Втора светска војна (1939-1945) - генерална дискусија!

Член од
14 октомври 2017
Мислења
232
Поени од реакции
109
Власта или Рајхот после "економската депресија" имала за цел да направи народен автомобил (volks - народ и wagen - автомобил) кој ќе биде наменет за луѓето кои имаат средни примања. Автомобилот (буба) е дизајниран од страна на австрискиот инжинер Фердинанд Порше по барање на Хитлер. Условите кои морал да ги исполнува биле: Да не биде поскап од 900рајх-марки, да собира 4 члено семејство, да достигнува 100км/ч и да се лади воздушно со мотор позади.

Пред почетокот на војната, произведени се само 600 примероци. Со започнувањето на војната, фабриката е применета за изработка на воени возила и воени потреби, каде произлегува и Kübelwagen. По завршување на војната, фабриката ја завзема британската војска која без пари му ја понудува на Ford. Синот на Henry Ford ја одбива понудата мислеќи дека нема да има никаква корист. Британците, одлучуваат да продолжат со производство на Буба со што британската полиција и војска биле повеќе моторизирани. Подоцна започнува и продажбата за германскиот пазар каде вродува со усчех а подоцна и масовно ширум светот.

Британците ја враќаат сопственоста на германците. Денеска Volkswagen е светски гигант во приватна сопственост на фамилиите Porsche & Piech. Volkswagen (и групацијата) денеска е светски произведувач на автомолбили, со годишна продажба од околу 9-10 милиони автомобили и е на второто место веднаш по Toyota.
Покрај Буба, на компанијата успех и донел моделот Golf а подоцна и Pasaat. Во блиска иднина, се очекува услех да им донесе и ID. моделите.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Koла што може да превезува двајца возрасни и три деца, со брзина од 100km/h, а да троши максимум 7 литра на 100km, со делови кои можат лесно да се произведуваат, едноставна, да кошта до 900 марки и тн. и тн.
Кола за просечниот Германец. Нешто како применување на идејата на Форд, многу пред тоа реализирана во САД. Да се потсетиме, дека во тие моменти поседувањето на личен автомобил во САД е во далеку поголем процент, отколку во Германија, каде само богатите имале автомобили (и тоа луксузни), а земјата воглавно и такви и правела.
Е сега, дали он сакал стварно тоа да го постигне, или оваа идеја му е една од маските. Имено, он доста индустрии и фабрики развивал и отворал, со цивилен предзнак, а всушност идејата му била, кога ќе дојде време, да ги префрли, да бидат со воен предзнак. Он не можел така јавно, во предвоениот период, пред светската јавност, да отвара фабрики за тенкови, муниција, оружје, па и воени коли.

Јас знам за околу 200 произведени буби, до префрлањето на воена продукција, кога во таа фабрика, наместо буби, почнуваат да се прават овие:

Сите 200 буби, ги земале офицри на армијата, ниту една не добил/купил било кој германски работник.
 
Член од
28 декември 2015
Мислења
3.377
Поени од реакции
5.838
Кога сме кај спецификации, соочени со опколување и напади врз безбројните островски гарнизони јапанската морнарица излегла со барање за префрлање на 500-600 тони терет на далечина од 5000км со брзина над 250км на час. Фирмата Каваниши изработила проект според зададените барања.
Резултат бил левијатан од 162м должина, 180м распон на крила, скоро дупло поголем од Х-4 Херкулес.
Сепак немањето на ресурси за изградба на една таква монструозност 1943+ биле пресудни за да КаИкс-3 не биде изграден во бродоградилиште (пошто немало доволно големи фабрики или чак и хангари за нешто од таа големина.) На крај преуредени големи подморници биле главни во снабдувањето на гарнизоните...

Каваниши КаИкс-3
12 тандеми :D во гондоли над крила со пар клипни мотори (24 мотораш :D) и 4 помошни млазни за секој случај. 4-цевен флак 20мм и пар 30мм само на опашката.

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
На страна тоа дали е паметно толкав авион да се прави, они на тоа помислиле дури 1943-та, после Мидвеј и Гуадалканал, за да подобрат достава на тие далечини, бидејќи тогаш сигурноста на поморската достава веќе била доста искомпромитирана. Уште од после Саво 42-ра, они се префрлиле на ноќна достава со брзи бродови (Токио Експрес), што значи уште тогаш им бил константно нарушен нормалниот начин на логистика. За на крај, како што е напоменато веќе, да останат на смешна подморничка логистика.
Разбирам што ги натерало тогаш таков авион да прават. Не разбирам зошто уште од почетокот на војната не размислиле за таква опција. Со време да го развијат.
Пацифчкиот театар е театар со огромни раздалечини. Јапонската копросперитетна зона е планирана многу одамна и малку подоцна, за кратко, остварена. Тоа е огромен простор. Проекција на сила на толкави раздалечини бара фокусирана логистичка стратегија. Можеле интуитивно да почнат таков, или сличен, проект уште одамна.

тоа се моите пет центи за ова
 
Последно уредено:

Јапанците како и нивните остали партнери од оската страдале од хроничен недостаток на стратешка визија, тешко е да се прецени нивната зависност од ад-хок решенија, овој мастодонт од хидроавион е само еден во долгата низа оружја кои биле проектирани од јапанци, од млазни ловци до манијакално големи подморници-носачи на хидроавиони (биднале оперативни тие) па се до куп самоубилачки средства.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Вечната мистерија, убаво рекол Хари Труман:

" Не ми е јасно како може американската војска да произведе луѓе од типот на Роберт Ли, Џон Першинг, Двајт Ајзенхауер и Омар Бредли, а истовремено да создаде луѓе од типот на Џорџ Кастер, Џорџ Патон и Даглас МекАртур " .

Секоја смрт на било која позната и/или славна личност секогаш е плодно поле за секакви приказни и теории на заговор.
 
SNM

Член од
19 август 2020
Мислења
564
Поени од реакции
1.336
Не си во право. Германскиот народ плати превисока цена за поддршката на националсоцијализмот. Милиони убиени на фронтовите и во бомбардираните градови. Стотици илјади силувани жени и девојки во Источна Германија. Милиони луге со години са третирани како робови во Источна Европа (Полска, Чехословачка .....) Неколку милиони од нив починаа во следната депортација от Источна Европа.
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592

Кутрите германци, 3 солзи ми капнаа. :place:
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Не си во право. Германскиот народ плати превисока цена за поддршката на националсоцијализмот. Милиони убиени на фронтовите и во бомбардираните градови. Стотици илјади силувани жени и девојки во Источна Германија. Милиони луге со години са третирани како робови во Источна Европа (Полска, Чехословачка .....) Неколку милиони од нив починаа во следната депортација от Источна Европа.
Изгледа погрешно си го сфатил мојот коментар, кој се однесуваше на виновниците и одговорните за Втората Светска Војна, за Холокаустот и за сите злосторства против човештвото извршени на европско тло од 30 јануари 1933 до 9 мај 1945.

А кога сме кај швабите, нивната ќутенка во 12 години под власт на фирерот и нацистите говори доволно за нивната рамнодушност кон жртвите на нацизмот, а со тоа говори и за нивното директно или индиректно соучесништво со нацистите.

Чисто за потсетување, Адолф Хитлер и нацистите не дошле на власт во понеделник, а веќе да почнале да фрлаат луѓе во печки во петок, туку практикувале постепен развој на настаните во корист на нивните злосторнички идеи и начини на размислување.

Мартин Ниемулер - и самиот едно време сојузник на Хитлер и на нацистите, се додека не им бил повеќе од корист - убаво има напишано за ваквиот развој на настаните:

Прво дојдоа по комунистите, а јас молчев бидејќи не бев комунист.

Потоа дојдоа по Евреите, а јас молчев бидејќи не бев Евреин.

Потоа дојдоа по синдикалците, а јас молчев бидејќи не бев синдикалец.

Потоа дојдоа по католиците, а јас молчев бидејќи бев протестант.

Потоа дојдоа по мене, а тогаш веќе немаше никој за да прозбори.

Исто како и Ниемулер, така и просечниот Германец единствено си мислел на своите лични интереси и си гледал единствено што се случува во неговиот приватен двор, наместо да сфати сериозно што се случува во германското општество, а истовремено ќе има влијание врз идниот развој на европските држави, и на крајот и врз неговиот живот.
 
Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
43.068
Поени од реакции
78.273
Не си во право. Германскиот народ плати превисока цена за поддршката на националсоцијализмот. Милиони убиени на фронтовите и во бомбардираните градови. Стотици илјади силувани жени и девојки во Источна Германија. Милиони луге со години са третирани како робови во Источна Европа (Полска, Чехословачка .....) Неколку милиони од нив починаа во следната депортација от Источна Европа.
два милиони
 
Член од
18 мај 2008
Мислења
7.560
Поени од реакции
17.592
Исто како и Ниемулер, така и просечниот Германец единствено си мислел на своите лични интереси и си гледал единствено што се случува во неговиот приватен двор, наместо да сфати сериозно што се случува во германското општество, а истовремено ќе има влијание врз идниот развој на европските држави, и на крајот и врз неговиот живот.
И не баш. Им станувале курињата на подоста на помислата за надраса-Ариевци, приказните за Третиот рајх, антисемитизмот и лапање на туѓи територии. Никакво жалење наспрема Германците како колектив околу ВСВ не смее да има. Злосторот нивен е гнасен и не смее да се заборави, а не па да се правда со тоа дека и тие биле терани и силувани. Ниту бројчано, ниту во нечовечност не го преминува нивното страдање, тоа на другата страна, а тоа кој и со каков нарав(за тотално уништување на источнославјанска/Ромска/Еврејска раса) го почна истото да не напоменувам воопшто.
 
Последно уредено:
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
И не баш. Им станувале курињата на подоста на помислата за надраса-Ариевци, приказните за Третиот рајх, антисемитизмот и лапање на туѓи територии. Никакво жалење наспрема Германците како колектив околу ВСВ не смее да има. Злосторот нивен е гнасен и не смее да се заборави, а не па да се правда со тоа дека и тие биле терани и силувани. Ниту бројчано, ниту во нечовечност не го преминува нивното страдање, тоа на другата страна, а тоа кој и со каков нарав(за тотално уништување на источнославјанска/Ромска/Еврејска раса) го почна истото.
Се знаело правилото кога се влегувало во териториите на Третиот Рајх кои биле под сојузничка окупација - апсолутна внимателност и забранета било каква комуникација и социјализација со Германците.

А сега одеднаш швабите се жртвите, се` во име на одржување на добри пост-воени односи со новиот сојузник на американците во Студената Војна против Советскиот Сојуз.

Политика е едно, а историска вина и одговорност е друго, каква и да била бруталноста на советските воени и пост-воени злосторства, истата никогаш нема да ги амнестира швабите од нивната историска вина и одговорност за злосторствата против човештвото извршени на европско тло од 30 јануари 1933 до 9 мај 1945.
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

На врв Bottom