Гадафи за Вечерње Новости

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
Извадоци од интервјуто:


-... Кога е во прашање верска анализа, сметам дека католиците и протестантите ги нападнаа православните. Посебна грешка е и таа војна помеѓу муслиманите и православните, а тие се две вери кои се најблиски меѓу себе.... (зборува за војната во СФРЈ)

- .... За жал, овие сонови сеуште не се остварени. Борбата и понатаму трае. Ќе пројдат уште многу генерации додека моите идеи да се остварат. Што се однесува до обединувањето на Арапите, работите не стојат баш најдобро. Ова е време на глобализација кое е засновано само на чиста материјална корист. Таа денес ги разбива Арапите и затоа тие не се сложуваат...... Приликата која ја имавме ја изгубивме! (зборува за неговите сонови за обединување на Арапите)

- ...Денес тешко е да се замисли било која голема сила да проба да владее со целата планета. Американското искуство во Ирак тоа најдобро го покажува: каква е ситуацијата сега а камоли кога би пробале да владеат со цел свет.... (зборув за Американската политика)

- ....Африка треба да гледа кон ЕУ или САД и тоа како тие работат. Тоа е најдобриот метод кој треба да се следи. Такво брзо престројување во склад со принципите на Европа или САД е неопходно за да Африка има своја иднина. Само така може да стане силна. (за иднината на Африка)

- ... Мора де се промени програмот на европските земји према христијанството и еврејството. Во школството на европските држави се обвинува исламот и кон него се шири омраза. Ги учат децата дека Мухамед не е Божји пророк туку лажливец. Ги учат дека Куранот не е Божје дело туку дека го напишал Хамураби. Западот мора да го смени својот однос кон нас. (зборува за последните исламски протести низ Европа и светот по повод објавата на карикатурите)

- ... Кој знае, можеби исламот еден ден ќе владее во Европа. Европа тоа го дозволи а може тоа да биде цената кој аќе ја плати. Како времето поминува цената се повеќе расте. Ако се одлагаат и понатаму промените, може Европа да стане персиска, арапска или турска земја, поготово што англосаксонските и германските нации биолошки изумираат. Се тоа е многу опасно! (за многуте доселеници во Европа)

- ... што се однесува до лидерството денес во светот, денес владее банкротство. Нема прави лидери. На светот му требаат токму такви лидери. Да беше Линколн жив, Америка немаше да биде тоа што е денес. Да беше Тито тука немаше Балканот да биде таков каков што е. Да беше НАсер жив, и Арапите немаше да бидат поделени од Иран до Палестина како што се денес. Но треба да се спаси она што може да се спаси. Немаме баш голем избор меѓу денешниве лидери. Да не беше војната во Ирак можеби Блер ќе беше една таква погодна личност на светско ниво. Можеби и Путин би бил прифатлив. А за европа Ширак би бил прифатлив. Значи сепак остануваат неколку личности со кои може да се соработува. Светот е сега во фаза на раѓање на нови лидери кои ќе играат битна улога во новиот светски поредок. Со нетрпение ги чекаме. (за лидерството во светот)

- .. Да беше тоа вистна, Буш сигурно ќе ги изгубеше изборите! (за Фаренхајт 9/11)

- Бин Ладен и понатаму делува, како и неговата идеологија. Неговата школа сеуте постои а негови следбеници има се повеќе. Финансиски се силни и понатаму примаат донации. Како што Америка го црпи својот профит од Арапската нафта така и Бин Ладен зема дел од тие извори. Тоа е вистината. (за Ал каеда)
 

SLaCk

Remember me?
Член од
23 ноември 2005
Мислења
1.451
Поени од реакции
18
Од коа станаа интервјуата со Гадафи интересни хехе. Шала на страна не ги сакам овие стари диктатори дајте им место на нови! И нека не бидат диктатори по можност.
 

606

Член од
24 септември 2005
Мислења
511
Поени од реакции
51
SLaCk напиша:
Од коа станаа интервјуата со Гадафи интересни хехе. Шала на страна не ги сакам овие стари диктатори дајте им место на нови! И нека не бидат диктатори по можност.
Видиш и тој самиот во интервјуто навестува дека сега сме во ера на раѓање на нови лидери и дека и тој со нетрпение ги чекал....

Иначе мене ми беше интересно бидејќи тој е еден од оние кои се најдолго во политиката. Со години беше сметан за најголем терорист а сега никој не го споменува а патем идол му е Линколн?! Најголемите нафтени компании ги исфрли од Либија кога дојде на власт а сега потпишува договор за концесија со најголемите компании за 50 години! Единствен е што го реши проблемот со водата во Арапскиот свет. Литар вода во Триполи е поефтин него во Европа. Сега се залага за Афиканска Унија по терк на ЕУ, што е навистина многу добро... итн.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom