Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Се знаело правилото кога се влегувало во териториите на Третиот Рајх кои биле под сојузничка окупација - апсолутна внимателност и забранета било каква комуникација и социјализација со Германците.

А сега одеднаш швабите се жртвите, се` во име на одржување на добри пост-воени односи со новиот сојузник на американците во Студената Војна против Советскиот Сојуз.

Политика е едно, а историска вина и одговорност е друго, каква и да била бруталноста на советските воени и пост-воени злосторства, истата никогаш нема да ги амнестира швабите од нивната историска вина и одговорност за злосторствата против човештвото извршени на европско тло од 30 јануари 1933 до 9 мај 1945.
Она што мислиш за Германците, не се разликува од она што Хитлер и Химлер го мислеа за Евреите.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.452

Па не би се согласил, наспроти сета историска вина и одговорност која Германците ја имаат за Втората Светска Војна, Холокаустот и сите останати злосторства против човештвото извршени на европско тло помеѓу 30 јануари 1933 и 9 мај 1945, сепак не верувам дека Германците се не-луѓе за кои треба да се изнајде Конечно решение кое би резултирало со нивно истребување.

Исто така не верувам дека на Германците местото им е во гета или во концентрациони логори, ниту па верувам дека треба да носат било какво обележје на рака за да бидат етикетирани како стока, или дека треба да им бидат забранети интимни односи и брачни заедници со припадници на други националности и етникуми, или дека треба да им биде забрането да се занимаваат со одредени професии, или дека треба да бидат бојкотирани и/или уништувани нивните бизниси и/или да бидат забранети или да бидат палени нивните книги.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Наплив од Бугарите во одбрана на фашизмот и невините и страдни Германци. :pos:
Интересна сорта се во секој случај. Пола се фашисти, а другата половина закоравени сталинисти. :D
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Просечниот Германски народ на почеток можеби не бил толку за Хитлер и неговата идеологија но со тек на време и после воените успеси и те како голем дел од народот беше апсолутно со Хитлер. Не само холокаустот, почнува уште порано со апсенње на комунисти и интелектуалци и нормално со теророт против Евреите. Од одземање имоти и Богатсво, до јавна дискриминација, уништување на синагоги и потоа масовно ништење. Мал дел Германци работеа против Хитлер, тие што беа против режимот и одамна заминаа во егзил како на пример поранешниот канцелар Бранд кој бил во Норвешка. Дури и генералите кои делумни имале некој воен кодекс го поддржуваа со оглед што ја врати старата слава на Германија и всушност биле монархисти. Како и да е, Германците точно знаеле што се дешава. Просечниот Германец на крај имаше корист од нацистите и со тоа и го поддржуваше системот и идеологијата.

Од друга страна после војната, иако требаше време да помине, си ја прифатија вината и за разлика од други нации како Јапонците или Бугарите, целосно ја признаваат вината и добро го држат тој спомен. Пошто сум поминал, можам да кажам, дека во школите многу реално и без лаги се учи за тоа што се деси. Не верувам дека има други земји каде толку е развиена таа свест на вина.

Факт е сепак исто така, дека денацификацијата во Германија не испадна сто посто како што беше замислена. Имаше доста стари кадри, посебно во ниските рангови, кои и во Демократска Германија направија кариера иако со сомнително минато. На крај толку голем беше бројот на поддржувачи и соучесници што не можеше тотално да се чисти. Студентските протести 68ма токму тука влечат корени, децата на генерацијата која беше виновна се крена против тие луѓе и вредности.

Денес Германците во тоа прашање се поделени. Голем дел го осудуваат третиот рајх и таа идеологија и целосно отфрлаат такви тенденции во општеството. Има дел кој е индиферентен и вика доста е веќе со величење на култот на вина а има и растечки дел кој е на пат на нов фашизам, ќе спомнам само АФД.

Интересно е што во самопрогласена антифашистичка Германија, ДДР, немаше денацификација и уште поголем дел од старите кадри си продолжија во сега социјалистичкиот систем. Премолчен беше тој дел на историјата односно вината беше целосно префрлена на западна Германија. Резултатот го гледаме денес. Во источна Германија расизмот и далеку поголем иако има помалку странци, АФД добива повеќе гласови на избори а и свеста фали. Партиите во западна Германија целосно ја отфрлаат соработката со АФД на политички ниво и тоа почнуваќи од комунално ниво а од друга страна во источна Германија и те како има соработка на комунално ниво со АФД.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Па не би се согласил, наспроти сета историска вина и одговорност која Германците ја имаат за Втората Светска Војна, Холокаустот и сите останати злосторства против човештвото извршени на европско тло помеѓу 30 јануари 1933 и 9 мај 1945, сепак не верувам дека Германците се не-луѓе за кои треба да се изнајде Конечно решение кое би резултирало со нивно истребување.

Исто така не верувам дека на Германците местото им е во гета или во концентрациони логори, ниту па верувам дека треба да носат било какво обележје на рака за да бидат етикетирани како стока, или дека треба да им бидат забранети интимни односи и брачни заедници со припадници на други националности и етникуми, или дека треба да им биде забрането да се занимаваат со одредени професии, или дека треба да бидат бојкотирани и/или уништувани нивните бизниси и/или да бидат забранети или да бидат палени нивните книги.
Дали би се согласил дека Русите биле виновни што Сталин оставил да умрат од 1,5 до 10 милиони Украинци до глад?
Дали мислиш дека Југословените се виновни за логорите на Тито?
Дали мислиш дека Турците се виновни за ерменскиот геноцид? Треба ли да ги осудиме сите 82 милиони Турци?
Или, пак, Србите се виновни за теророт врз локалното население во Македонија помеѓу 1913 и 1941 година?
Дали македонците се виновни за судбината на Методи Андонов-Ченто, Панко Брашнаров и на сите други? Дали ќе се самоамнестираш или ќе се самоосудиш?

На тоа мислев. Не можете да осудите цел народ за постапките на одредени луѓе во раководството на државата - во спротивно не се разликувате идеолошки од Хитлер и Химлер.
Автоматски споено мислење:

Просечниот Германски народ на почеток можеби не бил толку за Хитлер и неговата идеологија но со тек на време и после воените успеси и те како голем дел од народот беше апсолутно со Хитлер. Не само холокаустот, почнува уште порано со апсенње на комунисти и интелектуалци и нормално со теророт против Евреите. Од одземање имоти и Богатсво, до јавна дискриминација, уништување на синагоги и потоа масовно ништење. Мал дел Германци работеа против Хитлер, тие што беа против режимот и одамна заминаа во егзил како на пример поранешниот канцелар Бранд кој бил во Норвешка. Дури и генералите кои делумни имале некој воен кодекс го поддржуваа со оглед што ја врати старата слава на Германија и всушност биле монархисти. Како и да е, Германците точно знаеле што се дешава. Просечниот Германец на крај имаше корист од нацистите и со тоа и го поддржуваше системот и идеологијата.

Од друга страна после војната, иако требаше време да помине, си ја прифатија вината и за разлика од други нации како Јапонците или Бугарите, целосно ја признаваат вината и добро го држат тој спомен. Пошто сум поминал, можам да кажам, дека во школите многу реално и без лаги се учи за тоа што се деси. Не верувам дека има други земји каде толку е развиена таа свест на вина.

Факт е сепак исто така, дека денацификацијата во Германија не испадна сто посто како што беше замислена. Имаше доста стари кадри, посебно во ниските рангови, кои и во Демократска Германија направија кариера иако со сомнително минато. На крај толку голем беше бројот на поддржувачи и соучесници што не можеше тотално да се чисти. Студентските протести 68ма токму тука влечат корени, децата на генерацијата која беше виновна се крена против тие луѓе и вредности.

Денес Германците во тоа прашање се поделени. Голем дел го осудуваат третиот рајх и таа идеологија и целосно отфрлаат такви тенденции во општеството. Има дел кој е индиферентен и вика доста е веќе со величење на култот на вина а има и растечки дел кој е на пат на нов фашизам, ќе спомнам само АФД.

Интересно е што во самопрогласена антифашистичка Германија, ДДР, немаше денацификација и уште поголем дел од старите кадри си продолжија во сега социјалистичкиот систем. Премолчен беше тој дел на историјата односно вината беше целосно префрлена на западна Германија. Резултатот го гледаме денес. Во источна Германија расизмот и далеку поголем иако има помалку странци, АФД добива повеќе гласови на избори а и свеста фали. Партиите во западна Германија целосно ја отфрлаат соработката со АФД на политички ниво и тоа почнуваќи од комунално ниво а од друга страна во источна Германија и те како има соработка на комунално ниво со АФД.
Колку книги прочитавте за историјата на Германија помеѓу 1933 и 1945 година? Од она што е напишано погоре, се чини дека тешко дека сте прочитале една, затоа што дури и во југословенската пропагандна литератуа нема такви глупости.
 
Последно уредено:

Хехе, асиметричната споредба ти е токму таква - асиметрична, односно неиздржлива.

Кога веќе сакаш да навлегуваш во домашните политики на одредени држави, повели спомни ги примерите и на Бугарија со нејзиниот треман кон македонското малцинство кое живее на нејзина територија.

Сите злосторства кои ги спомна се злосторства извршени врз луѓе кои биле државјани на истите држави кои ги извршиле тие злосторства.

Нацистичка Германија од друга страна, присилно окупирала туѓи територии, присилно депортирала и истребувала туѓо население, и сето тоа со директната или индиректната помош од обичниот германски смртник кој можеби не ги депортирал Евреите во концентрационите логори, но ги создавал оружјата, муницијата, инфраструктурата и средствата за транспорт кои придонеле за организацијата на Холокаустот и други злосторства на Нацистичка Германија во периодот од 30 јануари 1933 до 9 мај 1945.

И додека од една страна не може да има амнестија за ерменскиот геноцид, за големиот глад во Советскиот Сојуз од 1932 и 1933 година, како и за политиките на Кралството Југославија кон македонското население - а исто и за политиките на тогашното Царство Бугарија, како и денешната Република Бугарија кон македонското малцинство кое живее на нејзина територија - сепак тие злосторства остануваат домашни политики на држави кон нивните државјани, а не кон туѓо население кое присилно го окупирале.

Секако дека има исклучоци, како бугарската присилна окупација на Македонија за време на Втората Светска Војна и депортирањето на барем 7.148 македонски Евреи во нацистичкиот логор на смртта Треблинка во 1943 година, како и убиствата на Страшо Пинџур, Мирче Ацев, масакрирањето на телото на Невена Георгиева Дуња после нејзиното загинување, отсекувањето на нејзината глава и нејзиното набивање на кол, како и бројни други злосторства против човештвото извршени врз македонското население кое било присилно окупирано од страна на Бугарија, а кои остануваат историска вина и одговорност на Бугарија и на бугарскиот народ.
 
SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Сите злосторства кои ги спомна се злосторства извршени врз луѓе кои биле државјани на истите држави кои ги извршиле тие злосторства.

Нацистичка Германија од друга страна, присилно окупирала туѓи територии, присилно депортирала и истребувала туѓо население, и сето тоа со директната или индиректната помош од обичниот германски смртник кој можеби не ги депортирал Евреите во концентрационите логори, но ги создавал оружјата, муницијата, инфраструктурата и средствата за транспорт кои придонеле за организацијата на Холокаустот и други злосторства на Нацистичка Германија во периодот од 30 јануари 1933 до 9 мај 1945.
Дали злосторствата против човештвото се извршени врз сопствени или странски државјани нема голема разлика. Дали тие се од расни (Германиjа) или класни (СССР) причини е исто.
Со декларација, Европскиот парламент ги изедначува тоталитарните фашистички и комунистички влади.
 
Член од
28 јуни 2018
Мислења
743
Поени од реакции
920

Тоа што ги изедначиле треба да се сфати како акт на подадена рака и помирување, т.е. затворање на страница...плус, тука може да има елементи на контрање кон Русија па заради тоа да носат вакви декларации...

Една декларација секако не ти дава за право да негираш дека Бугарија била окупатор во МК и правела злосторства, дека Балистите правеле злосторства низ МК и дека Германија тоа што го правела (конц логори и масовно истребување) е еквивалентно со комунистички режими.
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Дали би се согласил дека Русите биле виновни што Сталин оставил да умрат од 1,5 до 10 милиони Украинци до глад?
Дали мислиш дека Југословените се виновни за логорите на Тито?
Дали мислиш дека Турците се виновни за ерменскиот геноцид? Треба ли да ги осудиме сите 82 милиони Турци?
Или, пак, Србите се виновни за теророт врз локалното население во Македонија помеѓу 1913 и 1941 година?
Дали македонците се виновни за судбината на Методи Андонов-Ченто, Панко Брашнаров и на сите други? Дали ќе се самоамнестираш или ќе се самоосудиш?

На тоа мислев. Не можете да осудите цел народ за постапките на одредени луѓе во раководството на државата - во спротивно не се разликувате идеолошки од Хитлер и Химлер.
Автоматски споено мислење:

Колку книги прочитавте за историјата на Германија помеѓу 1933 и 1945 година? Од она што е напишано погоре, се чини дека тешко дека сте прочитале една, затоа што дури и во југословенската пропагандна литератуа нема такви глупости.
Не се Русите и Србите тема, туку Германците, не дефокусирај. И да, има Германска колективна вина за ВСВ.

Иначе многу книги и су поминал школски систем таму и живеам тука. Ако не се согласуваш нешто аргументирај а не со лични напади. Смешен си.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Бугарите све гледаат на ниво на политиканство, па дури и злосторства од вакви епски размери. Пример сега, како прави лакејци се спремни да го бранат/релативизираат Германскиот фашизам дури и ако Германците не се осмелуваат, претходно ги бранеа Гулазите и Сталинизмот.
Ние со обидуваме да разговараме со бројки и факти, а тие тераат политика, така што џабе се мачите, нема реална и објективна дискусија со нив по ниту една тема. Еве го овој гревов почна да блада за Југословенска пропаганда, за реално објективен пост на човек кој живее и е роден во Германија.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Просечниот Германски народ на почеток можеби не бил толку за Хитлер и неговата идеологија но со тек на време и после воените успеси и те како голем дел од народот беше апсолутно со Хитлер. Не само холокаустот, почнува уште порано со апсенње на комунисти и интелектуалци и нормално со теророт против Евреите. Од одземање имоти и Богатсво, до јавна дискриминација, уништување на синагоги и потоа масовно ништење. Мал дел Германци работеа против Хитлер, тие што беа против режимот и одамна заминаа во егзил како на пример поранешниот канцелар Бранд кој бил во Норвешка. Дури и генералите кои делумни имале некој воен кодекс го поддржуваа со оглед што ја врати старата слава на Германија и всушност биле монархисти. Како и да е, Германците точно знаеле што се дешава. Просечниот Германец на крај имаше корист од нацистите и со тоа и го поддржуваше системот и идеологијата.

Од друга страна после војната, иако требаше време да помине, си ја прифатија вината и за разлика од други нации како Јапонците или Бугарите, целосно ја признаваат вината и добро го држат тој спомен. Пошто сум поминал, можам да кажам, дека во школите многу реално и без лаги се учи за тоа што се деси. Не верувам дека има други земји каде толку е развиена таа свест на вина.

Факт е сепак исто така, дека денацификацијата во Германија не испадна сто посто како што беше замислена. Имаше доста стари кадри, посебно во ниските рангови, кои и во Демократска Германија направија кариера иако со сомнително минато. На крај толку голем беше бројот на поддржувачи и соучесници што не можеше тотално да се чисти. Студентските протести 68ма токму тука влечат корени, децата на генерацијата која беше виновна се крена против тие луѓе и вредности.

Денес Германците во тоа прашање се поделени. Голем дел го осудуваат третиот рајх и таа идеологија и целосно отфрлаат такви тенденции во општеството. Има дел кој е индиферентен и вика доста е веќе со величење на култот на вина а има и растечки дел кој е на пат на нов фашизам, ќе спомнам само АФД.

Интересно е што во самопрогласена антифашистичка Германија, ДДР, немаше денацификација и уште поголем дел од старите кадри си продолжија во сега социјалистичкиот систем. Премолчен беше тој дел на историјата односно вината беше целосно префрлена на западна Германија. Резултатот го гледаме денес. Во источна Германија расизмот и далеку поголем иако има помалку странци, АФД добива повеќе гласови на избори а и свеста фали. Партиите во западна Германија целосно ја отфрлаат соработката со АФД на политички ниво и тоа почнуваќи од комунално ниво а од друга страна во источна Германија и те како има соработка на комунално ниво со АФД.
Или во превод, перењето мозок во Западна Германија поминало многу подобро. :D
 
Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Или во превод, перењето мозок во Западна Германија поминало многу подобро. :D
Па добро, имаш избор да признаеш вина за тоа што си правел со сите последици или имаш избор да ја префрлиш вина на друг (источна Германија). Сепак западот добро поминал и за брзо се издигнал пак како сила. А можеа и тотално да ја збришат од карта.
 
Член од
24 март 2010
Мислења
15.125
Поени од реакции
25.516
Па добро, имаш избор да признаеш вина за тоа што си правел со сите последици или имаш избор да ја префрлиш вина на друг (источна Германија). Сепак западот добро поминал и за брзо се издигнал пак како сила. А можеа и тотално да ја збришат од карта.
Пробале да ги понижат после Прва светска, не поминало добро. Растот на нацизмот во Германија колку што е вина на Германците е вина и на другите европски големи сили. Што не ги амнестира Германците од ужасите во Втора светска, ама веќе помина доволно време, и може покритички да се гледа на тој период, има што да се види.
 
Щипянецъ

македонски Бугарин
Член од
21 декември 2011
Мислења
1.378
Поени од реакции
544
Пробале да ги понижат после Прва светска, не поминало добро. Растот на нацизмот во Германија колку што е вина на Германците е вина и на другите европски големи сили. Што не ги амнестира Германците од ужасите во Втора светска, ама веќе помина доволно време, и може покритички да се гледа на тој период, има што да се види.
Може да се погледне покритично само кога ќе се слушнат двете страни. Тезата на победниците во војната сè уште се гледа како основна. Кога и двете се ставаат во иста скала, проценките може да се дадат и ревидира се. Од сè, после Евреите, најмногу страдал обичниот германски граѓанин. На крајот на војната, обичниот Германец беше напуштен дури и од Хитлер.
Автоматски споено мислење:

Иначе многу книги и су поминал школски систем таму и живеам тука. Ако не се согласуваш нешто аргументирај а не со лични напади. Смешен си.
Кои книги си ги прочитал за Втората светска војна?

"Просечниот Германец на крај имаше корист од нацистите".... Корист? Секојдневно бомбардирање, криење, продажба на целиот имот за купување храна, храна доволно за да не умреш од глад, 50 грама шеќер месечно, секое семејство со мртви членови, претежно млади?

Ниту еден обичен граѓанин нема корист од војната, без оглед на која страна е.
 
Последно уредено:

Staufer

Вардар - Егеј - Пирин: Македонија!
Член од
17 јануари 2008
Мислења
16.148
Поени од реакции
21.197
Може да се погледне покритично само кога ќе се слушнат двете страни. Тезата на победниците во војната сè уште се гледа како основна. Кога и двете се ставаат во иста скала, проценките може да се дадат и ревидира се. Од сè, после Евреите, најмногу страдал обичниот германски граѓанин. На крајот на војната, обичниот Германец беше напуштен дури и од Хитлер.
Автоматски споено мислење:

Кои книги си ги прочитал за Втората светска војна?

"Просечниот Германец на крај имаше корист од нацистите".... Корист? Секојдневно бомбардирање, криење, продажба на целиот имот за купување храна, храна доволно за да не умреш од глад, 50 грама шеќер месечно, секое семејство со мртви членови, претежно млади?

Ниту еден обичен граѓанин нема корист од војната, без оглед на која страна е.
Книги, документарци, не можам да ти набројувам плус поминато образование тука. Не се секирај, добро ми е познат тој период.

Туку користа беше уште од 33та, не зборуваме само за војната. Во Германија немаше големи ограничувања за народот во првите години пошто освојуваше Германија нормално дека се смени со почетните порази. Всусшност на почеток во Германија беше и како да нема војна не се осетуваше се дур почнаа со бомбардирањето на Германските градови. И да, имаше рестрикции околу храна ама на почеток тоа беше далеку од преживување. Корист имаа Германците од освоените територии кои беа ограбувани - ете како може да се има корист и од војна. Всусшност ВСВ за Германија треба на две фази да ја подели, првичната каде имаа успеси и после падот.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom