ГРЧКИ закани за Македонскиот ''НОВА ЗОРА''

Македонцки

мадрфакр
Член од
23 ноември 2007
Мислења
4.281
Поени од реакции
635




„Кученцата згазнаа врз наша Македонија, каде се безбедносните служби“, стои во насловот на текстот што го објави крајнодесничарскиот грчки весник „Стохос“, а го пренесе „Златна зора“, преку кој весникот на Македонците во Грција се нарекува валкана антигрчка пропаганда




Грчкиот крајнодесничарски и фашистички весник „Стохос“ ги повика безбедносните служби во Атина да ја зачуваат „грчка Македонија“ од издавањето на весникот на Македонците „Нова зора“ и најави пресметка со главниот уредник Димитрис Јоану. Националистичките напади против Виножито, партијата на Македонците во Грција, и издавањето на весникот се објавени на интернет-страницата на грчката ултранационалистичка организација „Златна зора“.

„Кученцата згазнаа врз наша Македонија, каде се безбедносните служби“, стои во насловот на текстот што го објави весникот „Стохос“, а го пренесе „Златна зора“.

Понатаму во текстот се вели дека освен што се срушила грчката економија, се урнале и безбедносните служби што требало да ја зачуваат нивната Македонија.

„Го нема државното разузнавање, ја нема државната безбедност, никој не реагира, остануваме само ние да ја извадиме змијата од дупката“, се вели во текстот преку кој жестоко се напаѓа весникот.

Крајнодесничарскиот весник, кој досега повеќепати го повикуваше локалното население да се спротистави на „провокативните традиционални собири во Овчаране“ на Македонците во Грција, пишува дека „Нова зора“ е напишан на словенски јазик, а дека на насловната страница на весникот е „познатиот комита-убиец и бугарофил што го глорифицираат скопјаните - Гоце Делчев“.

„Весникот е валкана пропаганда против нашата татковина и во секој ред се пишува со омраза против Грција“, се вели во текстот.

Уредникот на „Нова зора“, Јоану, објаснува дека „Златна зора“ и „Стохос“ не само што се закануваат дека ќе се пресметаат со него туку го нарекуваат предавник и грчкиот политички аналитичар што живее и работи во Скопје, Јорогс Пападакис поради неговата колумна објавена во весникот.

„Стохос“ прашува колку храброст му требало на Пападакис да го напише текстот, колку пари зел за тоа да го стори и каде се безбедносните служби да реагираат. Јоану вели дека наспроти ваквите реакции на националистичките кругови, дистрибуцијата на весникот се одвива одлично и Македонците со задоволство го читаат првото издание на „Нова зора“.

- Има понекој пцост од индивидуалци што го фрлаат весникот, што е нормално, зошто има разни Грци - вели Јоану.

Вториот број на „Нова зора“ се очекува да излезе во почетокот на јуни.

Автор: Ивана Костовска
 

theMac3donian

Мак3донецот
Член од
5 февруари 2007
Мислења
3.690
Поени од реакции
259
Се здробив бркајки, ама неможев да ја најдам статијата.
 

bitushanec

Борец за човекови права
Член од
17 јануари 2006
Мислења
3.741
Поени од реакции
814
Не ме зачудуваат грчките постапки. Тие се мешавина од ромите, албанците, православните турци и разни други етнички групи, па затоа и светот ги нарекува ГРЦИ, а не елини. Оригиналното место на ромите во Европа е грчката планина Ѓупо, од каде се преселиле насекаде по Европа и од таму доаѓа нивниот назив ѓупци, џипси.
 

karan

бивш поет, плукач, вљубеник во слободата
Член од
31 мај 2006
Мислења
3.595
Поени од реакции
2.720

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114
bea dvajca moi bratuchedi tamu - na proslavata
Samo makedonski pesni se peele i nashi ora se igrale
fantastichno

ps
trebashe site videa da gi postirash -ima shto da se vidi(y)
pogotovo ona so Pavle koga igra na onaa pesna „Zemjo Makedonska „
 

@cool@

Η Μακεδονία δεν είναι Ελληνική
Член од
2 јуни 2007
Мислења
23.601
Поени од реакции
27.114

Kajgana Shop

На врв Bottom