Гасовод од Русија до ЕУ преку Турција, Грција, Македонија и Србија

Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443
Путин: Новиот гасовод до ЕУ би одел преку Македонија

Ако сака ЕУ, ние ќе работиме, а преку Грција ние може да досегнеме и до Македонија, потоа до Србија, а потоа да одиме повторно до Баумгартнер во Австрија. Ако не се заинтересирани, ние нема да го правиме тоа, рече Путин.



Организирањето на новата европска гасоводна мрежа, на границата меѓу Турција и Грција, зависи од европските колеги, изјави претседателот на Русија Владимир Путин на денешната годишна прес-конференција, пренесе новинската агенција Тасс.

„Тоа во голема мера зависи од европските колеги. Дали тие сакаат да имаат стабилно, апсолутно загарантирано снабдување со енергија од Русија, без никаков ризик, кое им е потребно. Добро, ако сакаат, ние ќе работиме, а преку Грција ние може да досегнеме и до Македонија, потоа до Србија, а потоа да одиме повторно до Баумгартнер во Австрија. Ако тие не се заинтересирани, ние нема да го правиме тоа“, рече тој.

„Во моментов, а ни во блиска иднина, нема да има резерви поевтини и посигурни од оние од Русија“, рече тој.


Новата гасна дистрибуциска мрежа би била изградена на турска територија на границата со Грција. Таа би го заменила проектот Јужен тек, кој беше прекинат поради противењето на ЕУ. Во рамките на новиот проект, Турција може да стане главен посредник за снабдување на рускиот природен гас. Со изградбата ќе се избегне ризикот поврзан со транзитот на рускиот гас преку Украина, изјави генералниот директор на Газпром, Алексеј Милер.
http://www.mkd.mk/svet/vesti/putin-noviot-gasovod-do-eu-bi-odel-preku-makedonija

Ова би било како „кец на десетка„ ако се случи. Сепак прашање е ако ЕУ успеа да ја услови Бугарија зошто не би можеле да ги условат и Јужните. Иако како што може да видиме во минатите неколку години јужните многу не се замарат со ЕУ и си го „терат магарето„ како им одговара. Доказ е и најновата акција:
http://falanga.com.au/grcija-go-iznenadi-briselnasproti-sankciite-potpisha-dogovor-so-rusija

Јас искрено не сум многу оптимист но ако се случи Македонија да биде транзитна земја тоа ќе значат многу бенифити за нас. Меѓу другото:
300 милиони евра годишно може да заработува Македонија од транзит на гас
Македонија може да заработува околу 300 милиони евра годишно од транзит на гас сметаат експертите. Со новата одлуката на Путин една од трасите на Јужен тек да поминува низ земјата ќе биде огромен бенефит за македонската економија.
19.12.2014 20:04:41

Бугарија ќе ги обезбеди сите неопходни дозволи за изградба на гасоводот Јужен Тек низ својата територија. Премиерот Бојко Борисов во Брисел ги известил европските власти дека Бугарија ќе ги извади сите потребни дозволи, а ако подоцна „Газпром“ ја потврди одлуката за стопирање на проектот и ја тужи Бугарија, вината нема да падне на нашиот источен сосед и ќе се избегне плаќањето на пенали. Вадењето на дозволите се толкува како начин Бугарија правно да се заштити и да избегне плаќање на глоби, а не како согласност за продолжување на изградбата.

„ Меѓу Бугарија и Русија има склучен двостран договор кој е ратификуван од бугарскиот парламент, и како резултат на тоа ние имаме одредени обврски. Нашите европски партнери треба да разберат дека ние не можеме да се обратиме во меѓународниот арбитражен суд поради секој нереализиран проект и да губиме пари поради тоа. Позитивен момент во оваа лоша ситуација е тоа што сега на сите им е јасно какви проблеми има Бугарија. Сега повторно ќе станеме стабилен партнер за ЕУ, што значи дека и тие се обврзани да ги исполнат преземените обврски“ - рече Бојко Борисов, премиер на Бугарија.

Од руска страна засега нема реакции за последниот потег на Бугарија. Рускиот претседател Владимир Путин изрази подготвеност алтернативната траса на Јужен тек од турско - грчката граница да продолжи низ Македонија, се до крајната дестинација Баумгартнер во Австрија. Енергетските аналитичари велат дека ако овој план се реализира, тоа е голем подарок за Македонија. Наместо слепо црево на гасоводот, ќе стане дел од главната траса и ќе заработува над 300 милиони евра само од транзит на гас нив земјава. Притоа земјава би можела да се приклучи на гасоводот кај Гевгелија или кај Битола.

„ Поевтино е гасоводот на поминува долж течението на реките Вардар и Морава. Трасата сигурно би одела над Солун, тоа е 50 километри од нашата граница, па можен е приклучок кај Гевгелија или кај Битола. Ако русите со европските партнери решат гасот да го дистрибуираат кон север тие ќе решат која е најповолната варијанта“ - вели Константин Димитров од МАЦЕФ.

Втората варијанта е новата траса на гасоводот Јужен тек да поминува низ Грција, преку морски пат до Италија. Она што е сигурно е дека земјите низ кои би можел да поминува гасоводот, исто како и Бугарија ќе се соочат со непријатниот избор помеѓу Европската Унија од една страна и Русија од друга. Ќе треба да ги стават на кантар сите опции и економската исплатливост и да донесат одлука. Аналитичарите се согласни дека сепак голем избор нема, гасот кој доаѓа од Русија е најевтин, а алтернативните патишта за снабдување со овој енергенс нема да бидат достапни уште 10-тина години.

Тања Попова
Архива на вести

http://www.alfa.mk/News.aspx?ID=86933#.VJbQZX0AKA

Ќе биде интересно во секој случај. Ние не сме некој играчи но во секој момент треба да бидеме подготвени соодветно да реагираме на секоја одлука на големите играчи.
 
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Се дури еврото зависи од Грција, грците ќе си прават што сакаат. Пред некое време имаше изјава дека нема да ги враќаат долговите према ЕУ...
 

GTFO

Pushing the button
Член од
3 април 2009
Мислења
5.654
Поени од реакции
4.579
Се дури еврото зависи од Грција, грците ќе си прават што сакаат. Пред некое време имаше изјава дека нема да ги враќаат долговите према ЕУ..
Ке биде интересно ако дојде Сириза на власт :cool:

On: Ме интересира како ке реагираат членовите на владата - Албанци (и општо сите Албанци во државава) доколку почне да се гради овој проект низ државава
 
Последно уредено:
Член од
14 јуни 2008
Мислења
1.369
Поени од реакции
1.075
Ке биде интересно ако дојде Сириза на власт :cool:

On: Ме интересира како ке реагираат членовите на владата - Албанци (и општо сите Албанци во државава) доколку почне да се гради овој проект низ државава
Како прво нема Албанци. Тоа се све Македонци кои милуваат да се нарекуваат етнички Албанци.
Кога ќе скине конци некој у Сирија одма се Македонци...
 
Член од
7 октомври 2008
Мислења
6.055
Поени од реакции
6.443

ГАЗПРОМ ДЕЦИДЕН: „Јужен тек“ нема да се гради!
декември 22, 2014


  • inShare

Заменик – шефот на рускиот концерн „Газпром“, Александар Медведев, соопштл дека проектот „Јужен тек“ нема да се реализира. Тој обзнанил дека наместо на овој Русија работи на нов проект чие име би требало да биде дефинирано наскоро.

Медведев појаснил и дека земјата добила понуда од својот партнер, „Турција, идниот проект да го носи името „Турски тек“, пренесува агенцијата „Тасс“.

Рускиот претседател Владимир Путин, на почетокот од месецов за време на својата посета на Турција најави дека Русија се откажува од проектот “Јужен тек” и дека ќе се залага за изградба на гасовод до Турција кој ќе го има истиот капацитет на пропусна моќ од 63 милијарди метри кубни гас, како и гасен центар на грчко-турската граница.

Менаџерот на „Газпром“ истакнал дека оваа година концернот ќе испорача 147 милијарди кубни метри гас, а приходот ќе надмине 50 милијарди долари.

Според него следната година врз извозот на суровините ќе влијаат голем број фактори.
http://faktor.mk/2014/12/22/gazprom-detsiden-juzhen-tek-nema-da-se-gradi/
 

Kajgana Shop

На врв Bottom