Генерална дискусија за IT секторот во Македонија и странство (плати, даноци, барање работа, отварање на своја фирма)

Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.086
Еден од секторите за кој и ден денес расте побарувачката на нови кадри е ИТ секторот. Тој се смета како еден од најплатените сектори нo исто така и индустрија во која се бара постојано учење како и следење на новите трендови и технологии. Македонија не е исклучок и како земја според бројот на фриленсери по глава сме во светски врв. Па доколку сте дел од овој сектор или сакате да станете дел од овој сектор и имате да прашате нешто или да споделите некакво искуство и тоа пред се да не биде технички специфично, туку општо поврзано со работата и условите тука или во странство, направете го во оваа тема без да ги упропастуваме темите од Програмирање и програмски јазици подфорумот.
Автоматски споено мислење:

Епа темате откако постои е за рандом дискусии.
Ако одиме за што треба да се користи, тогаш треба да се пишува само за плати/огласи и услови во фирмите.

Друже поголеми снегулки од овие во ИТ нема, а каков шитсторм доаѓа ако навистина воведат прогресивни даноци и фул придонеси на договорите на дело не се ни самите свесни.

Инаку во градежен сектор денот беше горе-доле следниот: патуваш до градилиште (некогаш држиш по 3-4 градилишта истовремено, а некогаш ти се на далечина од 30-120км во правец), во 4:30 сабајле стануваш, во 6:30-7 вечер влегуваш во град, и се тоа за 250-300 евра во првите година и пол, па се до 500 евра после 3 години стаж + магистерски и овластување Б категорија. Канцеларијата ти е контејнер/службената кола, некогаш нема ни каде да се измиеш раце за да си го изведеш сендвичот од дома кој веќе се сварил цел ден во ранец, и мочаш во џбуновите или во TOI TOI вцто кое е парфемисано со парфем на природна база.
Со А категорија се стигаше до 40-45к, ама главата ќе ти биде тапан на дневна основа и може да заглавиш затвор ако ти подментат некој проект и не ги отвориш очите 100%, а закон за градење има повеќе верзии на годишно ниво и од Angular, па со среќа во следење на легислативата:D
Така да кога ми се жалат во ИТ некогаш успевам да ги дослушам и да не се искезам, а некогаш се свртувам и ги игнорирам уште од првата секунда. Мочковци од по 24 години во моментов тепаат по 1200 евра плати (осигурани на сите), а на 27-8 имаш ликови што имаат и по 3-4к месечна плата и пак една верзија нема да пуштат без да сиби мајката нешто.
Тоа ќе биде класично самоубиство од заседа. Државава ќе дознае што значи brain drain во вистинска смисла на зборот. Во ист период кога Црна Гора станува tax free за дигитални номади од цел свет


 

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
15.653
Поени од реакции
34.939
Еден од секторите за кој и ден денес расте побарувачката на нови кадри е ИТ секторот. Тој се смета како еден од најплатените сектори нo исто така и индустрија во која се бара постојано учење како и следење на новите трендови и технологии. Македонија не е исклучок и како земја според бројот на фриленсери по глава сме во светски врв. Па доколку сте дел од овој сектор или сакате да станете дел од овој сектор и имате да прашате нешто или да споделите некакво искуство и тоа пред се да не биде технички специфично, туку општо поврзано со работата и условите тука или во странство, направете го во оваа тема без да ги упропастуваме темите од Програмирање и програмски јазици подфорумот.
Автоматски споено мислење:



Тоа ќе биде класично самоубиство од заседа. Државава ќе дознае што значи brain drain во вистинска смисла на зборот. Во ист период кога Црна Гора станува tax free за дигитални номади од цел свет


Со моменталната влада јас не би се сомневал дека ќе направат такво самоубиство од самозаседа, ова е убедливо најлоша влада од постоењето во поглед на економија (а и на секое друго поле).

Инаку не е спорно имањето на прогресивни даноци, цел западен свет ги има, ама на мртва земја како нашата најбитно нешто и е да влезат инвестиции, и странски капитал, а даноците се секундарниот проблем. Плус дури и да ги има прогресивни даноци треба да имаш 4-5 категории, и дел од тековните да ги намалат, или одредени групи кои работат за минималец да бидат ослободени од данок/да плаќаат нешто ситно.

Реално и со рамен данок ИТ индустријата има оставено повеќе пари во буџетот од сите места во државава што се населени од нашите мили сограѓани. Така да за почеток не е лошо да се обидат да соберат арач низ: Арачиново, Кондово, Сарај, Западна Македонија, а потоа можеме да разговараме за прогресивни даноци и тн.

Друг огромен проблем во државата е исплатата на придонеси на целата сума, и е еден од главните мотиватори за барање на дупки во законите. И без прогресивен данок околу 36% од сумата што се исплаќа оди во ветер, и сме една од ретките држави во светот каде на огласи се постира нето плата, целиот свет оперира со бруто годишна плата.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.765
Поени од реакции
17.481
Главен проблем со даноков е границата е ниска до тој степен што не ги таргетира богатите, туку да речеме средна/висока средна класа. Ги таргетира успешните работници, а не големите капиталци. Те демотивира да стигнеш до една плата од која нема да се збогатиш туку нормално ќе живееш. Некој може наследил 3-4 стана што ја у живот нема да ги заработам, ќе си плаќа нормален данок, а ја ќе бидам богатитот и даночен дополнително за мој труд.

Како и да е мислам дека за Ит не е толку страшно, кој реши да се замара ќе најде начин да го избегне ова. Плус нели ќе го тргнат персоналецот од нова година? Не ми делува дека владата има план да ги брка овие луѓе од државата.
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.738
Поени од реакции
7.551
Во моменов, многу малку економска логика има за воведување ваков данок. Пробаа еднаш и собраа "за грицки" пари. Многу малку луѓе има во она што требаше да го одданочат дополнително. Едино, ако решат да ги стават сите шо зимаат над 400 евра во повисоката група.

Ама па од друга страна, канп се парите, а треба да се вработат нови луѓе. Во спротивно ќе им пукаат шевовите. :D
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.650
Поени од реакции
4.961
Знае некој дали може од сметка на пајоир да се купуваат акции и да се трејда? Би требало да може...
 
C

confusion

Гостин
Не знам дали е правилно место овде ама ајде да прашам.
Почнав да чепкам и да си учам во слободно време QA, сметам дека е нешто што апсолутно можам да го научам и влезам во суштина на своја рака и темпо, не гледам потреба да се бафтам и плаќам ненормални суми на маркетинг merchants како Бреинстер и слични. Дали на 29 години е доцна да се префрлам во комплетно нова средина, сфер и дали QA е нешто што како гранка е отворена за почетници, луѓе што сакат да учат? Не знам како се аплицира по фирмиве за ИТ кај нас, никогаш не сум пробал, ниту пак имам многу луѓе со кои можам да се консултирам ама еве тоа ме занима. Моментално работам диспеч за америчка фирма, англиски ми е перфект и пишан и зборен, комуникација со клиенти/странци исто нема да ми е проблем, сакам да правам трансфер во комплетно друга гранка ради работно време, многу ме умара секој ден од 2 до 10 на работа.
Планирам да го полагам ISTQB тестот во Семос од како ќе сметам дека знам „доволно“.
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.086
Главен проблем со даноков е границата е ниска до тој степен што не ги таргетира богатите, туку да речеме средна/висока средна класа. Ги таргетира успешните работници, а не големите капиталци. Те демотивира да стигнеш до една плата од која нема да се збогатиш туку нормално ќе живееш. Некој може наследил 3-4 стана што ја у живот нема да ги заработам, ќе си плаќа нормален данок, а ја ќе бидам богатитот и даночен дополнително за мој труд.

Како и да е мислам дека за Ит не е толку страшно, кој реши да се замара ќе најде начин да го избегне ова. Плус нели ќе го тргнат персоналецот од нова година? Не ми делува дека владата има план да ги брка овие луѓе од државата.
Баш така. 1500 евра нето се смешка во било која западна земја. А лудациве лупаат 20% данок на бруто сума која е еднаква на 1000 евра нето. Ако ова помине ќе нема било каков резон да се остане во Македонија.
 
Член од
16 мај 2010
Мислења
6.135
Поени од реакции
5.241
Разгледајте си опции за нерезидентни сметки ако работите како фриленсери
 
Член од
26 јануари 2009
Мислења
11.617
Поени од реакции
18.086
Разгледајте си опции за нерезидентни сметки ако работите како фриленсери
Нешто повеќе околу ова? Ако мислиш на врање-мање итн?

Исто и Хрватска е tax free за фриленсери.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Тоа ќе биде класично самоубиство од заседа. Државава ќе дознае што значи brain drain во вистинска смисла на зборот. Во ист период кога Црна Гора станува tax free за дигитални номади од цел свет


Од 8 септември 1991 па наваму, оваа држава баш и нема покажано некаков интерес за спречување на одливот на мозоци во странство, информатичарите баш и нема да им недостигаат на политичари кои единствено си ги гледаат сопствените интереси, а националните интереси воопшто не се во нивните приоритети.

Со моменталната влада јас не би се сомневал дека ќе направат такво самоубиство од самозаседа, ова е убедливо најлоша влада од постоењето во поглед на економија (а и на секое друго поле).
Чисто за потсетување, истата политичка партија на плавите жолтици која денес активно работи на бришење на македонската историја, македонскиот национален идентитет и македонската нација во целина, во 2005/2006 година ја укина и информатиката како училишен предмет во основните училишта.

Информатиката и онака тогаш беше незадолжителен изборен предмет во повеќето основни училишта, но и тоа не им чинеше на плавите жолтици, па ја укинаа како посебен предмет и ја споија со предметот Техничко образование во нов предмет Информатика и техничко образование.

Предметот Информатика и техничко образование се изучуваше, односно требаше да се изучува само во 5-то одделение, а во останатите 3 учебни години од основниот образовен процес се изучуваше само Техничко образование, без ниту и од информатика. Во учебникот по Информатика и техничко образование ги имаше едвај цели 3 (ТРИ) лекции по информатика, само најосновни факти за компјутерскиот систем и ништо повеќе.

За среќа летото 2006 плавите жолтици изгубија на тогашните редовни парламентарни избори, за пвеводбениците кои се вратија на власт тоа лето експресно да ја вратат информатиката како посебен предмет во основните училишта, овој пат како задолжителен предмет.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.503
Поени од реакции
11.570
Оваа влада гледа да зграба се што може додека е на власт, за последиците ич не им е гајле. Докажано 1000 пати во овие 5 години владеење.
Точно, а информатичарите се едни од ретките кои можат да си најдат работа во родниот крај, а да не мораат да вадат партиска книшка или да фаќаат било какви врски кај работодавачи, бидејќи работодавачите најчесто им се странци и најчесто можат да си работат од дома.

А работник кој е независен од местоположбата на работната позиција, а истовремено е независен од било каква партиска/национална/религиска/расна припадност, не е баш по вкусот на плутократска и клептократска држава, па ако не можат да ги стават во партиски или било каков криминално-профитерски кафез, тогаш ај ќе ги оданочуваат со небо, за да им ја исцицаат крвта и на малкумината млади кои не ги напуштиле родните краеви бидејќи успеале некако да најдат добро платена работа и економски да се осамостојат.
 

Con Artist

the man with the key
Член од
1 мај 2012
Мислења
5.069
Поени од реакции
19.839
Тоа ќе биде класично самоубиство од заседа. Државава ќе дознае што значи brain drain во вистинска смисла на зборот. Во ист период кога Црна Гора станува tax free за дигитални номади од цел свет


Пробаа еднаш пред некоја година, после нецела година ефектот беше овој - изгубени 50% од даночните приходи кои можело да се соберат. :tapp:

Сега гледам пак ќе одат со главата во ѕид, ама овојпат поупорно и појако - со воведување на задолжително плаќање на придонеси за хонорарци и договори на дело. Истото она против кое протестираа пред неколку години. :LOL:

Монти Пајтон.



 
Член од
28 јуни 2009
Мислења
274
Поени од реакции
258
Па нели рекоа дека од 2023 дека ќе има 0 посто данок за ИТ работници?
 
Член од
20 јули 2016
Мислења
7.650
Поени од реакции
4.961
Според ова за плата од 180000 имаш 15% персонален, 19 % пензиско 8% здравство, 1% инвалидско и на трошење 18% ддв. Данок 61% Или од бруто од 280000, 150000 се за државата 130000 за тебе.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom