Знам дека ова не е тема за Клеопатра, но сепак ќе напишам нешто за нејзините способности, а не за тоа дали некогаш била машко или пак за начинот на кој медиумски настапува денес.
Јас првпат прочитав за неа во едно списание од бивша Југославија (Нада се викаше). Таму ги објавуваше своите пророштва. Тие најчесто се однесуваа лично, на разни читатели, кои праќаа писма со барања да им претскаже нешто (слично како што тоа го прави денес на телевизија и по други списанија). Но поретко имаше и пророштва кои беа општи (политика, спорт...). Еднаш кога налетав на такво пророштво, кое се однесуваше на некои идни 5-10+ години, решив да го запомнам за да видам дали ќе се обистини.
Пред да преминам на пророштвото морам да дадам осврт на времето и условите во кои беше искажано.
Станува збор за втора половина на '80-тите. Тогаш земјата веќе едно 5-10 години беше навлезена во голема економска криза, со инфлација, немаштија и сл. На чело на СФРЈ секоја година доаѓаше нов лидер (председател на председателството), но никој никако не успеваше да ја сопре инфлацијата и нуспродуктите. Секој од нив кога ќе застанеше на чело преземаше некакви мерки, нови програми и сл., но безуспешно.
Епа она предвиде дека ќе дојде некој кој ќе ја смири инфлацијата и економски ќе ја стабилизира државата. Тогаш тоа личеше на научна фантастика и мислам дека на никој не му се веруваше. Но неколку години подоцна се случи. Навистна се појави председател на председателството, кој економски ја среди некако работата (после се десија други срања, од поинаква природа, но нејзиното пророштво се исполни).
Во истиот број предвиде дека на поле на репрезентативниот фудбал земјата нема да постигне голем успех многу долго време. А дека успех може да се очекува на полето на клупскиот фудбал.
Тука морам да појаснам дека под голем успех, тогаш се сметаше освојување на СП или ЕП . И ова пророштво во тоа време беше малку чудно затоа што репрезентативниот беше многу подобар од клубскиот фудал.
По некоја година Црвена Звезда стана првак на Европа и Свет.
Тука отприлика хронолошки доаѓа крајот на СФРЈ.
Во врска со нејзините пророштва за иднината на Југославија (погоре наведени во нечиј пост), морам да ја подвлечам природата на тогашниот општествен систем, слободата на говор и печат, и општо човековите права. Кога ќе ги земете тие работи в предвид, ќе ви стане јасно дека има работи кои мора, работи кои може и работи кои не смее да ги изјавува најпопуларниот пророк во таква држава.
Со ова ги истакнувам моите лични искуства со способностите на Клеопатра, а не коментирам дали таа навистина ги поседува или не.