Ганглион циста/мртва коска/израсток

Член од
28 август 2021
Мислења
2
Поени од реакции
1
Здраво друштво веке подолго време имам народски кажано мртва коска на рачниот зглоб. Видов дека може да се сече и дека можело со шприц да се вади , отидов на доктор го вадеа со шприц но пак се појави. Пробував различни начини бајачки , масажи и други работи но никако не се трга. Кога ке ја оптеретам раката почнува да боли ,или кога ке го притиснам топчето исто така боли , па сакав да прашам дали некој го има излечено по природен пат или да споделите некое искуство како би можел да го оттргнам ?
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.040
Поени од реакции
10.249

За жал рецидивираат таквите цисти. Обично не се препорачува аспирација или хирушко третирање, освен ако не ти предизвикува болка. Ама ете дури и после тоа може пак да се повторува.
Имобилизирај го место. Обично болката се јавува заради притисок на цистата на некој нерв.

Не знам што да ти кажам. И јас имам, ама не ја чепкам. Сега за сега не е болно.
 
Член од
28 август 2021
Мислења
2
Поени од реакции
1
Затоа барам некој природен лек бидејќи имам болки , хируршки несакан бидејќи од ова со шприцот имам лошо искуство.
 
Член од
13 април 2021
Мислења
3.040
Поени од реакции
10.249
Затоа барам некој природен лек бидејќи имам болки , хируршки несакан бидејќи од ова со шприцот имам лошо искуство.
Па и нема некој природен лек.

Поприродно од тоа да ја имобилизираш раката и да ја одмараш нема.

А најприродно е сама по себе да се ресолвира. И тоа знае да се случи.
 
nE0n1nja

Eat nerds get shredded
Член од
25 јануари 2007
Мислења
3.468
Поени од реакции
3.270
Здраво друштво веке подолго време имам народски кажано мртва коска на рачниот зглоб. Видов дека може да се сече и дека можело со шприц да се вади , отидов на доктор го вадеа со шприц но пак се појави. Пробував различни начини бајачки , масажи и други работи но никако не се трга. Кога ке ја оптеретам раката почнува да боли ,или кога ке го притиснам топчето исто така боли , па сакав да прашам дали некој го има излечено по природен пат или да споделите некое искуство како би можел да го оттргнам ?
Мене ми се појави на десен зглоб од страна на палецот пред отприлика 3 години кога кревав околу 30 кила на права шипка за бицепс. Воопшто се нема повлечено. Неколку пати ја имам истиснато со масирање, станува мека ама по неколку дена пак се полни. Истото се случува и кога ја празниш со шприц.
За среќа мене не ми прави никаква болка, ме болеше само кога се појавуваше, веројатно зашто тогаш имаше некакво оштетување на местото. Ама ужасно ме нервира визуелно и сакав хируршки да ја вадам ама фати глупава пандемија и ја развлеков работата.

Дефинитивно најдобар начин е хируршки да ја отсечат, барај на YouTube ganglion cyst removal и има видеа од операцијата. Едноставна процедура е, ја засекува кожата и ја сече од корен цистата. Секако како и секоја операција и оваа си има ризици, едни од поголемите се оштетување на нервот или на артерија, ама ако си решен да ја отстраниш тоа е најдобриот начин. Какви бајачки молим те :pos:
 
Kajgana Shop

На врв Bottom