигурно не ги имаат овие бројки достигнато.
Работата е тоа што Турците немале некоја корист од тоа да те тепаат ако не си против султанот. Немале потреба да го асимилираат цело население, веќе им биле уцврстени позициите овде. Додека со Србија е друга приказна, прво имале страв од населението да не заземе бугарска страна пред втората балканска, затоа прават колеж овде одма кога доаѓаат. На сите можни начини гледаат да асимилираат, за да Бугарите подоцна немаат никаква можност за тоа, исто така тукашното население не ги сакало зошто на некој начин се газени од своите(православни) мислеле дека се ослободиле од туѓата вера и ќе живеат подобро но не е така. Но пред се ова ти е најмногу заради асимилацијата, они кога стигнале овде размислувале како и овие денешниве, овие се наши, ги ослободивме од Турците и готово но не почуствувале такво нешто меѓу луѓето, луѓето си биле определени контра.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Работата е тоа што Турците немале некоја корист од тоа да те тепаат ако не си против султанот. Немале потреба да го асимилираат цело население, веќе им биле уцврстени позициите овде. Додека со Србија е друга приказна, прво имале страв од населението да не заземе бугарска страна пред втората балканска, затоа прават колеж овде одма кога доаѓаат. На сите можни начини гледаат да асимилираат, за да Бугарите подоцна немаат никаква можност за тоа, исто така тукашното население не ги сакало зошто на некој начин се газени од своите(православни) мислеле дека се ослободиле од туѓата вера и ќе живеат подобро но не е така. Но пред се ова ти е најмногу заради асимилацијата, они кога стигнале овде размислувале како и овие денешниве, овие се наши, ги ослободивме од Турците и готово но не почуствувале такво нешто меѓу луѓето, луѓето си биле определени контра.
Турците се сериозна империјална држава. Мислат не за 5 години да асимилираат или протераат, туку за 100-200 години. Главните зулуми во нивно време се прават од тукашните муслимани-албанците, при падот на моќта на империјата кога ни тие самите не можат да ја контролираат сета територија.
 
Член од
21 август 2020
Мислења
53
Поени од реакции
35
Член од
19 септември 2009
Мислења
5.081
Поени од реакции
4.932
Од ова дело што си го објавил (демографски карактеристки на вардараска македонија помеѓу двете светски војни) оди во под точката кај што пишува: Eтничка структура во Вардарска Македонија според пописите од 1921 и 1931 година Бројност и структура на македонското православно население „Срби или Хрвати“ по мајчин јазик.
Ќе видиш еден куп сведоштва дека македонското население немало српска свест, па дури и тоа од Јужно Косово, кое препрочитало да се нарекуваат Каури или Христијани, отколку Срби, според српскиот географ Атанасије Урошевиќ.
Како што кажав тнденциозно е за свои потреби, али кажими еве за тоа време модерен попис, зошто Македонци или Бугари не се спомнуваат, а се спомнуваат Маѓари кои се далеку поголема закана за територијалниот интегирет на таа држава.
Автоматски споено мислење:

@pixa , @TheTrooper знаете дека недела дена сте оф-топик, мислам сериозно.
иако е усташ со бугарофилски црти што е разбирливо барем можеш да дискутираш со него без навреди, плус на тоа се труди да докаже нешто ама слабо му иде али пак ке кажам е без навреди за разлика од тебе и оној куртонот бланко тоа е невезможно, а пошто темата е геноцид а си спомнал српски геноцид врз македонците да рааскрстиме дали воопшто имало македонци тоа време, а трупер се убаци дека бугари имало па врз нив бил геноцидот, така да не е баш офтопик.
 
Член од
13 јануари 2015
Мислења
1.044
Поени од реакции
983
Во извештајот за состојбите во Охридскиот Округ од 1914 година составен од началникот Јован Ќирковиќ и испратен до министерот за внатрешни работи во Владата на Кралството Србија, Стојан Протиќ, меѓу другото се сугерира властите да обрнат поголемо внимание, односно поактивна агитација во градот Охрид „со оглед на овдешното население, бидејќи се знае дека Охрид до скоро време бил центар на бугарската пропаганда и влијание“ (центар бугарске нaродне ствари). Опишувајќи ги состојбите во Струга, Кирковиќ е малку пооптимистичен наведувајќи: „Што се однесува пак до расположението кон денешниот режим во овие краеви, стружани кои некогаш први ја започнале (браќата Мила- динови) борбата за бугарску ствар во Македонија, денес покажуваат дека ќе би- дат први меѓу првите кои ќе ги прифатат новите прилики и за тоа заслужуваат признание“ (Српски извори за историјата на македонскиот народ 1912 – 1914, 381–382). Подолу во извештајот Ќирковиќ прилично песимистички констатира дека заради претходното влијание на егзархијата, асимилацијата на населението во Срби, особено во градот Охрид би била невозможна (Ibidem, 388–389; Милош Јагодић, Нови крајеви Србије

Во своите извештаи окружните и околиските началници македонското православно население понекогаш го означувале со терминот Словени или едноставно христијани, како што се примерите од Битолскиот и Охридскиот Округ. Според извештајот на инспекторот на полицијата при Врховната команда на српската војска, Милорад Вујичиќ, при пописот на машките жители на возраст од 20 до 25 години, кој бил спроведен од војската во текот на мај 1913 година, дел од евидентираните се изјасниле како Бугари, а во некои општини попишаните потенцијални регрути по националност се определиле како Македонци. Меѓутоа, споменатиот инспектор на полицијата при Врховната команда во обработката на податоците сите Бугари и Македонци ги евидентирал како Срби ( Спореди: Глигор Тодоровски, Македонија по распарчувањето 1912/13 – 1915, 29; Милош Јагодић, Нови крајеви Србије, 142)

Властите на Кралството на СХС/Југославија во меѓувоениот период преку своите институции, особено преку образованието, настојувале македонското православно население во Вардарска Македонија да го приклонат и да го слеат во рамките на српската култура и традиција. Министерот за образование во Владата на Кралството на СХС, демократот Светозар Прибичевиќ (1875–1936), во 1922 година предложил повеќе мерки со кои морало да се сузбие бугарското влијание сред македонското население преку кои во наставата требало да се потенцираат т.н. национални предмети: српски јазик, национална географија и историја.

Споменатиот Јован Цвијиќ во трудот Проматрања о етнографији македонских Словена наведува дека: „македонските Словени немале одредена национална свест, ниту пак имале самостојно историско минато и книжевен јазик.“ Вршејќи теренски истражувања во Македонија Цвијиќ заклучува: „македонските Словени во мнозинство немаат никаква народна свест, немаат ниту српско, ниту бугар- ско народносно чувство, но имаат предиспозиција народносното чувство брзо да го примат и лесно да се преобратат во Бугари или Срби“326. Погледите на Цвијиќ се труделе да ги остварат државните и воените авторитети. Моќните луѓе во воениот врв, каков што бил генералот М. Недиќ, сметале дека државата ќе ги употреби сите механизми, вклучувајќи и сила бидејќи: „Можеби Македонците се силни и вредни, но државата ќе биде посилна од нив со добро или со сила. Државата може да го употреби и едното и другото според потребата. Силата обликува и создава нации... па така и нашата држава од Македонците ќе направи добри граѓани и добри Срби...“ – изјавил генералот Недиќ во разговор со познатиот југословенски уметник Иван Мештровиќ (1883–1962)327. (
Јован Цвијић, Проматрања о етнографији македонских Словена, 7,
16–17.) (Ivan Meštrović, Uspomene na političke ljude i događaje, Zagreb, 1969, 177–178.)

Опишувајќи го идентитетот на македонското православно население во Полог (за кое го употребува терминот Словени), каде во текот на триесеттите години вршел антропогеографски истражувања, Рудолф Петровиќ во својата докторска дисертација наведува: „ниту како поединци, освен во ретки исклучоци, ниту како целина до денес не се јасно национално-политички определени“, притоа констатирајќи дека српската власт во двете меѓувоени децении не успеала да изгради српска свест кај ова население: „не водејќи сметка за спецификите на областа, ниту за состојбата до 1912 српски- те власти едноставно го наметнале својот систем на политич- ки живот... Слабата управа и корумпираното чиновништво, без потребните или без никакви квалификации, претставува најголем проблем. Народот тука, како и секаде, државата ја идентифику- вал и чуствувал преку управата.“ Внимателно набљудувајќи го полошкото македонско население Петровиќ ќе го донесе следниот заклучок: „Полошките Словени го негуваат сето она за што мислат дека е нивна специфична карактеристика: својот дијалект, своите песни, славењето на имендените и сл. ... Во врска со запоставувањето на домашните интелектуалци, пред доселените Срби, кај нивните образовани луѓе во бивша Југославија се разви тежнеење за автономија. Поекстремните размислуваат за слободна Македонија од Скопје до Солун независна од Срби и Бугари.“332 Всушност, ваквите размислувања, што јасно ги забележал споменатиот истражувач, на одреден начин ќе се реализираат во годините што сле- дуваат. Rudolf Petrović, Polog: antropogeografski prikaz, Zagreb, 1942, 28–30.

Си има за се извори.
Ова не е се.
Автоматски споено мислење:

Се разбира дека еден дел од православното македонско население, особено во северните делови на Македонија, како и во Порече, и делови на Велешко и Прилепско, каде што српското национално влијание било особено силно до 1912 година, имале српско национално чувство. Впрочем, и по Втората светска војна мали делови од автохтоното македонско население во Скопско, Кумановско, Тетовско и Кривопаланечко се декларирале како Срби.

На првиот повоен попис во ФНРЈ во 1948 година во тогашната НР Македонија живееле 29 721 Срби. Од вкупниот број на српско население, поголемиот дел се доселеници главно во поголемите градови, а еден помал дел се староседелци што имале српски идентитет. Ова е карактеристично за Кривопаланечка та Околија, каде околу 1 170 жители на селата Герман и Огут се декларирале за Срби. Слично е и во Кумановско каде околу 5 000 жители од селата Четирце, Челопек, Старо Нагоричане, Никуљане и др. помали села се декларирале за Срби. Во овој број не се вклучени колонистите и нивните наследници од Умин Дол, Љубодраг, Ново Село, Тромеѓа, Матејче и др. села. Исто така и во Скопско во повеќе села на Скопска Црна Гора староседелците се декларирале за Срби. Бројот е околу 3 850 жители. Ваквата појава е карактеристична и за Тетовско, но во помал број. Речиси 500 жители на Вратница во 1948 година се декларирале за Срби (спореди: Konačni rezultati popisa stanovništva od 15 marta 1948 godine, 443, 440, 447, 449). Во сите наведени места до балканските војни српското црковно и просветно влијание било мошне силно и прифатено од дел од локалното македонско население.
 
Последно уредено:
Член од
21 август 2020
Мислења
53
Поени од реакции
35
Се разбира дека еден дел од православното македонско население, особено во северните делови на Македонија, како и во Порече, и делови на Велешко и Прилепско, каде што српското национално влијание било особено силно до 1912 година, имале српско национално чувство.
Реченицата не е точна фактологически, но, според мене, точно тука е "скриен" проблемот...Не верно, дека македонците биле аморфна, етнически неосозната маса - "јужнос'рбијанци"...некакви - никакви..
Проблемот(ако е проблем) е, дека много лугье во оние времена сметале дека "македонци", "б'лгари" и "с'рби" са едно и сушто..(Жефарович)
Македонското население не е имало точно "ср'бско национално чувство", това не е точно никако. Не са сметале дека не се "б'лгари" или "македонци".
Македонското население е имало чувство, дека е дел от обшто славенски народ, т.е., това дека се нерекуваат "с'рби" не означава, дека не се "македонци" или "б'лгари".
јазиците са биле много поблизки отколко сега, секој кој говори разбирливо е "нашенец"...гораните во Косово и сега се определуваат и като "с'рби", "б'лгари" или "макенодци", но во една смисла "нашинци"..
Тогаш обаче, во крајот на 19 век, се појавува ср'бската "вооружена пропаганда", во отговор но којато се појавјава и б'лгарската вооружена контрапропаганда. Тогаш веке започват братоубиствените "односи"..Почетокот е 1885 г. нападот от С'рбија над незаштитениот западен дел на Б'лгарија..
тогаш веке, Цвиич става фактор и неговите "приказни" стават "државна политика"..„Балканскијат полуостров и јужнославјанските земи“ (Цвиjиh, 1885)
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.225
Поени од реакции
78.816
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Мене да кажам не ми прави некоја разлика дали некој колел или протерувал Бугари, Македонци или национално несовесни словени. Факт е дека сите 3 категории се домородното словенско население кое се борело за автономна/независна Македонија, а таа идеја т.е. Македонија на Македонците 1000 години после Самуил е клучна зашто Организацијата била популарна помеѓу народот. Складно на тоа смешни се пропагандите на србите дека убивале ,,бугари". Ако ги видиме местата на живеење на тие бугари тогаш всушност се работи за над 90% Македонци( тука мислам на сите: пиринци, егејци, вардарци и преспанци).
Така што несомнено е кон кого е насочен српскиот терор.
 
Член од
21 август 2020
Мислења
53
Поени од реакции
35
След поделбата на Македонија в частите под ср'бски контрол се затварат 641 ...... училишта и 761 ц'ркви, а екзархијските духовници и учители са прогонети.
Официалната ср'бска власт определја славјанското население в Македонија за „јужни с'рби“, нарича Вардарска Македонија „јужна С'рбија“, а език'т на местното славјанско население смјата за диалект на с'рбох'рватскија. В обштественија живот се позволјава употребата единствено на с'рбох'рватски език.
Срешту ср'бската власт избухват: Тиквешкото в'стание на 15 – 25 јуни 1913 г. и Охридско-Деб'рското в'стание на 7 септември 1913 г.
Прашанье, колко македонски училишта и ц'ркви се затворени. какви се прогнетите свештеници и учители..
 

Kajgana Shop

На врв Bottom