Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
За нив на овие простори има многу пишувано, ама претежно во српски извори. Кај нас освен трачарајски работи и политика нема ништо друго да прочиташ :

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838

Кога сме кај жените во WW2, најефективната жена повторно е од советската армија, извесна Људмила Павличенко, снајпер со обична Мосин-Нагант М.91 која имала 309 погодоци, вклучувајќи и 36 германски снајпери.
Кај снајперите, во некоја мера слично како и кај воздушните асови се зема здраво за готово дека секој погодок значел смрт за противникот, но тоа не било баш така, посоодветен е поимот hits отколку kills.
Исто важи и за тенковските асови бидејќи не секој погодок бил следен со претварање на противничкиот тенк во огнена топка.

Најголемиот злочинец од женски пол во ратот е Антонина Макарова, издајничка која била на страната на нацистите и ликвидирала своерачно најмалку 1500 луѓе. Интересна сторија, успевала да избегне прогонот на НКВД и да води таен живот се до 1979 кога била пронајдена, уапсена и ликвидирана.
 
За Људмила Павличенко има снимено и филм (или серија?). Филм со превод не можев да најдам за да го изгледам, ми се допаѓа спотот што е скроен од секвенци на филмот, ама филмот не успеав да го гледам :)

Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
За Људмила Павличенко има снимено и филм (или серија?). Филм со превод не можев да најдам за да го изгледам, ми се допаѓа спотот што е скроен од секвенци на филмот, ама филмот не успеав да го гледам :)

Крајно сум резервиран околу филмовите на воена тематика, колку и да се добро направени сепак се лимитирани во она кое што можат да го доловат од разни причини. Преферирам книги па и интервјуа со учесници на одредени настани, скоро читав од Иван Кожедуб, украинско селанче родено во тотална немаштија кој не само што ќе успее да биде еден од најголемите сојузнички воздушни асови (66 победи во WW2 + 3 во Кореја) туку ќе стане и Маршал на советската авијација.

Пример, кажува како за прв пат посакал да стане пилот, имено бил во соседниот град да продава зеленчук како тинејџер и пред тезгата застанале двајца пилоти во униформа. Толку се издвајале со својата појава од секојдневното сивило што Иван бил такаречи маѓепсан. Од тој настан до соборувањето на еден Ме-262 при крајот на војната има куп настани, како соборувањето на Мустанг хаосот на она што се нарекува the fog of war.

Има многу примери кај советските асови да се издигнат од најсиромашни кулаци до полковници, генерали па ете и маршали.

Од друга страна кај германските асови имаме припадници на средна, висока-средна па и висока класа, самиот Ерик Хартман, најголемиот ас на сите времиња е од богато лекарско семејство а неговата мајка била спортски пилот и едриличар. Едно време пред кризата 1929 поседувале и приватен спортски авион.
 
Јас не реков дека од филмот ќе научам нешто?!? Јас реков дека САКАМ да го гледам :) Ми се виде добар.

Сега за пилотите (и сите офицери) - И во ЈНА офицерите беа од сиромашно и воглавно селско население. Исто и полицајците. Зошто? Настрана тоа што градските и пообразувани деца имаат други визии и други можности да бидат нешто друго во животот, освен војник или полицаец, туку основата на таквиот состав е во тоа што таквите кадри се ИСКЛУЧИТЕЛНО лојални на државата и армијата/полицијата која го “извадила од калта“, го слегла од планина в град, му дала премногу добра плата, привилегии (не плаќаа скоро никаде по кафеани и јавен превоз). Државата им купувуше облека сосе гаќите што се вели (ЈНА имаше и посебни продавници, се викаа “22 Децембар“ во кои офицерите и членовите на нивните семејства купуваа облека по многу повластени цени), за офицерите (и војската) имаше “Офицерски домови“ во кои (на пр.) едно кафе ако чинеше во обична кафеана 50 денари - таму чинеше 10 денари. Таму се прикажуваа и филмови со поефтина цена на билетите. Тие имаа и посебни, ефтини одморалишта и т.н.
Ете затоа ГИ СЕЛЕКТИРАА и регрутираа сиромашните селски деца - знаеа дека во иднина таквите, својот статус и привилегии (а со тоа и државата) ќе ги бранат до последно. Не е мала работа да го донесеш некој од некое пасивно село во град, да му дадеш стан во кој водата “доаѓа од ѕидот“, а за се.ење не треба да оди во грмушките, во кој има електрични апарати, давачките за станот му ги плаќа некој друг, си му дал статус, образование...
Тоа е исто како да вдомиш некое улично вошливо куче за милениче - до смрт ќе ти биде благодарно и ќе прави се' само да не се врати пак на улица.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
Koj би рекол дека од источен до западен фронт може да има само еден ден марширање.
- напишал на 27-ми април 1945-та Питер Ритих, од Шарнхорст дивизијата.*

* ако не сте чуле за неа, тоа е најверојатно затоа што е формирана во март 1945-та.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Koj би рекол дека од источен до западен фронт може да има само еден ден марширање.
- напишал на 27-ми април 1945-та Питер Ритих, од Шарнхорст дивизијата.*

* ако не сте чуле за неа, тоа е најверојатно затоа што е формирана во март 1945-та.
Па и на бранителите на Москва маршот до фронтот едно време им траел помалку од едно деноноќие.

Историјата знае да биде ептен иронична, после 22 јуни 1941 Јосиф Висарионович Сталин е генијалниот војсководец кој знае да издава само две наредби: нема повлекување и (контра)напад, за веќе после 2 февруари 1943 Адолф Хитлер да ја превземе истата улога на генијален војсководец кој ги знае само истите тие две наредби.

На почетокот на војната фирерот до некаде ги слушал своите генерали, за веќе после победата над Франција во 1940 година да почне да ја слуша само сопствената интуиција.

Истовремено вождот на почетокот на војната имал само едно конечно решение - стрелање - за генералите кои не се восхитувале на неговата генијалност - како генерал Дмитри Павлов, еден од главните команданти на источниот фронт на почетокот на Операција Барбароса, за веќе кога воената состојба станала толку тешка и надвор од контрола, им ја препуштил војната на генералите.

На крајот од војната фирерот не слуша никој друг освен сопствената интуиција, додека вождот претежно дава само амин на одлуките на генералите, им се меша во работата дури на крајот во битката за Берлин, чисто и исклучиво од политички, а не од воени причини, што секако резултира со непотребни жртви, но тој факт е покриен со тепихот на победата.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.274
На почетокот на војната фирерот до некаде ги слушал своите генерали, за веќе после победата над Франција во 1940 година да почне да ја слуша само сопствената интуиција.
Не. Тоа малку покасно почнало. При повлекувањето по Битката за Москва.
 
Член од
8 ноември 2008
Мислења
2.172
Поени од реакции
1.265
Вакви сведоштва има многу, ама еве едно со подоста технички детали (малку се повторуваат будејќи се од повеќе извори собрани на куп, а и преводот е малку чуден, веројатно со помош на Гугл трнслејт е правен) :

Член од
14 октомври 2017
Мислења
232
Поени од реакции
109
Дали некој знај утре во колку часот ќе започне парадата во Москва и дали некоја од странскиве или нашиве регионални TV ќе пренесуваат?
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
76 години од победата во Европа.
Истовремено трае битката за Окинава која е последна стапка пред самите home islands of Japan. За време на капитулацијата на Германија стотици камиказе удираат на америчката флота околу островот.
 
Член од
23 ноември 2011
Мислења
14.322
Поени од реакции
32.862
https://infomax.mk/wp/колумна-на-мирка-велиновска-колектив/

Ако ви се чита празнично кремљовска пропаганда.

Неспорен е процентуално поголемиот придонес на Црвената армија а уништување на силита на Оската.

Но вакви небулози и глупости напишани на едно место одамна немам прочитано. (ваљда во некоја нејзина претходна колумна)

Посебно делот за Полска и Чешка. Да го прозиваш трулиот и порпаднат Запад за нивните предавства и грешки во 1938-39 со Полска и Чехословачка, но да го премолчиш 50-годишното комунистички црничење на тие две држави во лагерот наречен Варашвски пакт, да ги премолчиш тенковите во Прага и Будимпешта и најмногу од се да премолчиш дека од август 1939 до јуни 1941 година Третиот Рајх и СССР се сојузници во секоја можна смисла на зборот сојуз, дури и пред Италија да стане сојузник на Хитлер, дека заедно учествуваат во војна против Полска, дека СССР ја окупира Полска, тоа е веќе гротескно извртување факти.

Уште едно изртување факти, или воопшто незнаење на историја е овој дел Специјално за франкофонска Полска која масовно го пречека освојувачот како свој ослободител и спасител од Русија. Ги лавна помрачина од еден цел век

Кремљовскиот агент извртува, намерно или ненамерно премолчува дека Полска веќе не постоеше на мапата и беше поделена уште пред Наполеон да ја нападне Русија, дури уште пред да дојде на власт, така да тезата дека Полска не постоела заради тоа што била сојузник на Наполеон преку Варшавското војводство е чиста лага и манипулација.

Но, со оглед на кој е автор на текстов, и не изненадува премногу.
 
Ова створење наводно било жртва на неуспешна операција за промена на пол, не знам колку е точно.
Во претходната држава поради идеолошки причини, но и западот делумно поради сојузништвото 41-45 низ јавниот дискурс се минимизирала улогата на СССР како сојузник на Третиот Рајх. 1939-41 германските успеси се должат делумно и на огромната поддршка од страна на СССР вклучувајќи све од игла до локомотива. Германските тенкови и авиони окупираат пола Европа со помош на советско гориво.
По инерција, дури и денес 30 години подоцна, сеуште се минимизира срамната улога на верниот сојузник на третиот Рајх.

Ваквите јубилеи имаат и една тажна страна а тоа е што со секоја измината година има се помалку и помалку живи сведоци и учесници на WW2. Пример во моето семејство повеќе нема жив сведок на настаните. Има сеуште од оние кои не учествувале директно во борбата, оние кои биле премлади за тоа но тоа е друго. Преживеаните ветерани веќе имаат 95+ години...
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom