Гаражи, паркинг место во Скопје совети за купување.

Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Зарем плаќа некој 3000 месечно за паркинг место? Ја па неам таков осеќај, мислам дека над 1000ка ретко кој би дал.
Голем дел од новите згради тешко ги продаваат паркинг местата, доста од становите и те тераат да ја купиш гаражата. Тоа ми кажува дека продажбата на гаража иде тешко.
Автоматски споено мислење:

Имаат бесплатно или смешна сума за едно возило со зонското.
Гаражата е сведена на инвестиција, зависност од локацијата. Кај брат ми 10 години стара зграда уште има паркинг места останато, ги даваа и поефтино него првичното. Кај другар па сега идат дупло.
Да, 3000 е веќе нормална цена за гаража, од Карпош до Влае, верувам и во Аеродром. Во Центар, посебно оние старине, вечно поплавени подземни од Градски ѕид одат и до 100 евра. Често ги земаат за складиштење, ама цената е таа. Како инвестиција, гнасна работа, ама изгледа дека е доста профитабилна
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453

Да ама не мислев за гаража туку за паркинг место, подземно или надземно.
Тие гаражите имаат повеќе намени ама и повеќе коштаат да ги купиш, верувам далеку над 5000 евра.
 
Член од
16 декември 2012
Мислења
2.707
Поени од реакции
6.824
Да ама не мислев за гаража туку за паркинг место, подземно или надземно.
Тие гаражите имаат повеќе намени ама и повеќе коштаат да ги купиш, верувам далеку над 5000 евра.
Мене со станот ме натераа да купам паркинг место. Тогаш, тоа ме иритираше. Сега гледам дека не знам каде би паркирал, да го немам. За неколку години се сменија работите во населбата. Да не зборам дека во зградата сега има речиси двојно повеќе автомобили. Кај мене, барем, воопшто не важи статистиката за празни станови
 
Член од
12 март 2008
Мислења
1.029
Поени од реакции
711
Не би купил стан без паркинг, пред се зошто со паркингот си го купуваш мирот секој ден. Наместо да кружиш ко луд и да ти кршат кола, ќе си купиш ко човек.

Sent from my iPhone using Tapatalk
 
Член од
19 ноември 2020
Мислења
2.524
Поени од реакции
9.405
(не бев свесен колку е барано се додека на другар не му затреба простор за скиите :D).
Кога го земав станот одбив да го купам подрумот зашто си велев шокурац Бајо мој потребал ми е. Газдата на станот, дома, другари, факинг адвокатка и нотарка и дури овие неписмените во град скопје ми го несакајки беа впишале за данок на промет и ми велеа дека требало да си го земам демек затоа згрешиле. Наредната година си го зедов, среќа за иста цена зашто му даваа доста повеќе од тоа што првично ми го нудеше. Гуми, точак, гајба компири, гајба јаболка итн итн. Една од подобрите инвесстиции :icon_lol:

Зарем плаќа некој 3000 месечно за паркинг место? Ја па неам таков осеќај, мислам дека над 1000ка ретко кој би дал.
Голем дел од новите згради тешко ги продаваат паркинг местата, доста од становите и те тераат да ја купиш гаражата. Тоа ми кажува дека продажбата на гаража иде тешко.
Автоматски споено мислење:

Имаат бесплатно или смешна сума за едно возило со зонското.
Гаражата е сведена на инвестиција, зависност од локацијата. Кај брат ми 10 години стара зграда уште има паркинг места останато, ги даваа и поефтино него првичното. Кај другар па сега идат дупло.
4 500-5 000 плаќаше колега месечно во гаражата позади универзална затоа што немаше гаражно/паркинг место со станот, а нова кола. Такви локации џабе ти е зонско кога треба секојпат 10 минути да кружам за да најдам паркинг. Кога ќе дојде време да се решава хаосот со паркинг на такви локации има да си плаќаат 5000+ месечно во катните или автобус.
 
Член од
17 август 2011
Мислења
9.747
Поени од реакции
17.453
Кога го земав станот одбив да го купам подрумот зашто си велев шокурац Бајо мој потребал ми е. Газдата на станот, дома, другари, факинг адвокатка и нотарка и дури овие неписмените во град скопје ми го несакајки беа впишале за данок на промет и ми велеа дека требало да си го земам демек затоа згрешиле. Наредната година си го зедов, среќа за иста цена зашто му даваа доста повеќе од тоа што првично ми го нудеше. Гуми, точак, гајба компири, гајба јаболка итн итн. Една од подобрите инвесстиции :icon_lol:

4 500-5 000 плаќаше колега месечно во гаражата позади универзална затоа што немаше гаражно/паркинг место со станот, а нова кола. Такви локации џабе ти е зонско кога треба секојпат 10 минути да кружам за да најдам паркинг. Кога ќе дојде време да се решава хаосот со паркинг на такви локации има да си плаќаат 5000+ месечно во катните или автобус.
Ја сум моментално во шокурац Бајо фазата :icon_lol:
 
Член од
28 март 2006
Мислења
17.692
Поени од реакции
12.088
Двеипол илјади евра одеше пред две години Хром подземно паркинг место, а гаража (заградена со врата и лимови) 4000 евра. Зборам за новите згради. Сега можда е повеќе оти и таму нема место кај да се паркира ни на тротоар плус и становите се многу покачени.
За гаражите и паркинзите одговорни се општините кои проект гледаат само на хартија, а не вршат никакви контроли ниту технички приеми ги интересираат. Дури и во проектите нема доволно паркинг места за становите па затоа е и хаосот, затоа се и тие цени на паркинзи, затоа утре со девојчето или семејството, мало дете, велосипед... штоидае, не можете како луѓе да прошетате.
Последна сметка плаќа купецот/станарите како со пари така и со нерви за паркинзи и паркирани коли.
Не е работата да се продаваат гаражни места заради екстра профит туку со секој стан/квадратура, како беше законот, следува паркинг. Али законот, пих.
Патем, негде прочитав според правилниците, треба да се стават и одреден број паркинг места за велосипеди, пропорционално на паркинзи за коли.
Ова само за центар важело
 
Последно уредено:
Член од
25 јуни 2012
Мислења
2.480
Поени од реакции
2.341
Ако во наредниве 2-3 години, општините и Град Скопје не се нафатат да го решаваат овој проблем, со нови паркинг-места (не само со зонско паркирање, а ист број паркинг-места), дали со косо паркирање, дали монтажни гаражи, дали нови обични паркинзи и слично, ќе стане тотален сообраќаен хаос во градов.
 
blejdsk

Collective Consciousness
Член од
22 септември 2009
Мислења
43
Поени од реакции
69
Со цениве на горивава и инфлации, напредок на технологија ''shared'' транспорт, незнам колку би било паметно да купувате екстра гаражи за рентање.
 
old_School_mk

Програмер, гејмер, psy-trance уживател
Член од
11 август 2009
Мислења
6.093
Поени од реакции
5.738
Сè додека не им се даде надлежност на "Градски Паркинг" и "ПОЦ" да бидат целосно одговорни за кревање коли, а и они малку да се поуозбилат (има ли наш збор за ова бе?) - нема да е проблем за паркинг. Кога ќе се случат тие 2 работи - ќе биде војна за паркинзи затоа што нема да можеш да ја оставаш каде било.

Сега како што е, мора да има полиција пред да може пајак да крене некоја кола (најчесто од булевари и коли паркирани на апла несоодветни места). Истото важи и за ако сакаш некоја кола да биде крената - мора да ѕвониш на 192, за они да пратат полиција која што ќе констатира дека колата е несоодветно паркирана за да може да ја дигне пајак. Тие што се паркираат на непрометни улици - гајле немаат затоа што полиција никогаш не се замара со нив. Е кога би доаѓале пајаци да креваат коли од такви улици - тогаш дури ќе има тепачки за паркинг места. Непродадени паркинг места во згради каде што околу има бесплатен паркинг одма би рипнале со цена.
 
Да не се лажеме, во Скопје нема доволно паркинг-места. Прво треба да се направат доволно паркинг-места, според моменталната состојба (бројот на автомобили, моментално), потенцијална состојба на број на автомобили (според ДУП-овите), и секако, не само според станбените единици туку и според деловните простории на единица простор. Е тек после, може да има строгост, зашто овака на ништо не личи. Нема никаков систем. Истите улици и број на паркинг-места се останати од пред 30-40 години, а изградени се огромни згради на места на куќички. Логика, нула! Зонско не е решение, и не треба да си генијалец за да сфатиш.
 
Член од
15 септември 2015
Мислења
11
Поени од реакции
0
Се согласувам, зонско не е решение. Во процес сме на купување стан новоградба и инсистираме да е со гаража баш поради тоа што скопје станува гунгула од згради и коли но единствено ни нудат минус 2 ниво со лифт/платформа за коли за којашто слушаме многу лоши искуства па се мислиме дали да ризикуваме да го купиме ? Искуства со ваков тип на гаражи?
 
Член од
22 декември 2018
Мислења
354
Поени од реакции
473

Доколку се расипи таа платформа, ќе треба вие со станарите да се договарате да ја поправате, а ќе се расипи сигурно, тоа вратите се расипуваат по гаражите не па платформа. Размислете си добро и консултирајте се со други луѓе сепак вложувате пари и сакате да го користите подолго време.
 
Член од
24 декември 2013
Мислења
470
Поени од реакции
659
Jas baram da kupam od starite garazi Kaj bilna apteka vo centar.Ako nekoj prodava neka mi pise, no so chisti dokumenti.Ne sakam garaza so platforms da se odi.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
19.540
Поени од реакции
34.704
Се согласувам, зонско не е решение. Во процес сме на купување стан новоградба и инсистираме да е со гаража баш поради тоа што скопје станува гунгула од згради и коли но единствено ни нудат минус 2 ниво со лифт/платформа за коли за којашто слушаме многу лоши искуства па се мислиме дали да ризикуваме да го купиме ? Искуства со ваков тип на гаражи?
...подобро проверите искуства со звучна изолација на такви товарни лифтови де шкрипење, удирање, кочење после полноќ и во ниедно време на секое возило иди ми дојди горе доле на таква тежина, богами ортоми нерви треба да се има.

...крцццццц се дига лимена врата, брммм влегува возилото, трасссс се позиционира, крцццццц се затвора лимената врата, крррррррр се спушта надоле, баааам пристигнува на нивото, брммммм излегува возилото да се паркира, сето тоа х 5 возила што ќе се симнат после полноќ, цела ноќ нема здраво спиење, па мислам било каква изолација да се има тоа ѕидот вибрира,
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom