Генерал Ангелов ќе се бори со пирати

  • Креатор на темата Shellshock nam67
  • Време на започнување
Статус
Затворена за нови мислења.

bucio

Урбан индијанец.
Член од
8 јули 2008
Мислења
16.322
Поени од реакции
7.781
Македонско знаме бе. Не си чул за Македонската поморска флота?? :rolleyes:

Сериозно, човекот е на печалба. Не носи ничие знаме, носи оружје и брани брод од напади на пиратски банди.
Не знам дали ќе биде на брод или на копно :свиркам:.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Драги мои полуинформирани и дезинформирани членови на форумов,
Никогаш не сум практикувала да пишувам работи кои не ги знам од прва рака. За жал, на многумина не им пречи, под оправданието јас-имам-свој-став, да трескаат зелени и тоа баш тука, на оваа тема. Пред да притиснете „испрати мислење“ прочитајте, прегледајте, распрашајте се и што е најважно - размислете.
Во меѓувреме, не дозволувам прашинка да фрлите на најчистиот човек кој моментално функционира на политичкава сцена. Тоа подразбира, меѓу другото, да не го ставате во иста реченица со Стојков. Барем толку почит заслужил од нас.
 
B

Borg_Drone

Гостин
Некако не ми се навлегува ептен во полемики за патриотизмот на Ангелов и на Стојков, но искрено во врска со нивниот квази-патриотизам можат дефинитивно еден на друг да си парираат.Едниов откако основа партија си кажа и јавно дека е близок со Љубе Бошковски, а другиот пак си остана верен на Пиноче.Тоа што се говори наоколу дека и двајцата биле патриоти зошто се бореле во војната не е и баш некое мерило за нивниот патриотизам.Не треба ни да не се земе в предвид тој факт, сепак конфликт не е мала работа и не треба да се гледа на тоа потценувачки ама не е и тоа мерило за патриотизмот.
Од друга страна, тоа што отишол Ангелов да заработува како платеник воопшто не треба да се критикува, ниту пак да се оцени како популистички потег.Човекот е дел од јавноста и мора на еден начин да остави информација каде отишол.Друго, на еден начин индиректно човекот си ја кажува вистината.До која граница треба да оди еден Македонец за да заработи за леб.Кога државата не го вработува он ќе биде приморан да го работи она што најдобро го знае.И не треба тоа да се критикува.Од една страна го оправдувам зошто го направил тоа, ама од друга страна коментарите од типот бил патриот и не знам си што, немојте.....Мислам, од многу патриоти во државава сега ни е страв да се доближиме до Кале.
 
Член од
19 април 2005
Мислења
1.806
Поени од реакции
75
Некако не ми се навлегува ептен во полемики за патриотизмот на Ангелов и на Стојков, но искрено во врска со нивниот квази-патриотизам можат дефинитивно еден на друг да си парираат.Едниов откако основа партија си кажа и јавно дека е близок со Љубе Бошковски, а другиот пак си остана верен на Пиноче.Тоа што се говори наоколу дека и двајцата биле патриоти зошто се бореле во војната не е и баш некое мерило за нивниот патриотизам.Не треба ни да не се земе в предвид тој факт, сепак конфликт не е мала работа и не треба да се гледа на тоа потценувачки ама не е и тоа мерило за патриотизмот.
Благодарам за илустрацијата, токму вакви „длабоки анализи“ имав на ум кога напишав дека секоја неинформирана, недоизградена, недозреана личност (ова последново земено како сериозно преценување) си зема право да има СТАВ. Браос!
 

Ljupco Meljata

AJFON ILI ANDROID you choose
Член од
11 ноември 2007
Мислења
1.726
Поени од реакции
474
Остајте си го чоекот да си заработува за живот шо како тоа си е негова работа но сепак новинарите крлежи се бават со она што го знаат најмногу а тоа да чепкаат по некој лик од бранителите.
 
H

HITCH

Гостин
Благодарам за илустрацијата, токму вакви „длабоки анализи“ имав на ум кога напишав дека секоја неинформирана, недоизградена, недозреана личност (ова последново земено како сериозно преценување) си зема право да има СТАВ. Браос!
Политиката е убава играчка, за оној кој знае да ја игра. Но, за жал, за игра треба и другарчиња, не може сам човек да си игра.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom