Галичник

Ч Е Н Т О

Методија Андонов
Член од
3 јули 2008
Мислења
1.699
Поени од реакции
1.609
Пронајдов една книга со наслов "Галичка Повест".
Книгата е за историјата на познатото мијачко и македонско село Галичник, напишана од Ристо Бужароски и издадена (после неговата смрт) во 1976 година.

Книгата не е пишувана со класични историографски методи и иако е обоена со левичарска идеологија (пред се заради личните залагања и погледи на авторот, но и генералната атмосфера на времето пред и за време на Втората Светска Војна), изобилува со цитирани изјави на многу родени Галичани и други луѓе кои низ годините имале некаква врска со Галичник.
Во неа се опфатени сите периоди од формирањето и развојот на селото до годините после Втората Светска Војна.

ГАЛИЧКА ПОВЕСТ

Читнете ја книгава и нека биде поттик да разврземе саглам дискусија.
Секој што има некаков релевантен материјал за историјата на Галичник и Галичаните нека го сподели на темава.
 

Anco

За солун ДА, ЗА срем НЕ
Член од
1 ноември 2011
Мислења
7.694
Поени од реакции
13.965
-толку познато,толку убаво село а каде се галичаниве да почнат
со муабети,не се сите сигурно во Америка ги има и во Скопје.
па кога ги нема нив решив јас да севтосам па тие да продолжат
белќи некој од овие фамилии и ќе се присатни на форумов.

Галичани во Скопје 1941-1944год.-групите на СКОЈ
Уште од првите денови на окупација на западна Македонија под
фашистичка Италија,животот на населението беше тежок и
неподнослив,поради разни ограбувачки банди и арамии кој го
пљачкосуваа населението,земаиќи му ја стоката овците,коњите
и друг неподнослив терор.Поради ова егзистенцијата на жителите
беше мошне отежната.Немаше каде да се оди на печалба,а самото
движење од село во село и во градовите Дебар,Гостивар и Кичево
беше многу отежнато и несигурно.Поради ваквиот живот и бегајќи
од балистичкиот терор и арамиите, во 1941-43год.многу жители од
мијачките села бегаа и се засолнуваа во Скопје.
Со доаѓањето во Скопје, а посебно на младинците, беа создадени
поволни услови за формирање на скоевска група, а потоа на
воспитни и читачки групи.На 10 септември 1941год.беше формирана
првата скоевска група од најнапредните и најпреданите младинци и
младинки од Галичник кој живееја во Скопје,а беа пребегнати од
италијанскиот окупатор.Бидеиќи од ден на ден се зголемуваше
бројот на дојденците од мијачките села се создадоа услови за
формирање на повеќе скоевски групи и за проширување на
воспитните и читачки групи.Во овој период при Галичко-бегалскиот
сектор работеа шест скоевски групи со 26 членови.Додека во
читачките групи во текот на 1942-43год. имаше 145 “души“-членови.
ПРВА:-Блаже Панговски, Стамат Чаловски, Душан Аврамовски и
Ристе Кецкаровски (секретар)
ВТОРА: Ѓорѓе Кецкаровски, Спасе Ажиевски, Кузе од Лазарополе,
Крсте Панговски (секретар)
ТРЕТА: Ванчо Пендевски, Ристо Аврамовски, Анатол Кутревски,
Трпе Дуковски, Раде Филиповски (секретар)
ЧЕТВРТА: Миле Апостолски, Никола Муратовски, Елена Брезовска
-Кецкаровска и Блажо Поповски (секретар)
ПЕТА: Лазар Бајрамовски, Блаже Лакински,Кипро Тортевски,
Јован од село Росоки и Блаже Жеваировски (секретар)
ШЕСТА: -женска група: Даринка Аџиевска, Елена Брезовска-
Кецкаровска, Ружа Муратовска, една другарка од Дебар и како
секретар Крсте Панговски.
Задачите на овој актив беа разновидни: од растурање на
разновиден илегален материјал и летоци низ градот до некој и
посебни акции по директива на покраинскиот комитет на СКОЈ.
Во овој приод бугарскиот фашистички окупатор во Скопје
формира Галичко-реканско братство со намера да ги собере
сите бегалци од западниот дел на Македонија и да ги користи
за своите цели.Но тој се измами.Поставената цел не можеше
да ја оствари.Младината и голем дел од возрасните не тргнаа
по патот на окупаторот.Тие своето место го најдоа во СКОЈ
и други форми на илегална работа.Важно е да се истакне дека
службените простории на ова браство ги користеше за легална
работа Активот и скоевските групи.
-----------------------------------------------------------------------------------
извор. (скратен текст) Архив на Скопје-Скопје 1984
Скопје во ослободителната војна и револуција-том1, книга прва
 
На врв Bottom