Вулгарното и сексот во литературата

Член од
18 јули 2009
Мислења
91
Поени од реакции
32
Еротска литература? Хм... Не знам дали ќе го прифатиш како еротска литература или како меко порно али еве да речеме нашиот Јован Павловски и не толку нашиот Чарлс Буковски.
Чарлс Буковски - Не мислев на ''Порно литература'', нешто поблаго :)
 
Член од
30 мај 2012
Мислења
50
Поени од реакции
30
Верувам дека тука може да ја вбројам и “Оргазмични писма“-Ирена Цветковиќ. Според мене, книгата нема некоја литературна вредност. Интересен е стилот на пишување, но ако ја читаш онака, без да посветуваш внимание на содржина. Уште поинтересно е да гледаш отстрана како некој ја чита и менува бои и фаци.
Оргазмични писма, Ирена ЦВЕТКОВИЧ-АЛЕНА
http://www.kupikniga.mk/BookDetails.aspx?Pr=532
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Кај и да отворам деновиве читам за „50 нијанси на сиво“, сакав да ја изругам до максимум, ама ја немам прочитано, сепак јасно ми е на кој принцип функционира, sex sells etc. etc. Најдов текст со којшто се согласувам комплетно па сакав чисто да го споделам.

Пеесет нијанси

"Јас не водам љубов... јас ебам јако."

Не знам дали сум ви кажала дека Италијаните имаат навика да се поздрават пред празници, пред Божиќ, пред летен одмор и во секоја слична прилика. Иако со другарките понекогаш не се гледаме по две-три недели, сепак, пред да тргнеме на одмор се поздравуваме како да нема да се видиме со месеци.

За приликата "летно поздравување", готвам вечера, пиеме, наздравуваме за одморите и правиме скроз женски муабети: ташни, сандали, летно кино и авионски карти. По некое време почнуваме да збориме за секс, која се фали, која се жали, која се нервира. Секој си кажува што има се додека Бети не вика:

"Абе знаете, скоро ја привршив "Пеесет нијанси на сиво".

Ние во хор ја прашуваме: "И?"

Карлота веќе ја почнала третата , Иларија само што ја дочитала втората и почнуваме да збориме во хор, да се надвикуваме, за на крајот цела вечер да парафразираме со смеење без воздух. Книгулево е најхит летово. Не сум видела толку многу жени што читаат истовремено. На плажа, по градски автобуси, на станица, во воз...сите заразени со оваа еротска трилогија која стана бест селер во многу земји. И иако на почетокот не бев нешто посебно заинтересирана, како што најчесто се случува под медиумски притисок, станав љубопитна. Ќе се обидам да ви се обратам без да ви го откријам текот на настаните.

Се согласуваме сите четири дека книгата е многу лошо напишана зашто на моменти не се разликува мисла од дијалог, речникот е прилично ограничен и има вкус на женска американска серија. Мене на моменти успеа и да ме насмее.

Кристијан Греј има дваесет и седум години, сопственик на фирма со четриесет илјади вработени, изгледа како грчки бог, згоден, убав и погодете... милијардер. Има една сексуaлна тајна, Кристијан. Ама...шшшшшт не ви кажувам ништо. Анастасија Стил е девојче од соседната врата. Не е посебно убава, не е посебно богата, не е нешто згодна... ништо од ништо. И нормално, се заљубуваат. Ова од прилика може да го прочитате и на самата корица или да го дознаете во првите десет страници.

Приказната има три аспекти. Првиот е невозможен. Кристијан Греј е најубав, најзгоден, успешен, паметен, се разбира од англиска литература и скапи вина, вози хелихоптер, има голем пенис, во кревет е ѕвер...и свири пијано. Абе ајде седи.

Вториот аспект се однесува на некоја нишка на романтика која ја следи цела приказна. Банална, предвидлива, нефантазиозна и досадна романтика.

И на крајот, аспекот кој преовладува е сексот. Оргазмичен, фантастичен, гласен, генијален, прекрасен, садистички и страствен. Секогаш исто. Нема утка. Нема никогаш никаков проблем, нема смешна сцена што на сите барем еднаш, ако не и почесто, во кревет ни се случила. Нема лапсус. Сè е секогаш беспрекорно. Е што секс ќе беше тоа? Жити мајка!

Јас викам: "Девојки, мене после страници и страници на секс, ми станаа досадни. И Кристијан Греј и Анастасија Стил. И нивните десетократни оргазми." Продолжуваме да се смееме. Една од нив прашува:

"Хмм, да ве прашам нешто...вие знаевте што е фистинг?"

Хиии хи хи хо, се кикотиме.

Продолжува: "Јас морав да погледнам во Википедија"

Гласна смеа, "Аааах труп си по сексуална терминологија"!.

Карлота ми се лути. Зашто сум морала секогаш се да размонтирам?

"Па добро како да не размонтирам, дали си нормална?

Пак парафразирам: "Уау, Кристијан Греј е овде, во мојата соба и мојата внатрешна божица почнува да пее". (Убаво кажано, нели?)

За мене, книгата вредеше да се прочита само за оваа вечер. Одамна не ни било вака забавно. Книгуле ко книгуле, за некој месец сите ќе го заборават. Како оние денс хитчиња поради кои ги запаметуваме летата. Едно е сигурно: книгата стана хит од едноставна, древна и проста причина: сексот продава. И тоа е тоа.

Мојава дилема околу трилогијава која крена толкава прашина е следна: Кој дел од приказнава ги освои сите читателки од петнаесет од седумдесет и пет?

Ако е првиот, оној Пепелашка момент, тогаш имаме сериозни проблеми со прифаќање на реалноста. Или можда длабоко внатре се надеваме дека постои некој згоден млад милијардер кој се разбира од уметност, има голем пенис и е бог на сексот? И се надеваме дека некој таков ќе дојде баш кај нас и ќе не извлече од досадната канцеларијата, од досадниот маж и од досадниот рутниски живот?

Прилично тажно.

Ако читателките се привлечени од сексуалниот аспект, во право е критиката која го нарекува "Порно книга за очајни мајки". И во овој случај имаме сериозен проблем. Проблем со сексот, со сексуалната слобода и со границите на сексот, со начините, со нормалноста ако таа воопшто постои. И оваа е потажна причина од првата.

Можеби зашто фали малку сексуална фантазија, на жените им се свиѓа Кристијан Греј. Кога само би биле малку повеќе имагинативни, послободни " Педесет нијанси на сиво" немаше да стане бестселер. Или можеби е зашто се уште живееме барикадирани во сексуални табуа. Затоа е доволна една хард-секс приказна да продаде милиони копии. Или пак сите ние сме помалку стадисти и малку мазохисти само си молчиме. Од страв да не правиме нешто срамно или погрешно.

А можеби девојчиња треба да пробаме. Наместо да си ги трошиме деновите на туѓ секс, да си ги приберме партнерите, сопрузите, дечковците, љубовниците и да се ебеме малку почесто, наместо да водиме љубов.

Извор
 
Член од
14 мај 2011
Мислења
374
Поени од реакции
388
Извадок од хрватски весник:

... Целиот свет зборува за "50 нијанси сиво" !
Еротскиот роман на доскоро непознатата Е.Л. Џејмс за неполни сто дена од објавувањето се продаде во повеќе од 30.000.000 примероци. Повеќе и од "Хари Потер". Авторката моментално заработува над 1.300.000 $ неделно, а овие денови ги продаде филмските права за апсолутно рекордни пет милиони долари.

Се зборува дека холивудската верзија на љубовната приказна за невината студентка и перверзниот магнат ќе ја режира Анџелина Џоли, а главните улоги, наводно, ќе им бидат доделени на Мила Кунис и Рајан Гослинг.... -

И така, иако критиките воглавно ја прават книгава партал, таа оди како алва. На здравје! Слатко да ви е :)
 
Body Electric

Del Rey
Член од
15 јуни 2011
Мислења
222
Поени од реакции
334
Ајдеее! Почна „Сивата“ треска и во Македонија... :D
 
Setsuko

Модератор
Член од
29 јануари 2006
Мислења
6.487
Поени од реакции
5.963
Јас кажав шо мислам за книгата во темата Fan Fiction :D
Пасува репликата: Still a better love story than Twilight. :D

Си кажал инфо само, не и шо мислиш за квалитетот на „Сивилото“. :)
Ама нели на крајот на краиштата шо е битен квалитетот, нека принтаат долари кога има напален народ.
 
Член од
23 јуни 2008
Мислења
4.002
Поени од реакции
4.245
Мене ми се чини дека книгата е нула, не знам зошто толку се попалиле сите. Да не знае некој дали се шушка за македонски превод, сигурно Матица ќе ги лапне правата :)
 
RocknRolaa

Rafa Para Siempre
Член од
21 февруари 2010
Мислења
6.869
Поени од реакции
9.740
50 Нијанси на сиво е најголемата глупост што сум почнала да ја читам. После првите сто страни ја фрлам. Книга ли е ова бре? Срање и ебаго се во секоја втора реченица :pos: Мислам толку глупости на едно место немам видено. Моментот кога ја најде типката во дискотеката баш кога и се пушташе другарот ми беше омилен момент. Абе епик.

Ова накратко е изговор за сите жени што сакаат да читаат порно, да кажат дека читаат книга. Како ли успеал овој шунд да ќари толку пари нема никогаш да ми биде јасно.
 
Член од
5 февруари 2007
Мислења
10.645
Поени од реакции
13.100

Во конзервативна средина во одредени држави во US и тоа како може да собере пара. Посебно кога го купуваат ради муабетите „леле што е толку скандалозно“.
 
Keepitreal

И сега ?....
Член од
18 септември 2012
Мислења
386
Поени од реакции
371
Далеку сме од светот ! За жал кај нас е сеуште табу сексот . Иако продавачот во книжара се поставува професионално муштеријата има предрасуди дека е срамно да побара содржина во која има вулгарност или пак зборот секс . Жално но вистинито. Али како што се истребуваа стариот менталитет, гледам дека младинава како нас и баш нема толку предрасуди. Па и не треба. Се надевам на подобар наш свет.
--- надополнето: 22 октомври 2013 во 19:01 ---
Кај и да отворам деновиве читам за „50 нијанси на сиво“, сакав да ја изругам до максимум, ама ја немам прочитано, сепак јасно ми е на кој принцип функционира, sex sells etc. etc. Најдов текст со којшто се согласувам комплетно па сакав чисто да го споделам.

Пеесет нијанси

"Јас не водам љубов... јас ебам јако."

Не знам дали сум ви кажала дека Италијаните имаат навика да се поздрават пред празници, пред Божиќ, пред летен одмор и во секоја слична прилика. Иако со другарките понекогаш не се гледаме по две-три недели, сепак, пред да тргнеме на одмор се поздравуваме како да нема да се видиме со месеци.

За приликата "летно поздравување", готвам вечера, пиеме, наздравуваме за одморите и правиме скроз женски муабети: ташни, сандали, летно кино и авионски карти. По некое време почнуваме да збориме за секс, која се фали, која се жали, која се нервира. Секој си кажува што има се додека Бети не вика:

"Абе знаете, скоро ја привршив "Пеесет нијанси на сиво".

Ние во хор ја прашуваме: "И?"

Карлота веќе ја почнала третата , Иларија само што ја дочитала втората и почнуваме да збориме во хор, да се надвикуваме, за на крајот цела вечер да парафразираме со смеење без воздух. Книгулево е најхит летово. Не сум видела толку многу жени што читаат истовремено. На плажа, по градски автобуси, на станица, во воз...сите заразени со оваа еротска трилогија која стана бест селер во многу земји. И иако на почетокот не бев нешто посебно заинтересирана, како што најчесто се случува под медиумски притисок, станав љубопитна. Ќе се обидам да ви се обратам без да ви го откријам текот на настаните.

Се согласуваме сите четири дека книгата е многу лошо напишана зашто на моменти не се разликува мисла од дијалог, речникот е прилично ограничен и има вкус на женска американска серија. Мене на моменти успеа и да ме насмее.

Кристијан Греј има дваесет и седум години, сопственик на фирма со четриесет илјади вработени, изгледа како грчки бог, згоден, убав и погодете... милијардер. Има една сексуaлна тајна, Кристијан. Ама...шшшшшт не ви кажувам ништо. Анастасија Стил е девојче од соседната врата. Не е посебно убава, не е посебно богата, не е нешто згодна... ништо од ништо. И нормално, се заљубуваат. Ова од прилика може да го прочитате и на самата корица или да го дознаете во првите десет страници.

Приказната има три аспекти. Првиот е невозможен. Кристијан Греј е најубав, најзгоден, успешен, паметен, се разбира од англиска литература и скапи вина, вози хелихоптер, има голем пенис, во кревет е ѕвер...и свири пијано. Абе ајде седи.

Вториот аспект се однесува на некоја нишка на романтика која ја следи цела приказна. Банална, предвидлива, нефантазиозна и досадна романтика.

И на крајот, аспекот кој преовладува е сексот. Оргазмичен, фантастичен, гласен, генијален, прекрасен, садистички и страствен. Секогаш исто. Нема утка. Нема никогаш никаков проблем, нема смешна сцена што на сите барем еднаш, ако не и почесто, во кревет ни се случила. Нема лапсус. Сè е секогаш беспрекорно. Е што секс ќе беше тоа? Жити мајка!

Јас викам: "Девојки, мене после страници и страници на секс, ми станаа досадни. И Кристијан Греј и Анастасија Стил. И нивните десетократни оргазми." Продолжуваме да се смееме. Една од нив прашува:

"Хмм, да ве прашам нешто...вие знаевте што е фистинг?"

Хиии хи хи хо, се кикотиме.

Продолжува: "Јас морав да погледнам во Википедија"

Гласна смеа, "Аааах труп си по сексуална терминологија"!.

Карлота ми се лути. Зашто сум морала секогаш се да размонтирам?

"Па добро како да не размонтирам, дали си нормална?

Пак парафразирам: "Уау, Кристијан Греј е овде, во мојата соба и мојата внатрешна божица почнува да пее". (Убаво кажано, нели?)

За мене, книгата вредеше да се прочита само за оваа вечер. Одамна не ни било вака забавно. Книгуле ко книгуле, за некој месец сите ќе го заборават. Како оние денс хитчиња поради кои ги запаметуваме летата. Едно е сигурно: книгата стана хит од едноставна, древна и проста причина: сексот продава. И тоа е тоа.

Мојава дилема околу трилогијава која крена толкава прашина е следна: Кој дел од приказнава ги освои сите читателки од петнаесет од седумдесет и пет?

Ако е првиот, оној Пепелашка момент, тогаш имаме сериозни проблеми со прифаќање на реалноста. Или можда длабоко внатре се надеваме дека постои некој згоден млад милијардер кој се разбира од уметност, има голем пенис и е бог на сексот? И се надеваме дека некој таков ќе дојде баш кај нас и ќе не извлече од досадната канцеларијата, од досадниот маж и од досадниот рутниски живот?

Прилично тажно.

Ако читателките се привлечени од сексуалниот аспект, во право е критиката која го нарекува "Порно книга за очајни мајки". И во овој случај имаме сериозен проблем. Проблем со сексот, со сексуалната слобода и со границите на сексот, со начините, со нормалноста ако таа воопшто постои. И оваа е потажна причина од првата.

Можеби зашто фали малку сексуална фантазија, на жените им се свиѓа Кристијан Греј. Кога само би биле малку повеќе имагинативни, послободни " Педесет нијанси на сиво" немаше да стане бестселер. Или можеби е зашто се уште живееме барикадирани во сексуални табуа. Затоа е доволна една хард-секс приказна да продаде милиони копии. Или пак сите ние сме помалку стадисти и малку мазохисти само си молчиме. Од страв да не правиме нешто срамно или погрешно.

А можеби девојчиња треба да пробаме. Наместо да си ги трошиме деновите на туѓ секс, да си ги приберме партнерите, сопрузите, дечковците, љубовниците и да се ебеме малку почесто, наместо да водиме љубов.

Извор
 
Член од
8 април 2012
Мислења
165
Поени од реакции
84
Проверив и не најдов ваква тема па викам ај да создадам
Сакам книги сакам да читам не се и сешто сакам романтична драма а и еротика имам прочитано незнам 30-40 книги од овие жанрови
Имало интетесни некој и малку досадни а имало и некој доста интетесни
Од романси сум ги прочитал:Млада месечина,Ромео и Јулија,Да можеше да ме видиш сега,Тристан и Изолда,Можеби некогаш и други
А од еротски
Љубовен живот,Растењето на Лилу,Соголена пред тебе,Часови по секс и уште 2-3.
Сега ја читам Сосед од пеколот на почеток сум уште некој 80 страници не е нешто особено многу али добра е ќе помине.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom